Мене ме побараа преку скајп Па и не беше нешто којзнае колку ама во тој момент летав Ми рече да ги викнам мајками и таткоми да седнат да се видат со неговите и така направив па почна тој да зборува ( цело време му се обракаше на татко ми) и тато само рече: Па ако така сте решиле со среќа нека ви е...Потоа дојде во Мк се регистриравме во Септември и здравје планираме и свадба во скоро време. Ааа а прстенот ке си го добијам кога ке стасам таму Спојлер Да објаснам: Мм живее во Америка, беше во Македонија на одмор и така се запознавме (неговите се Битолчани ама сите живеат во Америка) потоа кога си отиде продолживме да седеме на скајп секојаа вечер, ме побара, се регистриравме и така.. И сега едвај чекам уште 1 месец и да си отидам кај него.
Случајно налетав на темава,и самата незнам што барам на мои години овде,ама морам да пишам една идеја. Вака,наведете ја девојката да одите во театар да гледате театарска представа,а пред тоа да појде дечкото да договори во театарската сала да стават свеќи на кои ќе пишува дали ќе се омажиш за мене? Секако представата нека биде изговор,а главното ќе биде ова погоре. Е сега незнам како е во другите градови,но во мојот град има театарската сала една тераса каде што има совршен поглед кон сцената.Ако има такво нешто тогаш одвете ја девојката на балконот со изговор дека долниот дел од салата е полна ќе морате да седите горе. Седнете,и кога ќе се крене завесата замолете ја да се доближите до оградата од балконот ( значи зборувам како што е салата кај нас) демек сакате да видете поубаво нешто. А таа кога ќе погледне во сцената нека го види : Дали ќе се омажиш за мене? И секако додека се крева завесата нека свири вашата омилена песна.Девојката сигурно ќе биде изненадена,во тој момент извадете го прстенот клекнете на колена и ставете и го прстенот секако ако одговор биде ДА А да и заборавив да спомнам дека,во салата треба да бидете само вие двајца. Многу се занесов ? Или сепак не...хахаха Морав да го пишам ова.
Ne znam sto baram i jas samata ama mnogu sonuvam za ova nesto.. Bi sakla za mojot rodenden za sme zaedno sobata da ja ukrasit so crveni sveki srvena torta ... se da e crveno Koga ke se naprajt 00:00 casot da mi cestitat rodenden potoa da mi kazit imam uste edno iznenaduvanje za tebe i da mi predlozit brakk a od gore crveni lisja vo forma na srce da pagaat i na niv da pisit "DALI KE SE OMAZIS ZA MENE" ..!!
Хм,и јас незнам што барам во темава,но на некои искуства и идеи што ги прочитав,се наежив,и ме испровоцираа да пишам и свое мислење Не дека не подржувам жената да биде онаа што ќе предложи брак,но мислам дека сепак тоа е работа на машките.Јас не би го запросила Кога јас би била запросена би сакала да биде тоа нешто оригинално(иако не верувам дека би бил толку оригинален ).Момент во кој ќе има ретроспектива на нашата врска,на сите убави моменти што сме ги поминале заедно..Ете нека биде ставено на цд,со изговор дека сака да гледаме филм и оп да ми го пушти тоа.Убаво скоцкано,со мали детали(нели,може и самиот простор да биде убаво декориран,нема да е на одмет).И на крај,доаѓа шлагот,понудата за брак,он клекнат,јас во солзи кажувам да. Подоцна би сакала да ни се придружат моите и неговите(потесното семејство)и заедно да го прославиме сето тоа. Би можело да има и некоја мала камера која ќе го снима целиот тој настан,за да може да се вметне после во цд-то од свадбата,како воведен дел. Би било едно убаво и пријатно изненадување за мене.Мислам дека сум заслужила до толку. Уф,какви фантазии си напишав,што чисто се сомневам дека би му текнало на мојот да го направи ова.Ама ако,јас си пишав,па што Пс.кога ќе ме побара,ќе споредиме дали ова погоре има некаква допирна точка со начинот на кој тој ќе го направи
Што е работава никоја не е запросена во последно време?... Како и да е да кажам јас како мене ме запроси дечко ми т.е. вереникот. Бев кај него имавме нешто за на факс за праење. А тој ден јас не бев во план да одам ама тој ми се запна и морав да одам. Седиме ние на компјутерот и работиме ама ај рековме кафе ќе пиеме. Слеговме долу кај неговите си направивме кафе тој исчезна на 10 мин и се врати и ми вели ајде ела горе ќе го пиеме кафето во другата дневна. И јас ок му велам и си го зедов кафето. И одиме горе тој влегува кај кујната јас кај дневната и ми вели изгаснија струјата. Јас ја гаснам струјата и му велам дај како ќе пиеме кафе по темници и одам на кај кујната и што ќе видам........ тој наземи до каминот направил срце од ливчиња од ружа, запалил свеќи, внатре во срцето имаше букет со една црвена ружа и прстенот. Јас кога видов ми се пресекоа нозете незнаев дали е вистина или пак сонувам. Тој го зеде прстенот и ме праша: Дали сакаш да ми бидеш жена, да го поминеш животот со мене? и јас секако одговорив Да!!! и потоа следуваше гушкање, малку солзи радосници и тој ми го стави на рака најубавиот прстен на целиот свет. Потоа слеговме кај неговите, само мајкаму знаела што ќе се случи другите појма немале и кога слеговме јас целата се тресев незнам зошто беше така. И сите ни честитаја и мајкаму ама му беше лута оти не го направил тоа пред сите нив. Потоа им кажавме на моите и така. Како и да е тоа беше најпрекрасното нешто во мојот живот и никогаш нема да заборавам. Тој момент ќе го помниме само ние двајца и никој нема да знај како ние станавме едно
Несакам некоја голема фама околу тоа...Како сега што прават цел свет да ги дознае...Па тоа јас мислам дека е интимен момент измеѓу мене и него... И затоа кога би ме побарал за жена би сакала да биди на некое интимно место...Нема врска дали било на плажа или пред греалката кај него во соба(што си ја замислуваме како камин ) битно ми е тоа што ке знам дека сака да го помини животот со мене...Доволно ми е тоа..
Секоја девојка си има фантазии за такви работи па ете јас на пример би сакала тој момент да биде кога најмалце очекувам не сакам некои јавни запросувања, убаво би било да сме сами и со некоја мала ситница да ме изненади и да ме запроси ( на пример цвеќе, нешто благо, интересна ми беше и чашата на дното што имаше напишано .. омажи се за мене, и така некои едноставни работи
Ова е веќе од ум да те извај http://mkd-news.com/dojdi-po-mene-n...-gradite-ja-zaprosil-so-rendgen-snimka-video/
Да кажам јас како бев запросена ? Живеам во Австрија, а мм (тогашен дечко) живееше во Мк. На денот на мојот роденден (4.10.2011) си бевме собрани цело друштво во ресторан за да славиме. Иако се беше преубаво, не бев воопшто среќна зашто мм не беше тука Ајде музика, забава, играј денсај дојде време за тортата (цимерка ми и нејзините глупости) Торта ќе сум дувала. Ми викаат посакај желба и дувни ги свеќите. Така и беше. Посакав желба и ги дувнав свеќите. Во тој момент еден другар ми рече "Еве желбата ти се исполни". Јас малку се зачудив И ми вика не чуди се, заврти се назад. И само се завртев, и го гледам мм со раширени раце Му се фрлив во прегратка, и така едно 5 минути. Тогаш ја пуштија "A whole new world", мм клекна на коленици, го извади прстенот и ме праша : Би сакала ли да го поминеш животот со мене? Ќе се омажиш ли за мене ? И јас избезумена- ДААА Ми го стави прстенот, па пак се гушнавме, после ме крена на раце и излеговме надвор Кога заврши се тоа, преку Скајп им кажавме на нашите, и така сега сме во брак 1ипол година и си имаме прекрасно синче
Искрено, ниедно запросување како што видов во стилот со шоља за кафе, падобрани, маички, торти и слично не ми се допадна. Само тој да клекне и да го извади прстенот и не мора многу филозофирање, само прашањето да го постави, јас знам дека без размислување ќе прифатам и убаво ќе се изнаплачам и ќе го изнагушкам. Каде сака нека биде, кога сака нека биде, иако знам дека тој е срамежлив кога се работи за интимни моменти, така да знам дека би било во прилично интимна атмосфера, во секој случај на јавно место не. Иако мене не ми би сметало и да е на јавно, јас сум поопуштена од него, знам дека тоа не е во негов стил, а во никој случај не би сакала да се потресува и да прави нешто што не е дел од неговиот карактер, само за да ми удоволи. Јас и вака и онака без размислување ќе прифатам и ќе бидам најсреќна девојка на светот. П.С. Да се надоврзам, и така збориме често на таа тема, не би ми било проблем и да биде обостран договор, само прстенот може да биде мало изненадување. Порано се притресував замислувајќи го овој момент, но сега сфаќам дека воопшто не ми игра важна улога самиот чин на запросување.
Фановите на книги(посебно Хари Потер) би ме разбрале -True Story http://www.youtube.com/watch?v=pnVAE91E7kM Мислам дека запросувањето не покажува само некој грандиозен романтичен гест,туку колку се познаваат меѓусебно двајцата и на креативен начин си ја искажуваат својата љубов. Иако свадба ми е последно нешто на ум,I'm sucker for marriage proposals