Или истиот овој тањир да се погоди а претходно во колачот романтичарот да сокрил прстен. Одма добиваш туѓо објективно мислење .
Една другарка толку сонуваше за тој момент, ама остана трудна и почнаа онака да се спремаат за свадба. И после некој месец и текна и коа му се развика: Абе јас што спремам свадба? Па не си ме прашал, може не те сакам за маж! Па имаше купување на прстен отпосле
^ Прстенот беше на тестот ставен? Абе ајде тој нека спреми таму нешто романтично да не му се собереме од овде
Сноу, дај пиши го јавно вака бројчето на твојот господин вереник од утре натаму, па да му отчитаме по една буквица... Он тебе позитивен тест, дрн дрн... Романтики бре, нека се пролигави малку!!!
Сноу,шала или мајтап ама спремајсе....твоето маже изгледа скоро ке доага по тебе со воен транспортер .... ...ајде нека ви е со среќа,се најубаво и лесна и пријатна бременост
Спојлер Обично никогаш не читам вакви теми, ама сеа налетав. Ако е офтопик се извинувам, не сум за тука. Па Сноу, па честито женска, мислам дека сите на форумов се пријатно се изненадивме, зошто ти знаеш се' во врска со свадби, веридби, адети итн.... И ако некој заслужува да биде побаран на уникатено романтичен начин, тоа си ти. Прати му линкче од форумов, да го испееме убаво
аа не сум пишала како ме побара мене ханито Беше значи недела 28 ми Април, приквечер така и се спремавме да искочиме да прошетаме и јас отидов во друга соба да се облечам и нашминкам и кога доаѓам гледам ханито на колена и се смешка Во рака го држеше најубавиот прстен, како јас да сум си го избрала сама, мојот прстен од соништата И ми вика, и пак се смее Хани ќе се омажиш ли за мене И јас даааа даааааааа дааа, и кога го гушнав на земја паднавме
Интересно. И јас бев бремена, ама на маж ми не му текна да направи такво нешто. Не ме ни праша дали сакам да се омажам за него. Се знаеше дека ќе се земеме.
По целодневно мрчење и контрење на се што ќе кажам и направам, на денот на свеченото доделување на мојата диплома,(откако свечено ми ја доделија), ги седна моите во ресторан со извинување веднаш се враќаме. Мене ме однесе со изговор да ми купи панталони, ми се ближеше роденден па за подарок од него. НО, ме однесе во продавница за накит и ми кажа Одбери си веренички прстен...... Е тогаш ми стана јасно неговото контрање и мрчење.....да ми стави капак со запросување кое воопшто не беше романтично, ама пак беше забавно...додуша кој знае како ја мислел и мислел, па вака му излегло на крај и јас ем вака ем вака (ова заради напнатоста и нервозата што ми ја правеше цел ден) Можеби и не бев баш свесна што значи моментот...пошто кога се вративме кај моите и им го покажавме прстенот, некако како да не им дадовме објаснување, а тие се дресирани да не прашуваат многу Па така јас тој ден бев официјално дипломирана со доделена диплома, и официјално запросена со веренички прстен . Кога сме кај официјалностите, официјална веридба направивме по 2 месеца.
После 10 години од врската мм ме побара за жана.Се запознавме на Нова година и секогаш си мислев дека тој ден ке бидам побарана за жена но не беше така. После толку години од врска некако не е изненадување да ти понуди дечкото брак,јас да не се лажеме го очекував тоа на 10 години на годишнината,но он си имал друг план. Беше Коледе ,а мм цело сабајле шеташе се запнал да си купи капут дента,да го имал за божиќ,јас реков не одам имам дома да спремам за вечерта за бадник. Околу еден саат ми вика јас сум кај еден другар се собравме да коледаме ај дојди сите се тука,викам неможам имам работа но се запна човеков викам ај,сомнително инсистира. Одам таму сите расположени се зезаат ,и мм вика чекај од кола да го земам капутот да го видиш,а друштвово сите ме зезаат а те лаже не купил капут сега се спрема нешто,јас се стаписав,незнам зошто ама раце ми се стресоа(си реков е баш е романтичен вака ли ќе ме бара за жена ). Доаѓа и стварно капут си купил ми вика оди види го во кесата ме фураат до крај сите одам гледам капут ништо нема ,им викам не ви е страм ,а он вика па ти вака ли мислиш ке те барам за жена ај олабави. Некако ми олесна ајде сите по дома нели вечер е бадник. Си дојдов дома спремам за вечера мајками беше болна па јас се спремав,ми се јавува мм и ми вика што правиш викам еве да испржам риба и ке вечераме ,беше 18 часот,ми вика па нели е рано,па да му велам ама уморна сум порано ке биде вечерата . И таман се средив моите на маса јас седнувам,кога некој звони на врата. Сите збунети кој доаѓа на бадник сите се спремаат за вечера,одам да отворам и што ќе видам мм дотеран со погача во раце и ми вели слушам оваа година не си можела лепче домашно да месиш ,па ја замолив мајками да направи и дојдов да ти донесам(од толку обврски тоа беше прва година што купивме лепче за бадник,а он тоа го знаеше но неможев се да постигнам) Знаев колку е саатот ама си викам ај да видам до крај како ќе биде. Мајками па се налути како така срамота лебче да ми носи за бадник,а таткоми се смешка и вика а ти за тоа ли се мачеше да дојдеш. И епа добре дојде му викаме седни сега да вечераш со нас,и како што е адетот нели првин лепчето се крши и мм вика ке може ли јас да ја кршам погачава,а таткоми вика како не ајде повели, и дели се по ред и на крај за мене. Сите ја бараме паричката ,а паричка никаде нема и мм ми вика М.... ти што бараш ,јас се смеам и викам па нема ништо,и он вика епа тоа што го бараш е кај мене. Стана клекна на колена и извади кутивче срце и ми рече Викааат за Бадник велат кај и да си дома да си ,но домот ти е таму кај што ти е срцето, Ти го давам ова срце да му најдеш дом ми ја подаде кутијата и ме праша Дали ќе се омажам за него. И тука секако солзи јас,мм,таткоми посебно ни честита а мајками беше во шок и цела збунета и незнаеше што да каже и вика а паричката кај е, ние се изнасмеавме и викам еве мамо на прст . Никогаш не замислував дека така ке бидам побарана за жена ,а посебно не пред моите ,но убаво беше и ми е мило што на толку убав ден ме запроси ,сега Бадник цел живот ќе ме потсеќа на тој убав момент.
лелеее леонтина колку убаво Сигурно си многу среќна што си била на ваков начин побарана за жена [/quote] Среќата е да го имаш оној што го сакаш,а запросувањето е момент кој ќе се памети дали по добро или по лошо ,но за мене е јасно дека никогаш нема да го заборавам денот ,бидејќи секогаш Бадник ке ме потсеќа на тој момент.
да така е! Јас живеам за тој момент затоа што тој момент е само почеток на уште поубави моменти, среќа, љубов...