За 8 бона Hyundai i40 1.7crdi 136коња итоа 2014-15 Hyundai i30 2010-2014 Kia ceed 2010-2014-15 Opel astra J 1.7cdti isuzu од 2013 нагоре за 8000 ќе земеш 2015. Seat ibiza 1.6 tdi 2014 tie se so podobriot motor na 1.6 Bmw F20 таја серија се добри,ни голема ни мала. Корејските дизели се солидни.
Ајде познавачи да видам коментар за колава дали е за почетник? Citroen C3 2018 , бензин/плин 60 KW/82 ks, цена 6000 еур
Јас сакам голф,мислам дека тешко дека ке ме убедат за друга кола. Е сега јас би и 5 ама мм сака 6. Никогаш не сум за луксуз туку само за да не служи. Предлог нешто на што да се обрни внимание е и што е разликата што на некои голфови има ознака гоал . Што би ми предложиле.
Ознака гоал е опрема. Тие се со греачи на седишта,паркинг сензори назад се имаш и ГТ верзија од голф 5 тие се со спорт браници и фарови и богата опрема. Кај голф 5 и 6 треба да се запази лимаријата пошто скапува кај бетомени,прагој,багаж....Кај голф 6 важно е да се провери багажот каде што стој резервната гума дали има влага пошто често пушта вода од кај штоповите и вентилацијата. Од страна на мотор кај голф 6 да се избегнува дизел 1.6тди 90 и 105кс,2.0тди 184кс,1.4тси 143кс,1.2тси 105кс... Мотор за препорака дизел 2.0тди 110кс,140кс и 170кс. 110кс и 140кс се скроз исти мотори,се е исто само разликата е во компјутер и мењачите. 110кс е со 5 брзини и фиксен замаец а 140кс е со 6 брзини менувач и ваеијабилен замаец. Истиот мотор 2.0тди 170кс е исто така доста добар. Кај голф 5 дизел 1.9тди 90 и 105кс се добри но треба да се избегнува моторот со ознака BKC. Од дизел кај голф 5 избегавај 2.0тди 140кс од 2004 до 2006,2.0тди 170кс сите верзии избегавај од 2004 до 2008. Бензинци кај голф 5 1.4тси 122кс е добар.
Прочитај малку и ке видиш дека цитроени имаат топ бензинци, особено оние малине ц1 и ц3 од 2010 и дс1 2015. Доста е евтино за таа година. Да не случајно е на БГ таблици?
Citroen C1 носи Тојота мотор, всушност C1 беше Toyota Aygo само со Цитроен/Пежо лого. Имаа заедничка фабрика во Чешка, сегае потполно во сопственост на Тојота.
Точно. Ц3 каков мотор носи? И пак е топ кола. За таа година и таа цена. Факе е дека не сите модели се добри; ама да тврдиш дека цел еден бренд со модели и модели не чини, нема логика. Плус имаш и цена и година како два битни фактори. Дури и ист модел, пример пежо 3007 со 1.5 и 2.0 се тотално различни автомобили. Првиот е проблем, вториот е топ автомобил.
Има добри мотори Пежо/Цитроен. Посебно дизелот 1.6 им беше закон. Сестра ми има Пежо бензин 1.4 исто добро моторче е, мало ама снажно, малце побучно ама супер е. Пежо е добра кола, само редовен сервис. А утка им беше новиот 1.2 Пур Тех со каиш во масло и тој 1.5 дизелот со 7мм ланец на брегаста, порано имаа проблем и со електрониката, иначе ,другото им е ок.
Се ми е јасно, гледам и тебе ти е јасно. Ако погледнеш горе ке видиш дека членот напишал дека француз бензинец ни без пари да не зема. Што не е воопшто точно. Затоа и цитирав.
Хахах, повеќето имаат таков мајндсет дека на балканот општо француските коли не чинат туку само германски, може од лично преференци го напишал хејтот Пример ја преферирам јапонски и само такви би возел, друг германски, трет француски, итн. А во суштина, истите добавувачи на делови како Bosch, Valeo, Siemens испорачуваат делови и за Пежо и за Ауди Во глобала, французите се покажаа највеќе со 1.6 Хди од Пежо и 1.5 К9К на Рено, истиот што одеше и во Мерцедес мотор.
1.6хди добар? Пријателе,си читал на чат џиџи биџи ама не си научил ништо. Еден мотор на хди 90кс беше добар. Поновиот blue hdi е ѓубре невидено. Не ги лажи луѓето да купуваат отпадок. Имам пежо 2017 120кс bluehdi катастрофа мотор е. Тие коли мора да имаат дпф,нема софтвер за нив ако дојди да гасниш дпф. Мора да ти прават софтвер рачно и знајш кога однеа кола ќе биди? Ко ќе стани умрен. Дизни катастрофа,пластична усисна грана со гумени тефлони на Дизни,бакарни неможи да се ставаат. Кога ќе почни да багира дисплејот ој пушти паарно. Не се прај мајстор преку чат џибити што си прочитал а со возел цел живот две коли.
Па сите дизели имаат дпф, кај ќе најдиш кола без дпф денеска? Пежо ХДИ моторите ги ставаше и Форд, прогласени беа за најекономични дизели. Пежо направи грешка со Ад блу пумпата само и со новиот 1.5 дизел шо има 7мм ланец. Патем, нели ти на времето ги хејташе и јапонците, као се распаѓале, зарибувале, па праќаше и слики тука, сега па ги испофали, исто едно време и Фиат со 1.9 и Опел ги фалеше, шо се случи? Или слабо ти се продаваат? Каков џипити мешаш жити господ.. Да речиш дека Пежо не е кола туку само Голф, Фиат, нз.. и Фиат е сеа Пежо. Пластична усисна грана имаше и Мазда и Тојота од Денсо, никогаш проблем немале
Ги хејтав јапонците пошто имаја лоша лимарија. Новите генерации посебно овие од 2014 нагоре се далеку подобрени. Не ги сакам ради дизајнот внатре али мотор имаат одличен. . Опел поќе не сакам да го видам со очи. Како ги имаат исчуручено тоа чудо. Старите тераја до негде .... Дпф кај psa е направен да трпи многу км ама закочва адд блу пумпата и без него неможи да регенерира а нова нема никаде ниту надвор од Мк. За тие пари можат членките да си купат мицубиши Ланчер или хонда акорд,рено клио оние со 1.5дци 90коња ги отепаја од возење. Ама пежо го напраја ужасиа овие поновите. Вожња,удобност се тоа ок,ама останатото голем минус.