Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог за автомобил

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Kate89love, 19 април 2018.

  1. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2025-02-23-21-46-23-796_com.android.chrome.jpg Screenshot_2025-02-23-21-46-23-796_com.android.chrome.jpg
    Знам дека е стара, ама ептен ми фати око... За погоре Ц мах дека автоматик и ме предомисливте... Или птедложете нешто докај 7-7500...
     
  2. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    1.419
    136кс мотор од пежо,не е лош мотор,има доволно снага и нетроши многу но е скап за одржување. Делови за подвозје тешко се наоѓаат во мк. Мора со порачки од Словенија или Полска. Се води како теренец али не е баш да се форсира за низ планини.
    За таја сума на пари имаш Ауди А6 C6 3.0тди 2008
    Бмв Е60 530D 2008
    Опел астра ј 2.0cdti 2011
    Инсигниа 2.0
    Мазда 6 2.2
    Ако сте за SUV возило Шкода Јети 4х4 2.0 ви е одличен избор и во споредба со Куга,шкодилакот е поисплатлива варијанта пошто е поевтин за одржување од страна на мотор.
    Nissan Qashqai 2.0dci 150ks ви е добар избор.
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.203
    Пол:
    Машки
    Одлични се Кугите тие години, и тој мотор е добар, лесен за одржување и генерално нема скапи делови.

    Погледнете и Honda CRV 2.2 CDTI
    Suzuki Grand Vitara
    Toyota Rav4 ако најдете добра, обично се поскапи.

    Има за тие пари доста избор, па гледајте да не е увезено со помала километража. Тогаш актуелни беа Opel Antara, што е копија на Chevrolet, правена во Daewoo. Не е најдобар во класа, но ако пример се најде добар примерок со мали километри може да е подобар избор од на пример увезена со 400 000 вратени.
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    8.429
    Пол:
    Женски
    Па јас на темава. Само да прашам нешто.:D

    Ми искачаат на инстаграм страници кои продаваат коли на рати. Ваков профил е vozi.com_mk

    Што мислите за ова? Половна кола на рати? Земал ли некој?

    Или да земам стандард од reklama 5, pazar 3? Или кои други сајтови би ги препорачале?

    Стварно не ми треба којзнае што од кола. Дизел, до 77 кв и да вози најбитно.:?:
     
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    26.996
    Јас возам опел веќе одредено време и ми е супер. Лесна за одржување, супер и за гратска и меѓугратска. И правам мал сервис на 10.000км и досега никаков проблем не ми пројавила. Сега не е нај нај нова ни па џип. Ама не е ни некоја скапаница и за мене ми е супер. Ја зедов некаде 3.000 евра со регистрација и се ме фати 3500. Ми беше мисла да и ставам зимски гуми и и ставив ама и тоа не ме фати повеќе од 200-300 евра. Знам дека ти пишав цел реферат ама може ќе ти е од корист.
    Е сега, за страници за коли мене голем удел ми беше фб и групите за коли. Има купи-продај кола мислам. Нека пишат мажите, јас стварно не сум упатена за тоа моментално. Ама на фб има мн избор.
    Исто и мој совет е-најдобро е кога ќе ти се бендиса некоја кола да отидеш со некој што разбира коли или механичар пошто не знаеш какви мучки се прават со половни коли…
     
    На eliesaab и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  6. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    1.419
    на нотар правите договор за возило кое ќе се плаќа на рати на одреден временски период без камата. Уба работа е.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    8.429
    Пол:
    Женски
    Има ли услов? Ко на пример да си вработен?

    И како оди плаќањето? Од сметка ли?

    Проверени ли се коливе, без никаков дефект? Или ако се деси нешто со колата ја отплаќаш до крај сепак?:?:
     
  8. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    1.419
    Мора да сте вработени и ви треба потврда од последните 3 плати,тое како доказ дека можите да плаќате на рати.
    Можи да му плаќате преку сметка или на рака да му дадете пари али претежно плаќањето е преку сметка. Секој плац различно прават договори.
    Пример колата кошта 4000 евра,му плаќате 2000 на рака а останатите се на месечина рата по договор.
    Колите се проверени а тие што се над 10,000 евра даваат и гаранција некој месец. На поевтини возила доколку се деси некој дефект не одговараат пошто возилата не се нови. Мада никој неможи да гарантира дека нема да извади дефект. И на нови возила се дешава да излези проблем.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.620
    Допаѓања:
    173.509
    Лелеее
    Ауди 6 3.0
    Се убаво ама одржавка е олеле мајче
    Едно улје и филтери ти е мин 200е менување
    600е замаец
    450е компресор за климата
    100ампера акумуларот
    Гуми 215/55/17
    Ручната е електрична и често страда шепата 200е и таа
    И потрошња 17л градска
    Коа веќе препорачувате кола кажите и за таа кола одржавка колку чине дали може да ја одржава човек не е само да ја купиш
     
    На Stark и H.VAGA им се допаѓа ова.
  10. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    15.698
    Дечки ај помош,ми треба мислење за Сузуки витара или Сузуки с крос ако има/л некој искуство.Сакаме нова да купуваме.
    Што мислите што е подобро ,разлика? Вака нема некоја голема разлика освен во дизајнот,с кросот мене ми е поубав на изглед,ама поскап е малку а маж ми е за витарата,дека на подолг рок ако дојде ред да ја продаваме побрзо се продавала. Инаку ни е за фамилијарно возило со деца сме ,повеќе возиме за низ град и,но и надвор не е исклучок,значи да не е голем потрошувач за низ град.

    Или нешто друго да предложите за тие пари.Сопругот првично сакаше тојота корола седан основната верзија,ама се разочарал кога ја возеше тест вика не му се свиѓало дека брчел моторот,многу се слушал,за разлика од хибридот која рече е врв ама скапо ни е тоа веќе.
     
  11. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    1.419
    Ништо страшно. За Опел замаец е 1000 евра башка работна рака.
    Скоро за сите коли големите делови се скапи. За хјундај гетц од 2008 компресоро за клима 22000 денари ме кошташе нов. Али друго е да возиш кола со 6 цилиндри друго е да возиш киа или хјундаи.
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.620
    Допаѓања:
    173.509
    На Опелот да смениш уље и филтри колку те фака?
    Ја сеа на форд 100 е ме фака на Аудито три пати повеќе
    Потрошњата локал па да не ја лафиме 3.0 за скопје градска е ламја друже реално
     
  13. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    904
    Пол:
    Женски
    Да бе за се управо си,ама многу сакаат лукзузна кола ама после ко што спомна АЛИСА 200 евричи сервис промена на улје и филтер еднаш годишно без разлика колуку имаш поминато.Многу ствари се за,****чење,што и не е проблем ако можеш да си дозволиш,познавам могу и машки и женски што после ЦАЦКО им е крив кога реално кола е луксуз за просечен МАКЕДОНЕЦ,со овие плати и гратис инфлација.Е џабе нема- па после криви мајстори,држава,брендот не чини.Посебно се залетуваат тие што никогаш немале кола и првпат купуваат или одбиј им на младост.Ме ми е смешно ептен.
     
    На AAKG и quattro им се допаѓа ова.
  14. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Mislenje za nova toyota yaris hybrid?
     
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.975
    Допаѓања:
    7.244
    Пол:
    Машки
    Епа сега како сакаш ти, да возиш убава кола а да е ефтино одржувањето не може така. Не е само да се купи кола, треба и по неа да одиш.
    Ова шо го наброја ти е потрошен материјал и мора да се менува и одржува.
    Ауди е луксузна марка, премиум бренд. Не може со 50 евра да поминиш за сервис а да возиш луксузна марка.
    За Опел бензинец мал сервис е 60евра, за дизел 80, голем сервис за Опел бензинев е 150 а за дизел 200. Замаецот на дизелот со цена е тука негде.

    Ако не сакаш скапи сервиси нема да возиш луксузна кола. Имаш Рено, Дачиа, итн.
    Така е. Сакаат да возат луксузна кола а да е ефтина за одржување. Е така не бива. Затоа има секакви брендови и марки за сечиј џеб. Не само купија, треба и по неа да одиш после. Али битно бајо вози Порше, Мерцедес, Бмв, Ауди а скапо му е масло да смени и гориво да тури.

    Сузуки може ама само бензинец.

    Одлична.
     
    На AAKG и riba79 им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.620
    Допаѓања:
    173.509
    @quattro се е тоа ок
    Возев јас 3.0 А6 точно 5год
    Ама членкава од погоре не бараше луксуз колку шо памтам
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    1.419
    За вектра ц дизел овај пат ме фати поевтино, 6500 масло,маслен,воздушен и поленов филтер и 600 денари работна рака ми зедоја. Нафтенио на секој втор сервис го менувам на скоро сите коли. Предходниот сервис ме фати 9000 ама тогаш ставив карбонски филтри а и ништо посебно со нив па се вратив на класичен сервис. А за астра х 1.7 3500 се насе сосе работна рака. На хонда цивик 2.2цитд нецели 5000 денари ме кошта малиот сервис. Иначе увезвам и коли од Германија таму цените се изгор. За сеат алтеа 2012 1.4турбо бензинец масло филтри ми наплатија 130 евра а во мк кошта нецели 4500 денари. Мазда 3 2015 скај Актив зедовме за роднина 250 евра не фати сервисот. Додуша во овластен сервис ама шое скапо скапо е. Овде во мк можи да се најдат и поевтини делови за сите возила.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.620
    Допаѓања:
    173.509
    Може тука се поефтини ама маде ин чајна
    Се е шкарт делови реално
    Еден филтер за нафта не се погоди сите дефекни т е на 10 филтри еден бил со маана и баш тој мене па ај мењај пак
    Не е пронлем парите него малтертирањето и без кола си
    Мене сеа фордот со 5 5 л градска ми е смешка спрема а6 со 17л а сервисот е три пати поефтин а е сепак убава кола тивка фамилијарна
    Ние од холандија ја земавме
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    1.419
    Со здравје да се вози,убава среќата.
    Аудито 6 цицачи има,треба да ги нахрани некој :lol: Скапо возило е тоа али вожњата му е врв. А за деловите секогаш секаде мора да промаршат дел. Стално истото ми се дешава,со сообраќајната одам да земам делој пак не одговараат.
    Иначе кој модел на форд го имаш,фјужн или мондео.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    15.698
    Бензинец ќе биде секако,туку што е подобро витара или с крос?