Зависи што ви треба. Vitara е повеќе SUV, покомпактна и робусна, со повисоко растојание од земјата и 4x4 погон, што ја прави подобра за теренско возење. S-Cross, пак, е повеќе наменет за асфалт – има попремиум материјали, помодерен дизајн и поголем багажник. Нуди покомфорна и понежна вожња, особено во град и на автопат.
Што и да одберите нема да згрешите. Витара е повеќе нагласен оф-роудот за разлика од С-Крос ама и да нема разлика во дизајнот. Сузуки Џими е баш за Оф-роуд. Јас би одел на Витара.
Vaka nesto ? Suzuki vitara hybrid 4x4 130ks 2020. Mnogu uba voznja ima,avto pilot,avtomacko kocenje,senzori napred nazad.....Ima i novi 2024 vo srbija se 22,000 pocetna. Ovie 2020 vo mk odat po 15,000.
Може прашањево не е за тука, ама не знам каде да прашам. Купив половно возило и мајсторот што правеше мал/голем сервис вика, вака супер изгледа ама многу е кородирано од оздола, ама од тоа нема бегање. Дали е сериозна таа корозија? Можам ли нешто да направам за да спречам проблем од корозија? Немој да ми се распадне на сред возење. Срам ми е него да го прашам, тука не ми е срам.
Шокола е? Можи да е површинска корозија,таја неправи проблем и нормално е кај челичен трап да има корозија. Ако е скапана да се рони металот кај што лежат рамената тогаш е лошо. Праговите ако се скапани не е страшно се средуваат.
Не се секирај. Кај секоја кола доле кај подвозјето фаќа корозија. Метал е тоа, нормално е да фати корозија. Имаше некои средства за чистење корозија, ама не се замарај со тоа. Никој освен мајсторот не ти ја гледа колата одоздоле.
Ако е површна само како жолтило и р цврста конструкцијата,тогаш не е страшно. Ако е скапано и се рони тогаш не бива ништо.
Од секогаш сум ги сакала Мини Куперчињава, мало и слатко. MINI One so John Cooper Works oprema | Скопjе
Ве читам дека во Македонија е многу поевтино менување делови и слично на коливе, па да прашам. Маж ми има Ауди А4 Авант S-Line и полека размислуваме да го продадеме. Е сега, кога го купивме пред 5 години и беше под гаранција не приметивме за жал дека грачот на седиштето на возачот е многу слабо, фактички треба да се смени, а гаранцијата истече. Во Ауди (во Германија) ни побараа 1000 евра за тоа и некако не ни се даваат толку пари за греач, а не е ни скроз расипан. Нас не ни менува, не ни е ни потребен, затоа и не сме го смениле до сега, ама размислуваме да ја продаваме, а до сега е исклучиво во овластен сервис сервисирана и се и е таму менувано и е во одлична состојба и не сакаме поради греачот да изгубиме на цена. Постои ли кај нас можност за промена на тој греач и колку би коштало отприлика ако знае некој точно. Точниот модел на колата го пишав горе, не знам дали менува тоа за типот и цената на греачот.
Претпоставувам е Ауди а4 Б9 верзија. За да се замени греач треба цело седиште да се растури па после промената на греач наново да се претапацира а тоа ќе кошта. Или да барате половно цело седиште исто такво или да не спомнувате ништо кога ќе ја продавате дека греачот греј послабо.
Здраво друштво, Би сакала да добијам предлог за градска кола со автоматски менувач. Моментално разгледувам nissan note, toyota auris, Hyundai... Но немам познавање околу тоа колку се добри автоматските менувачи кај наведените... Инаку на старо би земала.
Корејските,јапонските,француските возила немаат добри автомацки мењачи. Едино добри мењачи се dsg и zf кај други марки на возила.Кај Нисан и хјундај се типтроник а кај toyota e mmt. Мануален мењач со автомацки кумплуг. Едино да бараш тојота со CVT мењач али тие се од 2011 година. Тој мењач скоро и не се расипува али малку е бучна кога се вози над 80-90km/h. Во мк незнам и дали има на огласи од Јапонски возила автоматик пошто претежно се увезуваат мануал кој никогаш немале проблем.
@quattro @AAKG благодарам за одговорите. А дали би ми предложиле и други модели, може и европски, битно ми е да имаат добар автоматски менувач. Не е дека барам исклучиво азиски.
Пасат B6 1.9тди дсг најдокажан автоматик. Со истиот автоматик се и Сеат Шкода,Ауди а,3 а4,фејтон,туарег,Поло... Алфа џулиета има солиден мењач зе-еф...,алфа мито,Опел инсигнија, Шевролет круз...
И, кога се купува кола на лице место, што е важно да се разгледа? Каков тест се прави на колата, треба ли автомеханичар да ја прегледа?