Corsa Yes е како симболично издание на моделот со посебни физички карактеристики, посебно дизајнирана за посебен повод или причина како симболика за нешто да се издвојува од другите нивоа на опрема демек означуваат нешто некоја годишнина или број итн. Тоа ниво на опрема е дизајнирана каросеријата исклучиво во црвена боја, со контрастни црни легури на секаде на каросеријата, како црн покрив, ретровизори, посебно бандажи, спортска внатрешност со црвени нијанси на украси, итн. Демек сакаат да нагласат симболика за нешто па го издвојуваат тој пакет како "посебно-спортски". А Corsa GS е стандардното спортско издание на Corsa и значи Grand sport. Yes е симболично и еднаш на неколку години ќе понудат примерок таков за некоја посебна чест.
Нема разлика во моторите. Во сите изданија иста е палетата на мотори. Ќе истера, сега на денешницава сите се такви моторите малечки без разлика дали е хеч, седан или спортско корисно возило (SUV). Е сеа тој 1.2 е мотор на Пежо и е утка малце оти е безврска конструиран од инженерите, ребраст ремен ставиле во масло, пластика во масло, на која легенда му текна ова, не знам.. и башка погонското вратило е утка. Ама е пошто e нова, снажна е, не е претерано тешка, ете има турбина, не до Солун, до Египет ќе истера. До 150.000км нема да има гајле е за после никој не гарантира ништо. Пежо затоа си доби тужби.
Истиот е на цела гама, без разлика на моделот, и Астра го носи истиот мотор. Опел е во сопственост на Пежо. А Пежо направи утка со моторите, посебно бензинските, а го расипа и дизелот, новиот 1.5 дизел хди е проблематичен од 2019 до 2024. Корса, Астра, Крослeнд, Грандлeнд, Инсигниа, Пежо 208, Пежо 2008, Пежо 3008, Пежо 508 сите се исто, само различно име, едните се викаат Опел а другите Пежо а шефот е Пежо на цела Стелантис групација.
Razlikata edino ti e vo enterierot i podvozjeto. Ednata e so elektricni amortizeri a drugara masleni. Od ko vlegoja vo sorabotka so pezo,popara se motorite. Ako baras corsa baraj so 1.7cdti 125ks ili 131ks isuzu 2015 ili benzinec 1.4turbo 194ks. Imas mnogu pojke oprema i pozdravi se od novite. Ako baras nesto pogolemo,imas insignia 2022godina dizel 2.0cdti 170 i 174ks i benzinec 2.0turbo 260ks. Kaj insignia Ima i verzia so pomal motor 1.6cdti isuzu motor 136ks koj go vozi i astra K. Toj e zamenski za 1.7 samo so 1.6cdti malce go promarsija so lanceto.
Фокус 2013 е со 1.6 Хди дизел мотор од Пежо и овај мотор е еден од подобрите и најекономични мотори во автоиндустријата направени. Фокус исто носи 2.0 хди дизел од Пежо. До 2018 Пежо му позајмуваше дизел мотори на Форд .
Дел во Јапонија и дел во Мексико. Тие што се произведуваат во Јапонија бројот на шасија им почнува JMZ а тие во Мексико со 3M . Mazda CX-30 доаѓа и од Јапонија и од Мексико, зависи како ќе стаса, најчесто од Мексико идат последниве години. И Мазда 2 и Мазда 3 хеч исто. Ама нема разлика во квалитетот, исти се. Перфектни. Пример Тојота се произведува и во Турција и во Франција и Чешка и Пакистан и пак е најквалитетен бренд. Земјата на производство не е битна, битно е како е проектиран моделот од инженерите и дизајнерите а работниците во фабриките секаде се исти, пиштолот и штрафат. Има доста возила произведени и во Германија и Јапонија па не ги бивало за ништо за разлика од други земји еве турска Тојота која е пефектна или мексичка Мазда, чешки Хјундаи, словачка Киа, Порше, итн.
Му фалат уште два цилиндри на Маздата за да биди кола и слична на bmw али сеуште тешко до тој успех...Не се лоши али не се нај нај. 2.2 новиот Мазда мотор е покатастрофален за разлика од моторот 1.6 на Пежо. 1.6хди се покажа подобар него 2.2. 2016 година е Маздата,ентериерот нема квалитет,обична пластика с моторот на високи вртежи ем е бучен ем нема снага. Кога се вози со 5та или 6та брзина нема експлозивност а кај Хонда 2.2 моторот и со 10коња помалце има подобро забрзување. Кај овај модел ако излези проблем со дизни поарно продаја колата. Мазда само постарите модели 2.0 2.2 и 1.6 на Пежо.
Едино мана ќе има ако не се одржува. Тојота,Нисан,Хонда и Мицубиши бензинците се доста издржливи мотори. Немаат добри дизели али затоа бензинците се врв.
На мислење сме за Renault Captur бензинец нов. Да земаме ваков, или да мислиме на нешто слично алтернативно? Искуства? Препораки?
Гледам кола нова веќе неколку дена... Пукнав со бебево натаму-наваму низ салоните. Колата која ја возам сега е волво в40, и ќе си ја задржам... Љубовче ми е. Ама ми треба нешто со поголем багажник за надвор од град заради целиот дополнителен багаж со бебе, количка, корпа, често одење кај нашите и тн и тн. Кога ќе го напикаме волвото, нема игла каде да падне, и со тулето на кров сме ем. Немам конкретно желба дали СУВ, дали седан. Битно ми е да има багажник убав. Моментално се мислам меѓу: - Hyundai Tucson - Skoda Octavia - Skoda Karoq - Kia Ceed Sport Wagon - Toyota Corolla Sedan Hybrid (денес башјбев на тест возење, хибрид многу ми се допадна за низ град) - Kia Sportage (ама минус ми е дека багажникот е помал 520 л) Гледав и на старо некои до кај 25-30к, ама некако си викам ќе дадам плус уште некоја илјада и ќе си купам ново нешто со гаранција. Гледав XC60 Volvo, Tiguan 2020 и 2021, Мерцедес GLC 220 4Matic. Имате ли искуство со некои од горенаведеното? Како се имаат покажано, дали имаат чести дефекти, сервисирање дали е скапо. Мене на Волвото пред две недели голем сервис ме чинеше 40000 ден, на три години што е. Затоа и не сакам пак некоја повисока класа и на старо, ако има дефект или за сервис ќе одат повеќе пари.