Затоа што европските производители изминатите неколку декади беа насочени технолошки и ги унапредуваа, усовршуваа исклучиво само дизел агрегатите и едноставно Отто (бензинските) агрегати ги изоставија и имаа само по еден во понудата на палети на мотори. Европа највеќе се докажа со софистицираните дизелски мотори, станаа доста квалитетни и побарувачката беше огромна се додека не се промени политиката. Второ, начинот на конструкција е далеку полош и начинот на дизајнирање на моторите исто. Европските производители моментално се соочуваат со технолошки проблеми. Европските коли имаат специфични, комплицирани, дизајни на мотори само за да ги задоволат Евро стандардите за издувни гасови и потрошувачка па со тоа моторите ги преправија од 4 цилиндрични во 3 цилиндрични, им ја смалија кубикажата и сета моќ на моторот ја оставија на турбо полначот. Потоа се штеди доста на квалитет за да ги пополнат загубите. Проблеми со ланци, проблеми со клипови, проблеми со дихтунг глава, итн. Огромни проблеми. А некои па ставија и ребраст каиш во масло (каков генијализам ) Едноставно, кратко речено, лошо дизајнирани мотори дури и со фабрички мани, комплицирано дизајнирани и лош квалитет. А за дизелите, нема збор. Ама Отто моторите им се слаба страна. За разлика од азијските производители, тие немаат па добар дизел мотор, ретки се, но бензинските мотори се безсмртни. Едноставни мотори, повеќето атмосферци, проверена технологија, и пали вози. На нив нема ништо комплицирано. Ауди А6 со бензински мотор ќе ве служи да, но се додека не се појават главоболките а се доста скапи за да се излечат.. Ауди А6 само ТДИ дизел. И општо, европска кола само дизел.
@quattro Што ќе кажеш за Suzuki Swift? Почетник сум и сакам некоја мала кола за почеток. Оваа ми фати око.
Дизелот не гасни толку да, ама е повеќе комплициран мотор, поскап за одржување, едино позитвно е тоа што троши помалце. И плус во Сфит дизелот е Фиат мотор. А ако земите Сузуки бензин, верувај дека на мајстор ќе заборавите. Ништо комплицирано нема. Годишно даваш само 50-60 евра за масло и филтри и тоа е тоа.
Затоа што многу не ги знаат моторите и незнат дека постојат многу други бензиски мотори за кој не ни слушнале а камоли да возат ама затоа гугл е тука и се знаат. Има добри бензиски мотори ама коштат пари. Пример 3.2 6 цилиндри 211коња гси мотор кај Опел. 2.8турбо 280кс опц 6 цилиндри 2.0гси мотор ден денес нема возило шо ќе се рамни со него. Ауди а4 1.8турбо AVJ мотор 600,000км вртат без проблем иту на плин. Кола со 1.0 1.1 мотор било која марка то не е кола. Мада моторот не ја прај колата. Мотор ко мотор,прајш ремонт и тераш ама ако падни каросериски толку од неа
Ти би возел V6 бензински мотор секојдневно? Исплатливо ќе ти е? Моторот на Опел 3.2 е ок, ама овде станува збор за секојдневна вожња. Значи од 1.5 макс до 2.0 мотор ти е потребен. Е ај кажи ми кој мотор е добар од Европа од тие кубикажи? Еден нема, еден. Или ланци пукаат или дихтунзи или клипњачи пропаѓаат. Тој 1.8 ТФСИ е добар но колку беше во експлотација? Скоро ич. Пежо 208 1.2 е дејли кар, поужасен мотор нема, или 1.0 Голф..
Јас како почетник си зедов Пежо 308 1.6 дизел 2009 година и засега ми е супер, можеби е маалку поголемо отколку би преферирала но и на автошкола возев поголема кола. Малку троши и нема никаква маана од технички аспект. Досега одлично се покажува.
1.4 TSI и 1.2 TSI после 2013 се подобри. Голф Mk7, Polo Mk6, Seat, Skoda од тие години се океј избор. И дизелот гасни. Не можеш да тргнеш сaмо со кумплуг како на европските возила. Го имавме истото Сузуки во фамилија, 1.3 дизел од Пунто мотор. Добар мотор, без големи проблеми, економичен, лесен за одржување. Се додека не почнеш да имаш проблеми со егр вентил, со дпф филтер како кај сите дизелаши, посебно од тие години. Го продадовме поради сплет на околности. Ама ако ме прашуваш лично, би ти препорачал исто бензин. Возев 1.2 од поновите модели, и многу е подруга самата вожња. И ќе ги немаш овие главоболки.
За таа сума џип тешко. Едино Сузуки Витара или некоја ид кинескиве. Дека нема еден месец од кога гледавме коли, за таа сума мене ми се допаѓа: - Тојота Корола Седан (од 21000 еу нагоре се) - Во Шкода - Струмица имаш Шкода Октавија 2025, рачен менувач - 24000 евра. Колата е да ја грабнеш и да бегаш. Само јас сакав автоматик. Ако ти се даваат плус уште 3-4 к, имаш Форд Куга.
Што е се разликува голф плус од останатите? Пребарував на нет, демек бил само повисок и не е хечбек позади. А цената му е пониска релативно вака на старо што гледам огласи.
Голф Плус е категорија на моноволумен не е хечбек, исто подвозје, иста моторизација, само повеке волумен и комфорт. Во реалност не губиш ништо, освем изглед надворешен ако тоа ти е битно.
Не. И да има, таа не треба да ја купиш. За тие пари може да биде само тешка старундија од 20+ години со еден куп фалинки. Ем ќе дадеш многу повеќе за да ја средиш ем никогаш не може да биде сигурна.
Ние имаме Peugeot стар 10 години дизел и 7 години стар Цитроен Ц3. И двете се супер коли. Цитроен вие во ценовен ранг. Имаат еден C4X кој е баш интересен до сумата што ја наведе (ни го нудеа сега кога купувавме нова кола ама на крај купивме поголем Џип). Peugeot може да имаат 2008 до таа цена. Јас лично сум презадоволна од Француските коли и од Корејските коли. Видете Хјундаи можеби може и Кона за тие пари да добиете.
Потежок е за 100кг,поголем багажен простор,малку поразличен ентериер. Моторите 1.9 се исти освен 2.0 кај плус моделот има верзија и со 143кс. 1.9тди смрт нема.
Се е исто само што има каросерија слична на моноволумен т.е комбе кола. Да. Мерцедес е синоним за добра кола, дури се издвојува од останатите зошто си е посебна класа на автомобил. Мерцедес е татко на сите автомобили, првиот создаден автомобил е тој. Е сега станува збор за премиум луксузен бренд и така да одржувањето и одењето по него е доста скапичко, не е само да се купи колата.