А да погледните Skoda Superb Wagon? Чим не ви е битно дали СУВ, седан или караван. За простор колава е огромна. Од горе наведените, Skoda Octavia, Kia Ceed S wagon, Corolla Sedan, Skoda Karoq. СУВовите немаат голем багаџник како што се прикажува иако имаат голема каросерија подигната на "стероиди". Иначе сите овие се добри набројаваниве, секако пошто се нови, и немаат посебни мани. А мал/голем сервис пак ќе ве чини доста скапо без разлика што се нови, плус мора да ги правите во овластени сервиси заради гаранцијата. Масло, филтри, пумпи, ремени, мора да се менуваат на една година малиот и на 3-4 големиот. Volvo е луксузен бренд затоа е скап сервисот исто како и за другите луксузни брендови како германското трио или јапонски Лексус, корејски Џенесис, итн. зошто не се регуларни сериски брендови. И сервисот мора да се прави ако сакаш колата да те служи, е сеа скапи се.. Ефтин сервис, земаш половна Тојота Јарис бензин и мал сервис е 60еур а голем речиси и да нема.
Бензинци се сите, дизел баш и не се нудат нови. Skoda Octavia има огромен багажник, 600 л. Тамански е. Поголем багажник мислам дека ќе ни биде повеќе од доволен, и подолги се колите. И Tucson има 600 л, многу е добар багажникот иако е СУВ. Киа Вагонот има 620 л, а е караван. Така да можеш да замислиш багажниците колкави се. Иако од надвор не изгледаат големи воопшто ни на Хјундаито, ни на Шкодата. Тојотата корола седан има 470 л... Помал е. И минус е што не се првата како петта врата, со се стакло. Туку само се подога вратата од багажникот, и потесен е отворот. И тој дел ме нервира многу. Инаку предобра вожња има хибридот. Ремен и водна пумпа инаку спаѓаат мислам во голем сервис на три години или на 60000 км.
600 на Тусон и 600 на Октавиа или Киа во функционалност и практичност не е исто. Тие 600 во Тусон се коцка и можност да ставаш само надолу а за да распоредиш по должина мора да спуштиш седишта зошто СУВовски багажник не е ист како во Октавиата или Киата кој е поиздолжен а Тусот има коцкест. Едино долг багажник СУВ е Шкода Кодиак или ФауВе Туарег. Корола има помал багажник да, плус не е со петта врата ама пример количка за дете ќе си ставиш раат внатре ќе ја собери а во Тусон мора седишта да спуштиш пример сеа хипотетички зборувам а може ќе ја собери не знам колкави се количките баш неам деца, зошто ти е 600 ти се како коцка ради конструкцијата на каросеријата таков тип на возило е. Водна пумпа, каиши, се дел од големиот сервис и мора да се прави гопемиот на секој 3-5 години или 50-60.000км.
Ако може некој мислење да ми каже и за Opel Crossland 2022, половна со 60 000км извозени, не можам да најдам ценовник на нови и општо околу спецификациите бидејќи не се разбирам, оваа ја нудат од 15 000 евра на 12 500, демек на попуст. Возам мала кола и сега сакав да сменам на нешто поголемо, не знам дали ми е добра опција или да почекам уште некоја година за подобра
Не ја бива. Опел е дел од Пежо, истата моторизација, платформи носат заедно. И бензинските мотори се катострофални и дизелите, пишував поназад во темава. Единствено произведена од средината на 2024 поправени им се некои мани и поголеми болки.
Што кола би препорачале со бензински мотор во ценовен ранг од 6-7000 евра, само да не е мала градска.
Било кои, сите се без грешка и Тојота, Хонда, Сузуки, Мазда, Нисан, Хјундаи, Киа исто. Атмосферски мотори без турбо само.
Немам посоодветна тема за прашањево. Синоќа ми се појави ова и не знам што да направам. Сабајле ја запалив океј беше, нема никаков проблем ни па промена, а овоа стое си…
Индикатор Check Engine за проверка на мотор. Може да се појави од многу причини, пример од филтрите за рецуркулација на издувни гасови како ДПФ и ЕГР или пак има софтверска грешка која од себе ќе се појави па мора да се избриши или некој сензор поврзамсп инсталацијата е прегорен или трето постои некаков механички проблем. Дур не се стави на компјутер и да се дијагностигира нема да знаеш точно што е проблемот.
znae li nekoj hyundai venue dali ja ima vo salon? ne mi izleguva vo modeli na grand auto, a gledam ima ponovi modeli na net, mi treba slicen model so bas taa dolzina max 4metri ogranicena sum so mesto
Би требало да ја има, прашај во Гранд Ауто. Ако ја нема на лагер ќе мора да ти ја порачаат и бидејќи не се произведува во Европа туку во матична Јужна Кореја ќе мора да чекаш подолго за испорака.
Дпф мислам го извадоа кај мене и сега ич не се појавува. Ме насамари мајсторот јас како,неук,ми,наплати и стариот дел не ми го врати а верувам дека е барем2 илјади.
Првин прајш дијагностика на компјутер да ја проверат. Ако,е поврзано нешто со гасовите , а веројатно тоа е, ќе ти речат да стават нов таков дел, ама да не му се нафаќаш оти само работна рака е 50 80 евра и плус делот нов е 250 300. Барем за мојата толку,беше Астра 2007.. Друга алтернатива е да го извадат и нема никогаш да ти јавува на екран ова. Значи најверојатно не ја возиш брзо и затајување назад на некој начин и треба да се чисти. И ако го извадиш обавезно да си побараш делот.
Каков вид на тест е најдобар за проверка на возило при купување и која е цената. каде се прави тој тест.