1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог за автомобил

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Kate89love, 19 април 2018.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    8.412
    Пол:
    Машки
    По правило ДПФ (дизел партикулар филтер) е потрошен материјал и според производителите истиот треба да се замени кога ќе му дојди денот исто како за се друго на колата.
    Е сеа тој нов ДПФ е доста скап, приближно 1000 евра во зависност од брендот и моделот на колата, луксузна кола и преку 1000 евра е.

    Од таа причина шо е толку скап а и не исплатлив, луѓето се решаваат на чистење ама баш чистење и тоа кошта некаде околу 100еур или пак вадење за век и веков и софтверско гаснење. Ако се извади колата ќе се "прероди" и ќе диши слободно, е малце повеќе ќе чади ама нема гајле.

    Колата може да работи и без тоа, ќе и се продолжи и животниот век дури. Едноставно овај ДПФ-от е измислена глупост од овие екологистиве во ЕУ кои му наложуваат на производителите да исполнат некакви си евро стандарди за да се "чува природата" т.е да не се "загадува" демек и затоа е и ставен тој дпф и егр и катализатор и сите останати глупости кои само му штетат на возилото заради "чување на природата" едноставно ко носевме маски во короната е исто така е и овај дпф-от и егр и сите останати. Убаво замислиле, убава идеја ама штетна највеќе за колата а и не ја чува ниту природата толку како шо и велат тие.

    Сепак, вадењето дпф колку и да е добро за колата, меѓутоа од правен аспект е лошо, додуша уште не се затегнати така техничките кај нас, па се пуштаат возила и со изваден дпф, ама во Европска држава пример Швајцарија, Германија, Холандија, колата ти се смета за технички не исправна и не ти ја регистрираат и со тоа не можиш ни да ја возиш зошто не ти ја регистираат. Кај нас уште не дошло до тоа иако на хартија постои и треба да не пуштаат али тоа е.

    Во секој случај, пошто е скап нов, најдобро е да не се вади туку да се исчисти професионално ако е запушен и затнат и да се избриши грешката во ECU контролната единица (моторниот компјутер) заради пропишаните правни норми за технички преглед, иначе е најдобро е да се извади секако ама утре ако им текни да затегнат нема да ви ги пуштаат на технички нема да може да ги регистрирате, а иначе најубо е да нема дпф али тоа е шта чеш.. затоа купувајте бензин кола ама не од овие новите оти и нив им ставија вакво и го крстија OPF / GPF (Otto Particular Filter / Gasoline P. F) можда трошат повеќе бензинците ама помалце главоболки имаат и поефтино одржувањето е, а пак на овие новите дизели им ставија и по два ДПФ и катализатор, дупло, ако сега Астрата ти има еден ДПФ замисли да имаш уште еден. Ужас

    @GirlRose не мора да значи дека Check Engine ти свети заради нешто поврзано со издувните гасови како дпф или егр, ова е една од можните причини ама може да свети и за друго, додека не ја ставиш на дијагностика нема да знаеш од шо ти свети.

    Во технички преглед. И механички да ја прегледаат и ако свети некој индикатор на контролната (шалт) табла ќе ја стават на дијагностика да видат.
     
    Последна измена: 21 март 2025
    На H.VAGA, Billy Idol и Stark им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.298
    Допаѓања:
    21.448
    Пол:
    Машки
    @quattro фала ти на долгиот и исцрпен одговор, ама кај нас барем пп нејќат да чистат и ти вели нов или да го извајме и нормално го извадов.
     
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    8.412
    Пол:
    Машки
    Епа тоа е, нејќат да работат механичариве наши, само парите да ти ги земат, полесно им е брусалицата и сечи и да ти завари обична цевка и да го угаси софтверски, за 1 саат готови се или пак да ти стави нов, два штрафа ќе одврти ќе го ресетира компјутерот и ќе ти речи дај 200 евра сеа или 150.

    Возија така сеа, на колата и е продолжен векот ќе диши слободно исто ко да не носиш маска, е сеа ако некош затегнат и ти речат на технички нешто, тоа е, до тогаш вози. А во Србија ги затегнале контролите дури од пред 3 години, ако немаш една исправна прскалка за шофершајбна не ги пуштаат а не пак без дпф..
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Martina991

    Martina991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Технички преглед не е за регистрација на коли?
    Каде го прават тоа во ск.
    само тоа?све би кажало? Што дефекти може тоа да детектира.
    Пример купувам кола и каде ја носам за најдобро приверување.
     
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    8.412
    Пол:
    Машки
    Технички преглед се мисли на проверка на возилото дали е технички исправно. Може да изврши секој а тие на технички ги проверуваат да видат дали ти е исправна колата за да ти ја регистрираат. А исто и тие можат да ти направат преглед, не мора да ја регистрираш само преглед си плаќаш за да ти кажат што и фали или пак во некој друг сервис/механичар.

    А дијагностиката покажува се доколку има некаков проблем софтверски па и механички, најчесто поврзано со електрониката.
     
    На Martina991 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Martina991

    Martina991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    O ва све може да си платам таму каде што ја регистрирам колава за да ја проверат таа кола?
    И дали е добро да се однеси во овластен сервис?
     
  7. Sweetymk

    Sweetymk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2024
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Машки
    MK Auto Ekspertiz
    Тика прават комплет проверка
     
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    8.412
    Пол:
    Машки
    Можеш и таму и во овластен сервис и во било кој друг сервис. Фактички тие технички преглед најчесто вршат и сервис услуги.
     
  9. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми кажете мислење, тие што се разбирате во коли. Се мислам за mini cooper 1.6 бензинец, 140 000км поминато, колата е купена нова од бмв македонија во 2009. Цената е 5000 евра
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    8.412
    Пол:
    Машки
    Моторот е на Пежо. Во глобала солидно количе (моторот), не е перфектно ама океј е. Ланецот главна мана и на тој 1.6 бензин Принц Пежо и на 2.0 дизел N47 БМВ моторот. Најдобро е да го земиш со 1.6 Хди дизел со Пежо мотор, тој моторот 1.6 Хди дизел е најдобар во Мини Купер.
     
    На Billy Idol и Paula123 им се допаѓа ова.
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.578
    Допаѓања:
    9.264
    Има во Гранд Ауто изложено возило, претходна недела бев.

    Инаку се почастив со нов Hyundai Tucson на крај. :D Нема една недела, ја возев и на отворено и во град, многу ми се допаѓа. :D Најтопла препорака кој бара некој таков модел на кола. Ми дадоа убав попуст, и од секаде каде што гледав комбинација опрема/цена некако најисплатливо ми се виде.
     
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.381
    Пол:
    Машки
    • Не испраќајте повеќе мислења едно по друго
    Ќе си почекаме бајаги.

    Совет од мене: Ако имаш или можеш да најдеш некој мајстор за кочи да дојде со трбе кога ќе купуваш кола. Најубаво така ќе се види колата од лице што се разбира.

    Ако не можеш да најдеш таков човек, тогаш најди некој што се разбира од коли.

    Иначе на технички ти ја проверуваат колата и по прљвило, ако има дефект, нема да смеат да ти ја поминат на технички преглед, но многу од техничките прегледи во Мк прогледуваат низ прсти, за да земат пари.
     
    На light <3 и Alex.T им се допаѓа ова.
  13. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    5.540
    Со здравје да се вози. И јас го меркам, и спортажот многу ми се допаѓа, но излага голема разлика во цена. Кој модел го зема и за која цена ако не е проблем да кажеш?
     
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.578
    Допаѓања:
    9.264
    Го гледав и спортажот. На тест возењето, Хјундаито повеќе ми се допадна. И поголем багажник има.

    Инаку Хјундаи Тусон зедов, 1.6 Т, автоматик премиум опрема, бензин. Точно 33000 евра.
     
    На Antebellum, Billy Idol, ALISA0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. BobyPetar

    BobyPetar Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    Со здравје да си го возиш, си направила вистински избор. Хјундаи е одлично возило за цената.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.371
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Аааа, со здравје да се вози, женска. Убав избор. Кога зимавме нова кола, го гледавме и ние. Често го гледам и низ град.:D
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.578
    Допаѓања:
    9.264
    Тенкјууу. :inlove:
    Да, ептен се продавани, често може да се видат. :D Ама стварно се супер. Топ на изглед и функционален, цената е добра и 7 години мирна глава со гаранцијата. :D
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.371
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    И до 8 години старост не плаќаш технички.:D
     
    На H.VAGA и LadyR им се допаѓа ова.
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.578
    Допаѓања:
    9.264
    Хахах и тоа плус, го заборавив. :D
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    Со здравје да се вози и долго да ве служи. Па следен пат да го смените со Санта Фе :mm:
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.