[СДК] Сакам да кажам... ^Уфф не сум сама, јас го гледав пред малку и си замислувам како Петко режира вакво нешто, па дури Петко+Најубава=ЉУБОВ , има да му се изнасмеам и да го оставам зошто станал помодарец и ептен се искомерцијализирал. „Фала љубави на трудот, али не, нема да се омажам за тебе, жал ми е.“ Компромис куќа гради, а не романтики на плоштад. Тоа сакав да кажам. Пардон, пардон јас сакам на бимот да пишува „Петко и Најубава во срцето два, го бараат бројот 32“.
[СДК] Сакам да кажам... Aбе сето ова е убаво, ама да не било потоа вака искомецијализирано, да го видела девојката, да си честитале и толку- а вака со клипови и публикување на сите портали се губи првичната цел, зошто го правел тоа, за неа, или да видат колку е тој романтичен? Симптоматично. Тоа ми го расипува впечатокот, а сум за романтика, во секој случај, ама ваква изнасилена и вештачка, не.
[СДК] Сакам да кажам... Видеово не да ме стопиииии не да ми ја отвори романтичната страна , не да ме натера дека стварно постои Љубов и квалитетни машки .... ме расплака http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... fQGWa9zjc#! Нека им е со среќа И сакам вакви машки почесто да се наоѓаат . баш си одговараат сонциња Абе луѓе пак е нешто , пак е сторено нешто сепак ... мене баш ми е мило вака
[СДК] Сакам да кажам... http://ilike.mk/scena/video/subcategory ... rosuvanje/ Спојлер Ова видео дефинитивно ќе ви ја врати вербата во љубовта. Главни актери во оваа љубовна приказна се Александар и Еми. Погледнете ја реакцијата на девојката, и замислете си како би реагирале ако ви се случи вакво нешто вам? Сепак станува збор за чин кој ќе се памети цел живот, а Еми без сомнение ќе го памети. Храбро, смело, романтично! Браво Александар! И дечко ми се вика Александар а јас Еми Како се погодивме,бтв и јас сакам вака Уште еден доказ дека љубовта постои
Па тоа и мене ми е муабетот, романтика да, сакам, ама за мене романтика е интимна ствар а не момент кој ќе го делам со илјадници луѓе знајни и незнајни. Петко вика дека ми поминал возот за романтично запросување, ама пак и кога би се десило сакам да биде интимно и искрено.
Мене ми е ок запросувањето, и иако има видео нека си чуваат за себе да се присеќаат, не мора цела јавност да го гледа. Ајде сега јас кога ќе се мажам и свадбата ќе си ја објавам на интернет па нека гледа целиот народ. Значи не ми се допаѓа што видеото го споделиле со „сите“. Друго што не ми се допадна е блиските околу нив и пола од видеото честитање и на крај кога се бакнуваат возрасната жена ги нуди со благо и им виси буквално на глава ги чека да престанат . Браво за храброста да, но тоа што клипот го има на сите сајтови ми е некако фалење.
Според мене ПАТЕТИКИ! Знам дека многу ќе ме осудуваат за мојов коментар ама јас така размислувам. Незнам зашто девојката плаче само? Незнам зашто девојкава глуми изненаденост? Многу ми е лигаво. Инаку не сум и љубоморна на девојкава ако понатаму следат такви коментари
^^ Па стварно е изненадувачко,и што има врска оти плаче?Тогаш проработуваат емоциите,сваќаш дека од тој момент не си веќе девојка туку жена.Нема да бидиш секој ден со своите родители,туку ќе си имаш свои деца!Не гледам ништо лигаво тука.
Во врска со плачењето, јас верувам дека не е тоа од лигавење и аздис, туку како што рече и Ammy.Lee тогаш вероватно проработуваат емоциите. И јас така си велев зошто толку плачки и припотресувања за нешто толку убаво и на некој начин оцекувано, ама сепак тоа било посилно од тебе бидејки во моментот кога мене мм ми побара за жена 15 минути ми требаа да се смирам па да можам да му одговорам. Плачев од срека...
Браво за чинов браво за креативноста и храброста, јас се расплакав што гледав, а не па мене да ми се деси вакво нешто 10-15мин нема да можам да се смирам како сум емотивна за вакви моменти
Незнам зошто има да се коментира толку многу во врска со клипот и начинот на кој е изведен предлогот за брак. Секој со свој вкус, за некој патетично, за некој лигавење, друг ќе каже, волшебно, браво за дечкото, храбро, прекрасно и сл.... Пишете си го Вашиот начин на кој сакате да бидете запросени и според мене доволно е. Што имате ВИЕ (некои кои осудувате) да кажувате дали требало или не вака, дали е ок или не е. До кога бре луѓе секогаш ќе има некој кој ќе мрчи, некој на кој се не му чини.... Искрено кога ја отворив темава, очекував да има пишано девојката која беше запросена, зошто сите знаеме колку е посетуван форумот, колку членови има, па не би ми било чудно девојчето да е меѓу нас, она да ги сподели емоциите, впечатоците од таа ноќ. Е тоа е за читење, а не сите други кои мрчат и вака или онака да било. Вас кога ќе ве запросат споделете, па да видиме вие како сте го доживеле начинот кој го одбрал Вашиот сакан за тој посебен момент. п.с. немора сега веднаш сите да се надвикувате(читај објаснувате )со мене, мене не ме интересира, само сметам дека се уништува темата(со вака-онака треба/нбетреба), па да си кажам и јас зошто ја следам и што би сакала да прочитам кога ќе ја отворам
Тоа е свекрвата бе! И јас го заприметив истото, овие се бакнуваат, оваа уште да го бутнеше дечкото. Остај ги децата, мисли нив до бонбони им дошло. Дефинитивно ќе беше поубаво ако ова го снимал некој другар на дечкото, поприродно, а не со олкава камера. Само ајде, нека им е со среќа!
Убаво е да се види, а ако ним не им пречи што е вака јавно тогаш нас не би требало ама ич...И не ми е мерка чинот за големината на љубовта-само тие си знаат каква е, ниту пак мислам дека оние со слично запросување како моето пример кое беше тотално предвидливо и неинвентивно се помалку заљубени, туку едноставно секој си има свој начин...
Божеее, се изнаплакав како проста али на крај бабичката со бомбончињата ме изнасмеала она од снашката да не беше знак дека нема да ја ферма м? супер, преубаво, изгледа од пуста желба и мене да ме запросат само си плачам на вакви видеа :
Помисли ли дека може од среќа плаче? Јас кога кажав ДА,не само јас,кога ми го стави прсстенот и двајцата плачевме од среќа
Ние жените сме си така за некои работи проблематични, ја на пример пред спиење морам да ги симнам прстените од рака, бидејќи ако заспијам со нив ќе биде многу лошо, бидејќи ми отекуваат рацете. Ова сигурно не ми се случува само мене. Доколку вакво нешто се заприметиле кај вашата сакана, тоа е одлично, вечерта кога ќе ги симне прстените и кога цврсто ќе заспие, вие прстените од надкасната земете ги и оставете го отворено кутивчето со вереничкиот прстен, пота легнете си и имајте убав сон, а утре уште поубаво,посреќно и повесело утро
Купете магнети со букви, купете магнети за да можете со нив да испишете ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ, и потоа истите прикачете ги на видливо место.Пример откако вашата сакана ќе си легне, наредете ги навечер на фрижидерот, а потоа вратете се во кревет до неа.
^ Не,не,разбудете ја и речете и,душо,ајде направи ми сендвич и како фина жена,во 2 по полноќ ќе се упати кон кујната и вуалаааа,вриштачки оргазам токму од кујната,до кој ни до крајот од животот нема да ја доведете! А да,тоа е и начин да ја истренирате добро. По принцип на павлов рефлекс,секогаш кога ќе побарате нешто од кујната ќе мисли дека следи изненадување и со радост и без противење ќе се упатува кон неа! Е тоа е изненадување!
Оваа како на сила бутење на прстенот.Омажи се за мене да не те будам Ептен глупо ми е оваа, и што ако не е подготвена за мажење ќе го извади прстенот со кој веќе преспијала и ќе му го врати назад Верена за една ноќ без знаење. Да сте во брак па утрото кога ќе видеш нов прстен на раката е тогаш да си пукнеш од среќа