T-ROC е Голф на "стероиди" . Истата платформа од Голф само во изведба на SUV - спортско корисно возило или "џип".
Дали Volkswagen polo е добар избор? Видов такво 1.2 TSI, 102 или 105 коњски сили мислам дека беше, 2012 година.
Катастрофаа!!! Пукаат ланци невидено.. Проблеми колку сакаш. Од 2014 нагоре гледај ако сакаш бензин Фолксваген.
И да има ДПФ филтер може да се извади. Е сега кошта ама подобро дади 200-300е извади го отколку да направи проблем со колата( не ме прашувај од каде знам )
Гадна работа е тој дпф филтерот. И ЕГР исто. Затоа само бензин атмосферец, но и новиве имаат и тие, ОПФ - Отто Партикулар филтер
Не се скапи, проблеми никакви. Е негативно е тоа шо троши ко тенк а градска кола, од 8 до 10л на 100км, евентуално 7 ако спуштиш итоа тешко.
Со оглед на тоа дека многу ретко се расипуваат речиси никогаш, сем редовен сервис ке немаш дополнителни трошоци. Но пожелно е доколку се одлучиш да купиш да направиш веднаш голем сервис
Мотор смрт нема. Само пази на каросерија назад на заден трап и праг. Кренетеа обавезно на дигалка да се види под пластики по состојба е. Друго немаш проблем
Знам дека темава не е за ова но сепак да прашам можеби некој знае да одговори. Ми треба информација дали сеуште може да се возат возила на БГ табли низ државата ако имаш БГ документи? Знам дека пред некоја година се заотрија мерките и почнаа да прават проблем ако ја возиш повише од 6 месеци. Ми треба за некои 2-3 години додека соберам уште некој денар за да ја царинам на македонски табли.