Ги читав предлозиве за брак и еден ептен ми падна во очи... Не дај боже да згреши и така да ме "изненади"... Уште на првиот пат ќе му го лупнам и кутивчето и обетките или ланчето од глава, па за нареден нема ни да помисли да купи Многу лош начин за запросување, барем според мене.
Сноу ти како што си опседната со свадбиве, мажачки, кумства, предлози за брак... мислам дека конечно ќе се јави цурата на 21 век. Мене предлозиве ми се малце смешни и не ми се воопшто интересни. Се стана некако веќе видено и вообичаено, така да јас сакам да ме побара на интимна вечера, без балони, огномети и фешти. Порано можеби сакав нешто оргинално, ама сега сакам што по едноставно.
братучед ми кога планираше да ја побара женска му сакаше да е нешто убаво ама не е баш по романтиките така да бевме нарачавме клуч од куќата за неа и нарачавме привезок срце дрвено беше и на срцето пишуваше омажи се за мене и датумот. и кога биле излезени купувале нешто и као демек тој ги носи кесите и и го дал клучот ај отклучи демек. и таа се изненадила од каде привезоков и кога прочитала ааа тоа беше без посебни романтики и вечерта си остана таму а наредната вечер правеа веридба со најблиските ништо посебно и онака сите очекувавме да се земат време му беше
Верувам дека го познавате парфемов Епа купете и го на саканата, но пред да и го подарите, на него со машничка заврзето го вереничкиот прстен.
Пред неколку месеци и јас го доживеав моето запросување, искрено незаборавен момент! Всушност, во план ни беше да се земеме па знаев дека ме очекува запросувањето, но не знаев која вечер ќе се случи тоа! Се случи во нашата собичка кај него дома, беше интимен момент само за нас! Ме зеде од дома со намера да одиме на вечера со друштво, но демек друштвото ни откажало и планот се менува па ќе одиме кај него дома! И...тогаш, кај него дома со наааајубавиот букет и прекрасен прстен ме запроси ,,Ќе ми бидеш ли моја жена?!?! ,, Се разбира бев најсреќна и без размислување го кажав моето ,,Да,, Потоа веселбата ја продлживме во ресторан каде не чекаше нашето друштво заедно да прославиме! Не беше некое изненадување за другите бидејќи сите веќе знаеле, но мене ми беше специјален момент и среќна сум што го доживеав!
^честито снегулка. Некогаш и малите работи (кои не треба да се гламурозни,екстремни), го прават човека многу многу посреќен.
Ако одите на пикник, или било каде на друго место (доколку живеете во куќа и имате двор....изрезбајте нешто вакво, нешто што ќе биде интимно, а ќе остане врежано како и во вашите срца
^ Сноу не се лути, ама стварно ме изнасмеа со последниов предлог. Зар ти стварно мислиш дека некој дечко ќе фати да резба во дрво will you marry me? Срце ај почекај ме овде, идам јас да мочам до она дрвоно (и за тоа време да го земе длетото и да фати да длаби). Го чека малава еден саат, мисли запек го фатило мануков, му се дере зошто ја оставил сама, на крај следува изенадувањето и му го треска длетото од глава.
Не го замислував јас тоа така Ако е во личен двор, ќе има време кога не е тука. А ако е некаде на страна, ќе отиде онден порано. Ако се сака се се може
Девојки ве молам за помош. На моја најдобра другарка дечко и ме замоли да му дадам идеа како да ја побара за жена другарка ми. Ве молам дајте ми некоја идеа... Како вас ве побварале, како сакате да ве побара идниот маж. Ја прочитав цела тема, има интересни идеи. Фала ви однапред
Доколку постојат храбри и луди девојки....пример ако дознаете дека сте бремена, отидете изберете прстен и во едно вакво кутивче подарете му го на идниот сопруг.
Мене ова ми е интересно. Пример кога ќе дојде нели девојката да спие кај вас и утрото порано од неа станете, направете доручок, кафе или сок што и да е, и во послужовникот ставете го прстенот и на едно ливче напишете ќе се омажиш ли за мене, или нешо слично и кога ќе стане однесете појадок во кревет. Можеби го има претходно напишано, ама не читав наназад.
Доколку можете со некое кино договорете се,вие на одредена дата и термин да дојдете со девојката и да гледате филм, и на крајот од филмот да се појави натпис, пример: Наташа дали ќе се омажиш за мене?