Завршната обработка им е предобра. Моторите се најчесто преработени јапонски Mitsubishi и од General Motors.
Оксидација на жиците од влага. Немаш стоп светло назад и пошто ти губи контакт на сијалицата од трепкачот и затоа ти трепка брзо трепкачот.
И таа е предобра. Тешки врати, квалитетни, како некогаш германските возила што беа. И звукот при затворање е многу луксузеен. Нема корозии, не фаќаат, мит е тоа.
Citiray е добар ама и поскап за тоа што нуди. Цената им е повисока ради тоа шо Geely е приватен бренд и е газда на Volvo а зад џинот DongFeng стои државата Кина. И двата се добри кој и да го одбериш.
Најди огласи на reklama5.mk или pazar3.mk, во филтри избери си тие шо сакаш огласи да ти ги прикажува.
Forthing T5 Evo бидна на крај. Готово, капарисан е. Инаку сите луда ме прогласија што давам толку пари за кинеска кола
Со здравје да си го возиш Премоќно изгледа и предобар докажан Mitsubishi мотор. Не не, ти е се луди што даваат стотици иљади евра за европска кола а од опрема ќе добијаат пепељара Не е толку скап за она се што нуди колава, а нуди многууу опрема и ќе имаш чувство како да возиш вселенски брод а не кола
Фала ти, да се враќа Cityray го возев прво, супер ми беше. Па Mage го возев, ама не ми се допадна некако вожњата. И кога го вратив, го видов ова Т5 Evo и се заљубив на прв поглед. Го возев и него после и тоа беше тоа, го капарисав.
T5 Forthing има многу моќен дизајнерски изглед и личи како некое Ламборгини Урус, и интериерот е изгледа премоќно со тие спортски детали. Вожњата е така по спортска, затоа и ти се допаднал повеќе. Mage е повеќе по средна класа повеќе бизнис класа за разлика од Т5 кој е спортски ориентиран. Одличен избор во секој случај, ѕвер