о Kia е дел од Hyundai групација што значи целосно го користи инжинерингот од Hyundai. Kia е сосема одличен автомобил, со новите генерации имаат доста напреднато во дизајнот и изгледааш баш cool и младешки заедно со Hyundai наспроти она што беа претходно пред 10-20 и повеќе години. Брендот е квалификуван како доста квалитетен и е меѓу топ 10 најквалитетни брендови, така да пофални зборови. Околу мотор, и Otto и Diesel агрегатите се одлични, јас би ти препорачал Otto (бензински) мотор со оглед на тоа што е помалце комплициран за разлика од Dieselот и покрај тоа што новиве бензински мотори сe downsizing и турбо полнач.. Бензинец за младинец, дава живост и надеш, врелааа крв е тоа бензинот Корејците напаѓаат !! Среќно и да ни се пофалиш со новото корејче со закосени очиња!
Ако мислиш на новата генерација на Тојота Корола, сосема одличен младечки и семеен автомобил. Има комфорна и стабилна вожња. Ако го земаш Хечбекот во понуда е 1.2 турбо 115 којнскиот мотор и хибрид верзиите 1.8 и 2.0. Ако во игра е седанот т.е лимузината во понуда го имаат 1.6 атмосферскиот и хибридните погоре. Седанот е произведен во Турција а Хечбекот и Караванот во Англија. Кој мотор да го одбереш нема да згрешиш, одлично се штеловани бензинските агрегатите башка Тојота нуди гаранција и од 10 години на батериите за хибридните верзии. Мондеото е една класа погоре од Королата секако ако го земаш нов па и претходната генерација е една класа погоре. Одличен семеен и бизнис автомобил, турбо дизелите се од Пежо додека Еко Буст бензинските агрегати од самиот Форд. Мондеото е "по луксузен" за разлика од Корол ата. Има по тврда вожња и по цврста каросериска и шасиска градба. Новата генерација е одлична ама Форд најави дека наскоро ќе го повлечат од Европа моделот поради слаба продажба. Факт: Тојота Корола е најпродаван автомобил во светот на сите времиња. Факт 2: Toyota is most reliable car brand многу години со ред. Забелешка за Тојота: Единствена мана кај Тојота е слабиот лим, некако е пренежна во лимарискиот состав, затворањето на вратите и ред други работи како пластики го немаат онај "wow" осет, додуша оваа новата е перфект, се попраиле механиката и електрониката се најдоверливи за разлика од другите брендови. Забелешка за Форд: Фордот го има онај "wow" ефект пошто е класа погоре. Но не се совршени во поглед на механиката и електрониката обично дизелот, како и сите дизели имаат свои проблеми а тие бензинците му треба време да се покажат како порано. Ако го земаш НОВ 2021 тогаш во наредни 250.300.000км или 10 години немаш проблем со ништо пошто убаво си кажал Хенри Форд: "Најдобрата и најубава кола е НОВА". Мое мислење: Ако веќе вложуваш повеќе, земи си го Мондеото како класа погоре или Королата ама со поголема опрема или пак види ја Toyota Camry која е во класа со Мондеото. Да сум на твое место, јас би одел на Королата со оглед дека станува збор за јапонски и најквалитетен бренд и би ги занемарил "тие ситни" мани околу каросеријата. Шо и да земиш, гледај да биде БЕНЗИН, пошто тоа дава надеш кај нас младите Ако одиш на дизел, погледни ги понудите на Порше Скопје околу Volkswagen групацијата. Германците се махери за дизел.
Ништо лично, преубаво и детално одговорено, само додека читав се чувствував како да го гледам Авто Магазин со Крумислав Барзов
Ти благодарам Тоа мие хоби и реално колку што имам читано за авто индустријата толку немам прочитано на факсов Сакам на секој да му помогнам што го интересира во автомобилскиот свет. Иначе Авто магазин (Барзов) секоја недела и јаc го гледам, со Автоплус беа најдобри емисии.
Ни едната ни другата. Форд сеуште е со слаба каросериа и склона кон корозија. Освен форд фјужн за амерички пазар али тој е изгор. Тојота носи пластифицирана шасија и многу слаба опрема и слаб квалитет на ентериер. Ако сте за купување на ново возило од продавница, видетеги новите опел корса, шкода фабиа, рено клио. Далеку подобра опрема и подобар квалитет. Во врска со хибрид возилата, сузуки витара 2021 проблеми имат со централното заклучување, фабрична мана. Хонда засега е број 1 на пазарот во хибрид возила. И нудат добра цена.
Заврши ерата на корозијата. Од 2006 сите брендови или се поцинковани или имаат висок хемиски состав против корозија. Си седнал ли во Тојота особено нова + хибрид? Како тоа "пластифицирана шасија"? Зарем подвозјето, суспензијата и оските се пластични или мислиш на пластифицирана каросерија како онаа на Трабант пред 80 години? Ако мислиш за каросеријата, кај сите само браниците се пластични и кај нeкои крилата, другиот дел од каросеријата од лим а шасијата најчесто челик/лим. Фабиа, Клио, Корса ги споредуваш со Корола и Мондео? wtf.. Фабиа и Клио не се ни во допирна точна со Королата а не пак Мондеото, Фабиа и Клио се Б сегмент. Corolla може да се спореди со Octavia.. Mondeo со Superb . Fabia, Corsa, Clio со Yaris Иначе Тојота е најискусен и најдокажан бренд во Хибрид ерата, Хонда касни.
Пластични подкрила, пластични прагови, брсниците се мешавина на гума и пластика за да нема пукање при промена на надворешни температури. Подвозјето е најобично, нема алуминиумски трап а веќе 2021 сме. Се склопува во Турција а има и фабрики во Индонезија во кој исти фабрики работат и за фиат. Шкода во пакетот нуди матрих светла, трозонски климатроник, 16ки бандажи петокрака, кожен ентериер, дигитална шал табла со навигација. Кај тојота и форд иста цена добиваме обични фарови, обична клима, платнени седишта и мотор од 1.2 90кс. Додека сме кај хонда, хонда моторите се накдокажни засега посебно 1.5турбо со 180кс која е изработена целосно во Јапонија а не како тојота во Турција. Зато и цените се тие. Хонда за 10,000евра нема. Иначе форд носи мотор од цитроен и пежо. Фактички Tdci е HDI мотор.
Грешка си. Honda Civic Sedan за Европски пазар се произведува во Турција а Хечбекот се до оваа година се произведуваше и во Англија, поради брегзит ја затворија фабриката и се очекува производството да се сели или во САД или во матична Јапонија. И немора да значи дека поради странското производство, ниска цена. Civic произведен во Англија во Макпетрол има почетна цена од 24.000 евра. Нее важно кај се произведува возилото оти и едните и другите се работници, важна е лиценцата и компонентите што се инсталираат во возилото.. Сите Азиски брендови (корејски и јапонски) 98% се произведуваат во Европа за европски пазар, 1% во Азија и 1% во САД и сл. Инаку, сите коли имаат пластични подкрила и крила, кај некој потврди кај некој помеки. Новата Корола а и претходно нема пластично подвозје, има одлична торзија и ја впива секоја дупка и нерамнина и не се осеќа ништо. Тојота и другите Азијци од секогаш нуделе повеќе опрема без разлика на цената додека кај Volkswagen групација (вклучувајки ја и Skoda) тоа дополнително се плаќало. Очигледно некое повисоко ниво на опрема спомнуваш кај Fabia која ќе изнесе 20.000 евра а сепак добиваш кола од Б сегмент наместо за 20к да земеш од Ц сегмент и плус 80% да ја има таа опрема од Фабита.
Што мислите за кола марка Фиат? Ми се допаѓаат ептен овие Фиат Пунто Гранде, ама не знам дали се лесни за возење, се наоѓаат ли лесно делови, брзо ли се расипуваат?
Па мислам 1.3 или 1.4. Сакам средна кола, ни многу мала ни гломазна. И да не е некој бесен буџет Овие што ги гледам се 2006та, 2007ма година
1.3 е дизел, а 1.4 е бензин. Пиши кој поконретно, која година е и до колку буџет и дали само Фиат тие во план за да можам подетално да ти објаснам.
Се едитирав за година. Марка не ми е битна само да не се расипува секоја недела и некои скапи делови. Нормално е да се расипе додуша, и каква ми се погоди, ама сепак... За година не ми е битна, ама ако е пред 2004та некако не... Буџет ептен ми е макс 3.500, повеќе стварно не можам.
Шо убаво ми се најде темава , моментално сакам да сменам кола т.е барам , но сеуште не знам шо сакам па така ќе си ве читам, ќе собирам инфо