6 месеци можиш да возиш на бг табли во мк и после 6 месеци треба колата да е во бг. Ако имаш државјанство бугарско и имаш живеено во бг тогаш ќе можиш да ја возиш стално на бг а за регистрација ќе мора во бг.
Здраво на сите, во план сум да ја сменам постоечката кола со некоја друга. Вчера гледав две коли: Сеат Леон 1.6 тди 77kw facelift copa и Хјундаи 1.6 Некој да каже мислење за колите. Увозни коли се и двете се со сервисна книшка.
Фала за инфо, мене повеќе ми прави кејф Леонот, не дека Хундаиото е лошо. Ама сите и различно кажуваат, па во глава ми се прави хаос. Зборат за 1.6 моторот дека откажуваат најчесто дизните, истиот мотор на голф 6 го има и леонот. Кога се купува половно се е мачка во вреќа.
1.6 сите шо се 90 и 105кс се со лошо дизни. Лошото е што не се поправаат,мора нови. Има и ред други проблеми како проблем со потрошња на масло,Сименс маслена пумпа која прај проблем...После класика кај vw бравите на вратите,казанче за паарно ... Кај хјундајто немаш ниту еден проблем од горе наведените. Башка хјундај 1.6дизелот има 90кс и 116кс. Едина мана е казанчето каде што стој маслениот филтер. Тоа се менува ако почни да капи масло. Други мани нема. Размислете си разгледајте и други возила. Добра варијанта ви е и Астра Ја 1.7 исузу 131кс. Платформа на Сеат Леон.
Ова се што го кажа, на голф 4 имаше поправки, казанче, брави, централното кога фаќаше, кога не. Зошто татко ми има голф 4 и се уби од фрлање пари. Хундаито е послабо од леонот, реално и тоа ми се допадна, дизел е, 2012 година. Претежно викаат дека бензинците се покажувале подобро од дизелот и наводно брзо скапувале. Читај ги и другите мислења, добивам впечаток дека си реален и имаш разбирање за колите. Имам два леона видено, нешто што приметив е дека собираат вода кај моторот.
Корозија фаќаат сите од групацијата на Volkswagen. Сите корејски возила и јапонските фаќаат корозија. Не како порано но се среќава доста често но не е страшно,се средува барем сега се работи со доста подобра заштита. Додека сме кај голф,Сеат,Шкода,Пассат,Б6,Б7 ЦЦ,Ауди,Артеон, сите имаат мака со бравите се до 2020. Кај сеатот напред под бришачите кај пластиката фактички одма под шофершајбната тука има мали каналчиња за вода. Често се бери ѓубре и водата останува тука и има шанса да навлезе внатре преку вентилацијата. Решение е од време на време да се чисти. Ако сакаш сеат Леон МК2 ,барај со поновиот мотор 2.0тди 170кс 2011 копа едитион или постарата генерација МК2 до 2009 1.9тди 105кс. Ако гледаш Сеат Леон серија МК3 едино да земеш со 2.0 150кс. Тие се малце поскапи или следна варијанта Голф 7 1.6тди 116кс. Е тој 1.6 нема маани ниту проблеми и цената е тука негде со сеатот. Кај хјундајто имаш уште една варијанта на мотор 2.0црди 140кс свис едитион 2010-2012. Тие се појаки мотори и се на ребраст кајш. За одржување се многу евтини. Бензиските мотори им се добри но на бензин само. На плин можи да направи детонација од плинот пошто се мултипоинт и да стопи клип. Алуминиумски клипови носат. За на плин не се баш баш а за на бензин нема смрт и нема подобар мотор. Поновите верзии како и40 веќе ги прават со Gdi мотор со директно вбризгување така што плин е многу тешко да се стави. И дизелските мотори на хјундај се добри пошто се нивни мотори. Киа циид 1.6 116кс ти е исто така добра. Сепак јас да би бирал кола дизел до 2012 би зел Хјундаи со 2.0 дизел или Киа циид 1.6дизел.
1.9TiD имаш 120кс и 150кс. Тие мотори се исти како кај Вектра ц фејслифт. Фактички конструкција на Фијат но деловите се малце различни и кај Опел и кај Сааб. Имаш и варијанта 1.9TTiD 180кс. тој е битурбо со една мала и една голема турбина. Истиот мотор го носи и ланчија само кај неа е 194кс. Овие мотори се комонраил. Сите се со Ф40 мењач. Имаш и варијанта 2.2TiD 122кс истиот мотор го носи и Опел Омега Б фактички фејслифт со комонраил мотор а имаш и верзија со истиот мотор али бош пумпа. Тој е DTi. 120 и 150 ти се добри али треба да се пази на мењачот пошто страда на конусните лагери и јавува луфта. Ако на додавање и одземање на туража игра рачката од мењачот не е добро. На шалтерот нема држач да не те лажи некој доколку има проблем кога ќе ја пробуваш колата. Кај 150кс имаш клапни на усисна грана кој се проблем и мора да се извадат механички и софтверски да се гаснат. Полуосовините кај 120кс страдаат и често брзо паѓаат. Десната најчесто кај нутот јавува луфта. Електроника одлична. Звучна изолација,комоција,снага, удобност на ниво. Багаж огромен. Таја кола е доста тешка има преку 1600кг . Задниот трап е алуминиум и тежината на колата е распределена на 50:50. Таја кола е фактички Вектра ц. Имаат се исто само дизајнот различен. Дали вреди, да. Ако имаш пари да ја одржуваш да.
Се мислиме да купиме кола од салон, дилемата е меѓу Toyota Corolla Sedan и Cherry Tiggo 4 Pro Мислење?
И двете се одлични. Тојота е поскапа, а Шери за парите нуди повеќе. Ја би ти рекол земи си Шери Тиго и ќе возиш урбан СУВ (џипче) ќе бидеш во мода а и моторот е одличен. Тојота е со 3 цилиндри послаб.
2.8 е опц мотор. Едина мана слабо ладење на 6 тиот цилиндар. Со мењач немаат мака тој е јапонски мењач. Вреди да се земи само ќе ти треба плин пошо на бензин си јади 15 литри во град.
мислење за фиат пунто ево 1.4 бензин 2013?би се користело како второ возило до работа и дома.дали вреди да се земи околу 4000 евра е цената
Температурата оди до 98-105. Сите мотори трпат висока температура Али то е фабрички така. Нема гајле. Само да не оди над 110. Турбото како кај сите возила е исто. Ко ќе падни се репарира и тое.
Mislenje, ama ne za model na kola, za zastita na nova kola. Nova kola poracana, PPF folija, da ili ne, i dali vo MK ima sto mestat ubavo i nekoja pokvalitetna folija.
Секоја нова кола од салон е најдобар избор. @Jan098 Заштитна фолија кошта колку и фарбање 600-1200 евра.