Мојот дечко после 9 месечна врска ме запроси на доста романтичен начин. Секогаш ми приредувал изненадувања ама ова беше посебно. На 26 Мај требаше да прославиме 9 месеци од нашата врска а тој на 23 Мај ме разбуди со појадок во крвет како во филмовите, имаше се, дури и роза на послужавникот. Откако појадувавме се понуди да ми направи кафе и да ми гледа во него... Ми навестуваше дека гледа како имам длабока љубов и некој како клечи пред мене, јас ни на крај памет не се сетив. Ми рече да си замислам желба и јас како на шега си замислив да ме запроси во скоро време. Ми рече дека имам 3ка нешто за 3 минути, 3 часа, 3 дена... Си помислив сигурно за 9те месеца планира... Потоа ми рече дека имам исполнување на желбата и голем прстен ако сакам да дојдам до него да се уверам, јас незнам да гледам на кафе и му реков и да го видам нема да знам каде е, тој упорно ми велеше да дојдам дека е толку голем и нема шанса да не го видам. Тој во меѓувреме го спуштил прстенот со сунгерчето внатре во филџанот... Клекна пред мене и го постави прашањето... Малку молчев од возбуда а потоа реков ДА
^креативно нека ви е со среќа.... јас паднав на муабет со дечко ми неколку пати до сега....и се ми викал ќе видиш, па потоа ако ти кажам не ќе е интересно, па потоа јас неее никад нема да направам такво нешто, и последното речено е да,кога ќе сакам, ќе бидеме сами и ќе те прашам, но верувај сигурно нема ѕвезди да ти симнувам аххх си мислам ти си ѕвездичка моја знаејќи го него и неговиот стил ќе беиде некоја вечера,или сами дома, шетање во парк....ќе сврти муабет и ќе ме праша.
Можеби ќе те изненади и ќе го видиш во поинаков стил.Никогаш не се знае АнаКаренина Прекрасно,не е нешто голема работа.Но ми се допаѓаат и мене малите, романтични,слатки нешта.. И да да не заборавиме малите нешта секогаш не прават среќни
јас колку сум радосна во моментот другарка ми е во италија и сега ке оди и дечко и, купил прстен бело злато, и на кану во Венеција ќе ја побара за жена многу сум среќна за нив.....колу сакам и јас да имам некој кој ке ме сака и ќе го сакам...многу убави приказни прочитав сега, среќна ќе си заспија
Ако саканата ви е љубител на театарот, тогаш стапете во контакт со глумиците/луѓето од театарот, да на крајот од претставата кога ќе се спушти завесата, таа повторно да се крене (каде вие претходно ќе и речете на саканата дека ќе одите до wc), а всушност ќе се облечете како принц. И по претставата кога ќе се крене завесата вие ќе клекнете (во позадина ќе оди вашата песна) а вие ќе ја запросите саканата.
Иха бре, што романтични мажиња имало низ страниве наназад. Другар пред месец-два ја беше запросил девојката на интересен начин. Ја однел во еден парк што речиси воопшто не е посетен, а е идеално место така за поромантични работи, if you know what I mean. И сега неколку души соберени ко демек ќе снимаат проект за некој колега за на факс, и нормално, девојчево онака обично си реагира, се соживело во улогата, ама се познава вештачко глумење среќа. Се` до моментот дури не и’ кажале дека е озбилно и почнале да чукаат раце. Абе девојчево шлог го мавнал. Ни знаела што прави, ни ништо. Почнала да трча да ги удара сите по ред, па дури по 5 минути прифатила. Баш изненаџење.
Иако на секоја тема се залагам за еднаквост меѓу мажот и жената, на оваа би рекла дека не треба жената, бар мене не ми се допаѓа кога таа ќе го побара дечкото за маж. Сепак некои работи е поубаво да си останат поделени, и мажот да биде маж. Инаку мене мојот бивши кој секогаш и ден денес прави романтични гестови за мене, ме побара за жена на начин кој не ми беше романтичен. Дојде со неговите родители кај моите , седнаа сите на маса, малце нешто муабет, и он клекна и извади прстен и ми кажа дека сака животот да го помине со мене. Иако тогаш позитивно изреагирав, од денешна гледна точка, тој ден најмалку романтика видов од него. И се осеќам како нешто да ми се скратено. Да бидам искрена често си замислувам како некој дечко на некој премногу романтичен начин ми ја искажува својата љубов, и ми вади прстен, и јас викам ДА, и среќни таму си се гушкаме, кажуваме на сите дека сме се вериле, ама да не се земеме никогаш и да остане само на тоа.
Еве еден интересен предлог за брак: земете некое ливче и напишете омажи се за мене и залепете го на фотоапарат. Предложете и на саканата да ја фотографирате и сликнете ја баш кога ќе прочита. Ќе и ја овековечите фацата во тој момент
во секоја кутија по нешто Во најголемата ланче Во средната белезица Во едната мала кутија обетки и во најмалата прстен уххх убавини и радости
^да ама последната кутија да е кај него и да не и ја покажува она со самото тоа што ќе ги чита натписите ќе очекува прстен...и кога што ќе види, во најголемата ланче, во средната белегзија и во малата обетки...и на крај кај него кутивчето со прстенот