На која апликацијата се проверуваше шасијата? Знам еднаш пишувавте овде, ич не можам да се сетам. Некоја бесплатна да е.
Бесплатна речиси и да нема. Најверодостојна е carvertical (https://www.carvertical.com/) но се плаќа но највеќе нуди преглед на историјата на возилото од километри до сообраќајна незгоди и удари со записи и слики од ЕУ ако е увезена од ЕУ.
Едно ,,снажен" мотор што е... Слаб е моторот за волку голема кола. Барем 2.0. за да може камион да претица на автопат.
270 Nm на вртежен момент не е воопшто малце и слабо за возило тешко 1.290кг распоредени во 115 коњски сили со поддршка на турбо полнач кој од 0-100 достигнува за 10-11 секунди и максимална брзина од 185км/ч со просечна потрошувачка од 4.4 литри нафта. Не камион туку пет ќе престигни. Доволно моќен агрегат за возило од ваков тип. Пежо 3008 го носи истиов мотор и е авион.
Моја препорака за Range Rover Evoque .. Мало џипче.. Желба ми е долго време и ќе остане да ми биде желба.. Се имам возено и можам да кажам дека има одличен ентериер и удобна вожња
Мене ми треба количе за низ град, развозување дете, пазарење. Малку ми е тесен изборот со оглед на тоа што целам строго кон автоматски менувач но се надевам ќе најдам нешто. Сепак благодарам за препораката ❤️
Не можам да најдам тема за скутери па ќе пишам овде, ако има таква тема кажете. Што мислите дали е добро да се купи половна веспа? Vespa lx 50cc 2010 или нов hamachi ibiza?
Малце скапичок е за тоа што нуди, 50 кубика скутер е ништо повеќе ама вреди ради брендот, добар бренд е Хамачи. Убава бојата му е таа жолтата на него. А за скапичок, е да. Види нешто слично друго кинеско скутерче поефтино.
Фала. Решена сум или овој ќе го земам или веспа некоја половна, на изглед ми се пре кјут, а обичен скутер не сакам, не ми се допаѓаат баш на изглед.
Да, за хамачи не мислам на старо да ја земам, мислев за веспа некоја на старо да земам ако најдам сочувана.
Нови веспи по 70,000 денари има терат без проблем. Клајму ролни и цди,нов карбуратор,сечија свеќицата на врвот и возиш 75ка. За половна веспа не се даваат толку пари. Е сега ако барате марка тое веќе друг муабет.