Шевролет веќе не се продава во Европа, ја напушти Европа. Па така и сервисните мрежи веќе се и укинати а достапноста на делови е потешка. Ако мислиш Chevy Cruze тој модел е базиран и идентичен на Опел пошто Џенерал Моторс беше сопственик на Опел и речиси дели иста платформа со Вектра и мотор, бензинската верзија е добра. А Малибу не е достапен во Европа воопшто ниту бил а Шевролет ни како бренд не е присутен во Европа веќе. Ако е од увоз и прв пат се регистрира во Македонија, мора документите од технички да ги однесеш во МВР а тие да извршат безбедносни проверки да го проверат возилото и ако е се во ред, за една недела таблиците и сообраќајната ќе ти бидат готови и истите ќе си ги земеш од МВР. А ако е на македонски табли и ако е одјавена одма ќе ти наместат таблици на технички.
Аха, значи од таму не ми даваат пробни таблици да возам додека не биде готово? И уште прашање, јас добив и хомологација кога ја земав, со тоа не може да ми издадат истиот ден или нема врска едно со друго тоа
Не може истиот ден зошто колата ти е од увоз од странска земја. Документите од технички преглед и хомологација што ти ја дале ги носиш во МВР. МВР врши проверки дали возилото е крадено во таа земја од каде што е увезено, дали со тоа возило се има извршено убиство, дали учествувало во други криминални дејствија, и ако е се во ред МВР ќе го пријави во системот и ќе ти изготви таблици и сообраќајна дозвола, можеш да ја возиш колата само кога ќе ги земеш таблиците од МВР. Ти можеш да возиш на пробни табли кои се вадат од технички преглед и важат неколку дена но со нив не смееш да возиш други патници туку само ти се додека ти важат пробните до земање на оригиналните таблици. Истиот ден таблици местат на технички само кога колата е купена во Македонија од друг град и е одјавена од македонските табли од тој град за да се пријави на твојот град. Од увоз од странска земја, се чека една недела и се земаат од МВР.