Не сум слушнал лошо за тој мотор, но кпга ќе го купуваш проверувај ги важните работи: -Дали мирно работи моторот -Кочница, гас, рикверц, кумплуг, менувач (не треба да има јак звук на менувачот) -Провери дали сите сериски броеви на стаклата се исти (доле десно или лево) -Да нема бел или црн чад од ауспухот -Да видиш под кола дали тече нешто (уље, вода) Тоа се главните работи.
Нема кола која не се расипува. Се зависи од одржувањето. Ако најдиш добар примерок и си ја одржуваш на време без проблем ќе бидеш. Сепак станува збор за кола стара 18години ама Мерцедес дели од другите, нуди поголем квалитет според искуства од сопственици. Кога ќе одиш да ја гледаш земи со себе некој шо се разбира од механика за да не купиш мачка во вреќа и нека обврни внимание на: Турбото, замаецот т.е мислам дека е обичен замаец сепак нека го провери, дизните, држачи на мотор и други скапи поправки. А класава со овај мотор нее голем потрошувач: 6.3 град, 4.1 отворено и 4.9 комбинирано..Овие се фабрички податоци. Исто не очекувај перфоманси пошто е слаб мотор. Ја би на твое место ако купувам доста старо возило би земал бензинец. Или би додал уште некој денар за Пежо 307 дизелче ќе најдиш добар примерок 2007-9. Сепак зависи се од желбите и можностите. За регистрација не се скапи. Знај дека мече сие мече иако А класа излегува само со преден погон (FWD).
Фала за советите, инаку дека ми е прва кола и се уште се учам да возам, па затоа гледам да е некоја поефтина.
Кога се купува кола се гледаат и можностите на купувачот. Мојот комшија има нов Мерцедес Џип, но има и пари да го одржува. Една гума за тој џип може да кошта 500 евра, деловите се скапи, потрошувачката голема, но човекот може да си го дозволи тоа.. Јас сакам ист таков џип, ама немам можности за него. Нормално сите ќе кажете можам кредит да земам или на лизинг да го исплаќам. Тоа е најлесно, ама не сум во можност да го одржувам, има и поголеми давачки. Ако ме праша некој може и скромен е тој мерцедес, може да посакам Ферари, Бугати.. Ама реално не можам да имам такво нешто, затоа возам Опел бидејќи тоа е максимум што можам моментално. Давачките се мали, потрошувачката на гориво е мала, деловите се ефтини дури и оригинални да се купува нови, а често наоѓам половни. А севкупно гледано не ми е лош автомобилот, не е најнов, 2013 е произведен, зачуван и солиден е, ми врши работа, мислам тоа е доволно. Не можам да се занесувам и да се фалам со мојата кола, а не ни сакам. Колата е потреба, не мора да е скапа и нова но нормално треба да е во добра состојба.
Јас од 1993 возам Мазда и за ни една цена нема да ја дадам и е по еколошка од дизел.или бензинец од 2007+, иако можам да си дозволам поново возило не најново до кај 2010+ година ама сее до желбата.
Мојот колега од факултет имаше таква кола. Нормална потрошувачка имаше, при нормална вожња. Велеше дека е економично автомобилче.
Ако мислиш на онај 1.6 ХДИ дизел мотор потрошувачката е следна: 6 град 4.3 отворено 4.9 комбинирано Развива 90којнски сили, 179км/ч маск. брзина и за регистрација се движи од 135 евра па нагоре. Ако стварно сакаш Пежо, моја препорака е да го видиш 308 пошто е со рафиниран мотор и потрошувачката муе уште помала. Кодна ознака: Peugeot 308 1.6 HDi-F ATED 4. 5.8 град 3.8 отворено 4.5 комбинирано 90кс развива и 182км/ч макс брзина.
307ца 2.0 има Атмосферски мотор без турбо. Можиш да ставиш и плин по желба шо префрла сам компјутерски ама да го погодат пошто е инџекшен моторот за да немаш проблеми после со плинот ако ставаш. 140коњи е моторот 10.7 град 6.0 отворено 7.7 комбинирано Ако ставиш плин, потрошувачката ќе биди поголема од оваа на бензинот. Ако е комбинирана 7.7 бензин, плин ќе биди 9-10. 205км/ч макс макс брзина. За квалитетот не можам да ти кажам многу, штом е атмосферец би требало да биди добар мотор пошто нема компликовани делови. Во Мк поќето Пежовци се дизелаши. Редовен сервис за да нема после главоболки! При купување, најмногу провериго подвозјето, особено траповите, вилушките т.е земи си со себе некој шо се разбира оти Французиве се понежни тука а патиштава наши не се баш најј. Колава нуди по мека вожња за разлика од другите.
Само бензинците можат да се направат на плин. Иначе бензинецот повеќе троши. А како количе тоа пежо е многу добро. Практично и лесно за возење е.