Ќе прашам овие што полираат, ама по се ми изгледа дека ќе треба да фарбам нова кола затоа што длабока е гребаницата, не е површинска. Фала ти за советот.
Jeep без погон на сите 4 тркала и под 180кс не е jeep. Дфск за во град ти е ок. Да го форсираш на оф роад или по угорници за то не е. 1.5 ќе ти биди малце слаб пошто е малце габаритен во големина. Разгледај го и dong feng shine 1.5Т 194кс нуди многу поќе и снага и опрема.
Само тој дел шо е оштетен ќе се исфарба,немора цела врата. После цела врата се полира. Само со полир нема да се покрие чим е со длабнатина
Е шо предлог да ти дајме коа ни буџет ни која година да бидеш немаш наведено, треба да кажиш па така.
C220 170ks до 2009 OM650 мотор Е220 177 до 2009 со иста ознака на мотор Имаш и amg E300,320,350... Од поновите модели А200 2014-15 ти се добри и носат свој мерцедес мотор. Ако сакаш нешто од истата класа со рено мотор А180cdi...
Што би предложиле за буџет од 7.000 до максимум 8.000 евра? Едно време бевме загреани за Renault Captur, ама се откажавме од идејата бидејќи наводно не е добар за долги релации. Ни треба нешто за долги релации, по можност со помала потрошувачка. Од естетика ни се допаѓаат теренци или лимузини во стилот на Mazda 6.
Земајте Mazda 6. Евентуално друго опција Toyota Corolla. Од европските Renault ама со 1.5 дци дизел мотор или Пежо 1.6 хди дизел.
Astra J 1.7cdti dtr isuzu 131кс од 2013 нагоре Hyundai i30 Swis edition 2.0Crdi 140кс 2010-2012 Mazda 6 само ако е стариот мотор 2.0D 140кс или 1.8i 120кс. Од 2013 Скај актив дизелот и бензинецот се катастрофа. Прегрева и мотор во кофа. Nissan qashqai 1.5dci мотор одличен а и вожња солидна Peugeot 308 1.6Hdi ти е добар избор Honda accord 2.2D 140-150кс За мала потрошувачка хјундаи дизелот 2.0 и опелот 1.7 исузу
Кој мотор беше проблематичен кај Пежо 3008, на што да се внимава кај половните 3008ци, од 2017/18 до кај 2022? Исто и за Мазда ЦХ-5, мислење за дизел?
Пежо 1.2 Пур Тех бензин е канта ради каиш во масло. Од 2024 со ланец е подобар. Пежо 1.5 дизел до крајот на 2023 имаат проблем со 7мм ланец и брегастата. Од 2024 имаат подебел ланец 8мм и моторот е преправен и е солиден добар. Мазда CX-5 е супер но гледај да биди бензин. Ако земаш дизел гледај да е 10000% одржуван редовно и со историја сервисна, пошто ако не е одржувана тој мотор може да биде многу гаден.
Пежо сите мотори од 2012 нагоре се ѓубре. 1.6хди 2.0хди без адбли се ок. Натаму се е леле мајко. Мазда само бензин 1.8 основниот модел смрт нема. Скајактив дали бензин или дизел исто срање.