Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог за автомобил

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Kate89love, 19 април 2018.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Најмногу зависи како е одржувано возилото но сепак и не се некој големи зими во Македонија. Но факт е дека по одреден период т.е колку има километри поминати и колку е постаро им се намалува векот на греачите и системот за вбризгување гориво вклучително и дизните и така се создава потешко палење на ладно време. Сепак, јас преферирам бензин бидеќи е доста далеку по некомплициран од дизелот а со тоа носи и поефтино одржување. Новиве генерации на бензински мотори дојдоа речи си на исто ниво со дизелот но сепак не се толку масни како дизел агрегатите. Предноста на дизел агрегатите е тоа шо работат на висок број вртежен момент.
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.579
    Ама збориме за кола на старо :) кога ќе бара некој на ново тогаш ќе разврзуваме полемики.

    За до 3500, што беше и мојот буџет, факт е дека не може да земеш идеално возило, ама солидно ќе врши работа. Па следната од салон 8)

    Едит: не знам дали си почетник, ама обавезно мануелен не автоматик, ако тргнеш со автоматик никогаш нема да се испраксираш на мануелен менувач.
    Тука има предност дизелот исто, полесен е за возење од бензин за нови шофери без многу искуство.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    114.771
    Пол:
    Женски
    Ајде сега помош.
    За нова кола Fiat panda или Mitcubishi spase star
     
    На senjorita-v, felisitas, Lemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    Јарис муабетот..
    3500 не е туку околу 4000е последен пат кога се јавив пред 3-4месеца баш прашував за пријателка.
    Околу 120 000км поминати со 1.3 мотор без плин. За цената секогаш можеш да преговараш, збориме за втора генерација на Јарис.
    Колата беше од прв газда оставена старо за ново.


    Апсурд е да платиш замена на ламела со варијабилен замаец 700е за Корса дизел 1.3 90коњи ако не е и поскапо.
    Друго Дизни, турбо се тоа се скапи кварови а реално возиш 90коња.


    Не ме сваќајте погрешно тој мотор е одличен и радо би го возел но искрено не би го препорачал.


    Ако би одел на дизел за тие пари:

    - Мазда 3 1.6хди мислам дека е топ варијанта одлично лежи на пат и по комотна е.
    - Mожда Фиат Браво или Фиат Гранде Пунто со 1.9 120кс,
    - Vw не би купувал за тие пари затоа што мислам дека тешко ќе најдеш сочуван.
    -

    За бензин веќе кажав погоре што мислам.

    Најдобра половна кола е таа што е редовно одржувана, но секако и факторот каков бил првичниот квалитет доста значи.


    Што и да купуваш обавезно на сервис да се провери, на канал и на компјутер.

    Види какви се гумите исто дали ќе може да се вози со нив или ќе треба нови.

    Немам концентрација веќе да пишувам на работа сум ме полудеа.

    Се читаме подоцна.
     
  5. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    И двете се многу убави, Фиат Панда 4х4 приоритет.

    Мицката е исто убава, баш градско количе.

    Види која ти лежи повеќе и кажи со кој мотор гледаш?
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.579
    @Dudo Не препорачав, само кажав со што сум немала проблем на дизел мотор. Ниту со замаец, ламела, дизни.

    Зошто би и требале над 90коња? Реално помоќна кола, поголема потрошувачка, поскапа регистрација, а зошто кога е за градско возење и кратки релации? Во мк највисока дозволена брзина е 130 на автопат. 1.3 без проблем вози 140км/ч.

    Цените се поскапени и од пред 3-4 месеца. Кола возена од мк газда не е нешто подобра од увоз, особено гледајќи ги луѓето околу мене како купуваат половно буквално се од делови. Кој каква му е среќата, важно да е безбедно и да не вадиш позајмици за квар. Затоа близок механичар се консултира.
     
    На Dudo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    114.771
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Значи јас уствари 5 години сум сњ лажел дека возам бензинец, тоа дизел било, затоа само 7 потрошувачка вадело...
     
  9. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.388
    Дизел непали под компресија како прво а како второ дизел возило пали греач на - 11.
    Ако пали под компресија, ојде усисот.
    Башка корса Ц 1.3cdti 75кс неноси варијабилен замаец туку носи фиксен.
    Корса Д 1.3 90кс носи двомссен.
    Мазда носи HDI мотор на пежо.
    @asdas кој бензинец троши 7 литри :rofl:
    Еве возам и лупо 1.0 3 клипа испод 8.5 град непаѓа. 940кг е тешко.
    Нов сет за опел, фиат, сеат, голф LUK е 24,000-32,000..Али кја бензинец ако немениш замаец ќе мениш ланче,пак исто ти иди. Значи пак и кја бензинец имаш трошок. Иди едно чоече во сервисот и вели, абе тропа нешто кај мењач, отворање внатре попара. Ама бензинец е тоа, не се рссипува 2014-03-05-13-13-35.jpg
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    114.771
    Пол:
    Женски
    @AAKG
    Не постои кола што не се расипува. Јас не знам зашто толку силење. Кој сака како сака нека си вози.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    Секој си чита како му одговара, секој си гледа како му се гледа.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.388
    Сакам да му докажам на членовите дека бензинците не се нешто подобри од дизелот. Еве на плацот имаме повеќе бензинци но шо да ви кажам, сите се со мани али кога ќе дојди купувач мораме да кажиме одлични се. Сепак затоа е и страницава, да се споделат сите врсти на мани, кварови, придобивки пошто тие 3500 евра не се берат така лесно па некој да купи возило и само да вложува.
     
  13. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Факт е дека дизел моторите се по коплицирани, особено од 2000- до ден денес. Од 2003/04 дизелите имаат и dpf филтер а сега и новите бензинци имаат слично такво OPF Filter од 2018/19, дпф филтер јавува проблем после 150-200.000км. Околу 2012- почната е имплантација на два катализатори. Volkswagen 1.6 ТДИ прва интеракција имаат проблем со Siemens дизните. После 200.000км доаѓа и замема на на варијабилниот замаец шо е потрошен материјал а цел сет кошта околу 700 евра, после 200.000 под ризик е и турбо полначот.

    Не, незнам зошто ме убедуваш дека во секој случај дека дизелот е подобар од бензинот, дизелот се врти до 5000 обртаи а бензинот до 7800 обртаи, единствено дизелот работи само на висок вртежен момент и ништо друго, без турбо и без варијабилен замаец кој ја складира кинетичката енергија, дизел мотор ќе биде обичен трактор. Не сум почетник па да возам автоматик или дизел мануелец оти послабо гаснело и бла бла, гасни послабо оти работи на висок вртежен момент. Си возам мануелец бензин, јапонски автомобил со жик Made in Japan а не EU и никаков скап проблем до сега освен редовно сервисирање масло и филтри.

    Тоа шо си немала проблем со замаецот зависи како го возиш возилото дали возиш агресивно или eco и зависи колку има поминато километража а можи е да е променет замаецот од претходниот газда и затоа немаш проблем.

    Дизел мотор - смесата се запалува под висок притисок. Кога ќе влезе во комората за согорување со помош на дизни за вбризгување гориво. Дополнително, се вклучуваат и греачите, кој го загреваат горивото до потребната температура за да се зададе удар на работа.
    Смесата се запалува од силна компресија. Слабата компресија доведува до слаб ефект врз палењето на моторот. Бидејќи секој процес на компресија е придружен со ослободување на топлинска енергија, смесата не се загрева доволно и не може да се запали добро за да се зададе работен удар. Ако автомобилот е со голема километража, компресијата паѓа со абење на ѕидовите на цилиндерите и изгорените прстени. Секој клип има три прстени. Две за компресија, еден за масло.

    Ланец на Тојота или друг азиец бензин се менува на 300.000км а имаше случаи на Тојота дизел прв пат ланец сменет на 500.000км, а на Volkswagen и другиве европјани на 150.000-200. Јапонците користат проверена технологија и моторите и трансмисијата ги прават до СОВРШЕНСТВО.




    https://youtu.be/nnel5DSPuew (линк пошто неможи прикачување повеќе од 5 клипчиња)

    Honda Civic k20 200кс атмосферец и 1.8 140кс атмосферец


    Mitsubishi Space Star.

    Секоја кола се расипува а и секоја кола бара редовно сервисирање.

    Henry Ford: The best car is new car.
     
    Последна измена: 18 февруари 2022
    На cresa-jagoda и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Епа ваљда е до тебе што не знаеш да го возиш економично. И 6,7 ми има извадено градска мене азијатчето.
     
    На AAKG и quattro им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    26.960
    Јас возам моментално дизел, а имаме и бензинец. Дизелот ни е во гаража, а бензинецот надвор. На минусите дизелот палеше без проблем, а бензинецот не сакаше.
    Мене ми е полесен малку дизелот, ама тоа е лична преференца. И летоска ми беше доста економичен. За мојот случај подобро ми е дизел пошто не ми треба за брзина, туку центар- дома 90% од времето.
     
    На simoncelicius и Noemi им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.579
    Боже колку ка напнавте ситуацијата дизел вс бензин како една кола за цел живот да земате. Порано или покасно се се расипува, подобро вози нешто по ќеф и што можеш да си дозволиш отколку само заради тоа што е мејд ин не знам кај си. И јас сакам порше ама 17л бензин на 100 треба да ги изгладувам :rofl:

    @GirlRose Купи си што ти прави ќеф и ти е во буџет, ама барај да ја провериш кај твој мајстор.
    Другото се нијанси. Ќе си земеш помош на пат или повикај пријател, што и да се деси се оправа, битно да е безбедно и да си возиш по правила. Е сеа ако имаш лоши комшии земи си нешто што 'рже не се држе, чисто да им ржиш под прозор :D
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.388
    Ако е 1.4Тurbo бензин или атмосверец големо Да.
    Ако е 1.2 бензин не ти препорачувам поради проблемите околу мотор.
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Ако исклучам старт-стоп опција, има ли можност пак некад да се уклучи?

    можда е глупо прашањево, али ме интересира :whew:
     
  19. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.388
    Можи.
    Се враќа старата мапа на моторен компјутер.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Машки
    Дизел моторите обично се поцврсти во споредба со бензинските мотори затоа што мораат да издржат поголеми стапки на компресија, што значи дека имаат подобра долговечност.