Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог за брак

Дискусија во 'Свадба' започната од Dijana, 11 ноември 2009.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Marossa, се изнаплакав на видеово, што ти требаше да ме разнежниш вака. :rofl:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    126.531
    Никогаш не сум сакала јавно запросување,ни романтично запросување :D И добрив такво како што одсекогаш замислував,едноставно и во негов стил :inlove: Од срце кажав да.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да бидам запоросена со нешто оригинално креативно и несекојдневно. Не ми треба прескап прстен или којзнае колку скапи патуваље и слично. Нека биде креативно. :D Го чекам со нетрпени тој ден, но после тоа срав ме фаќа :D... фамилија деца.... аууу! :D
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.909
    Допаѓања:
    89.584
    Пол:
    Женски
    Никогаш несакав запросување во јавност и од секогаш си замислував како ќе ме запроси и како ќе го изведе тоа.
    Се случи па да ви раскажам мислам не сум ви кажала :)

    Оваа лето додека бевме на одмор во Црна Гора ме запроси.
    Испланирал вечера додека спиев пронашол соодвето ресторантче за тоа .Најмногу ме изненади со тоа што добро испланирал и до самиот момент не се издаде пред време.
    Ми кажа да се дотерам дека ќе ме носи на романтична вечера :lol:јас среќна радосна затоа што така ми кажа се средив и заминавме.
    Ресторанот беше покрај морето имаше полна месечина која што беше преубава.Во позадина имаше некои балади ,пригушено светло,букет свежо цвеќе на маса,убаво ладно вино со преубави чаши.
    Седнавме цело време ми беше некако чуден збунет вечеравме правевме муабети за нас :inlove:и по некое време ми вели : Омажи се за мене,биди ми моја жена .не верував што слушам го извади прстенот пред мене не верував на своите очи ми ја зема раката и го стави прстенот.Плачев и се смеев во исто време,заборавив каде сум и колку луѓе има околу нас...

    Не замислував дека моето запросување ќе биде на овој начин но мислам дека тоа е еден од најубавите моменти во мојот живот :l:
     
    На Annora, Dust, Gosh и 25 други им се допаѓа ова.
  5. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Е шо убаво вака си читам кој од кој поубави искуства. Блазе вас.
    Мене на патот ме побара. Усвари не ме побара, ми соопшти дека ќе сме се земеле. Со овие зборови:
    - Слушај злато ја и онака планирав одгодина да те побарам, ама шо ќе чекаме, ке се земеме сеа. Ке му кажам ја дома на мојте нека почнат да се спремат, а на твоите заедно ке им кажеме. Кај сакаш да ја правиме свадбата? ( у смисол у кој хотел?)
    Јас ваква :o (waiting)
    И за сето тоа да биде по трагикомично јас така бледо го гледам и го прашувам:
    - А кај е тука делот кај шо треба да речам ДА? Сме се згазиле од смеење, до дома пеш си го направивме планот и за срека поголемиот дел излезе по наше. :)

    ТОЛКУ ОД РОМАНТИКАТА.
     
    На Arthur, Dust, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  6. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    кај мене имаше комедија, јас бремена веќе 4 месец, на моите им рековме накај 3 ипол месеци, од пусти страв, и моите викаат ајде во петок ќе даваме дума, а беше втрник... јас од хормоните кога ме удри на плак, сум плачела 3 часа, нема да ме побара за жена, јас сакам, тој не сака, си правам филмови во глава, никогаш нема да ми се исполни тој сон, а тој само ме гушка и ме теши...
    и ете четврток вечер ме вика кај него дома, јас лута, огин и пламен излегува од мене, на почетокот не сакав да одам, ама ме убеди, и ме носи кај мајка му во соба, тој отиде во собата и ме вика, јас одам пред вратата ставил една свеќа и писмо, влегувам внатре, имаше цела купа розеви балони на земјата, преку 100 свеќи, на креветот мече со ружа, и на масата чоколада со вино и една кутија ( како онаа за пари што е за свадба ) и ми ја пушти првата песна што ми ја простира на фб, тој облечен во костум, со врска, и таман да ми каже дали сакаш да се омажиш со мене почна да плаче, јас плачам, тој плаче, си го зедов сама прстенот и си го ставив (facepalm) нема веза :D и после тоа ми рече дека кутијата била ако кажам не, да си го носам прстенот дома со неа :^) :lol: и ете така биде, битно се беше по моја мерка, бидејќи сум љубител од мала на розева боја и мечиња, и така си остана, валјда никогаш нема да пораснам :lol:
     
    На Arthur, Dust, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 13 други им се допаѓа ова.
  7. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Денес со дечкото бевме да разгледаме прстееееен!!! :lol::):D Но од разгледување испадна и да го купи :lol: Одамна сме правеле муабет за официјализирање на нашата врска и дефинитивно тоа ќе се случи овој викенд, веќе нашите се известени, почнуваат подготовките :) ќе се собереме најблиските од моја и негова страна за да дадеме збор (дума), па понатаму ќе видиме што ќе се случи, односно што ќе се договориме. Барем денес немаше некое специјално запросување од негова страна (малку се разочарав затоа што отсекогаш сум го сакала тоа) но најважно ми е што сум среќна до бескрај :sun: ќе ви раскажам што ќе се случи деновиве :*
     
    На Arthur, karak, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Официјално ENGAGED :D прстенот е на мојата рака, кога ќе го погледанам сфаќам дека навистина се случи тоа :) Пресреќна сум, ме побара за жена пред нашите најтесни семејства, се веселевме, уживавме и договаравме свадба :D На сите немажени девојки им посакувам да го доживеат тоа што го доживеав јас :inlove:
     
    На Arthur, Вини-пу, karak и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Usagisan29

    Usagisan29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Јас сум нова на фемина, ме запроси лани дечко ми со кого сум во врска мнооогу долго време. Беше преубаво и многу ме изненади. Бевме во Будимпешта за први мај неколку дена со уште еден пар. Вториот ден после прошетките низ градот (кој е многу убав), изнајмивме кану, а другиот пар изнајми педалинка во езерцето во градскиот парк (кој бил веројатно знае за што зборувам). Езерцето е мало и покрај замок којшто е музеј, и е многу убаво. Имаше и комични моменти, со оглед на тоа што едвај се избалансиравме на кануто пред да почнеме да весламе, а јас бев загледана во мапа во моментот кога ме праша, ама беше еден од најубавите моменти во мојот живот. Бев пријатно изненадена и збунета, и имав минута молк пред да одговорам, што не верував дека ќе ми се случи бидејќи долго време сме заедно, ама ете и тоа било возбудлива работа кога ќе те изненади некој така убаво:lol:. Тоа што ми се допадна е тоа што сепак беше интимен момент, помеѓу нас двајца, што сега уште повеќе мислам дека е подобро, бидејќи и без публика моментот е возбудлив сам по себе, најмалце ти требаат други луѓе, бидејќи ако си како мене ти треба време да си ги средиш мислите и да уживаш во моментот помеѓу вас двајца.
    Е сега ја планираме свадбата за годинава во август (не се брзавме, сакавме натенане да планираме без притисок), и така завршив на сајтов :D
     
    На Вини-пу, do-re-mi, bussines-woman и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Мене ми е сеуште многу рано да мислам на запросувања,веридби,свадби и слично,ама нека ви е со среќа на сите што сте запросени од своите сакани.
     
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Кај нас заради некои околности кои се случија малку беше очекувано изненадно. Знаевме дека еден ден ќе се земиме, живеевме заедно и таман завршиф факултет и рековме ај да пробаме бебе,и од прва се фати. Семејството пресреќни, почнаа да организираат свадба и планираа класична веридба со најблиското семејство. Прстенот си го избрав јас, но планираниот ден не се одржа. Бебето го загубив, па почина мајка ми... од свадба па.... И така прстенот си остана во фиока скоро две години, да правиме таква веридба не ни паѓаше на памет на никого, често си велев да си го земам да го носам без некои церемонии, но не бива, да е нешто свечено и тоа. И летото често шеткавме со мм на романтични места како порано, секогаш кога ќе тргневме се привраќаше по нешто и почнав да се сомневам дека ќе го извади прстенот. Романтични вечери, прошетки по плажа, секој момент беше погоден но ништо. Една вечер ме однесе на возење со брод, романтики, прегратки, атмосфера. но ништо. И од тука дома, а блиску сме до плажа,и само што стигнавме вели ајде пак до на плажа жешко е, и шеткаме, па почнавме муабет за дете, за месечината и ѕвездите, нашата љубов, и вели овој пат прво да се земиме, па дете, и го извади прстенот и ми го стави на прстот. Може не е просење како на филмовите но кога е од вистинската личност и вистинска љубов, кој доживеал знае на што мислам.
     
    На HoneyBun, Arthur, Lejla8 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Nikiii12

    Nikiii12 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да го споделам ова со вас.. Годинава на 21 јули ме запроси :lol:.. цел ден беше горе долу со другари.. Ни на крај памет не ми текна дека се спрема голем настан хах.. Падна мрак и ми вика ее знајш шо? Ајде те носам на пица. Одавна немаме јадено пица.. А знае дека пица ми е нешто најомилено после него :^).. Се спремам се и пред излегување гледам пред врата сите собрани мајка му татко му сестра му братучетка му и братучет му и ми вика тој ајде таман ќе излегват и мојве ајде ќе одиме со нив ќе не префрлат... И не префрлија до пред пицерија а тие демек ќе шетале покрај кеј.. И океј одиме накај влезот и го гледам другар му се плетка натре и му викам еј види кој е тука и влрговме и демек сега праат муабет "абе со кого си? Шо ти текна ова она" и седвиме на маса и нарачавме и ми вика вереникот тогаш дечко Одам во wc.. И стана и како што имавме маса пред телевизор си се загледав и ко едно време гледам тој на тв.. Па гледам златара, па прстен, па дотеран и ја готово само што не паднав во несвес и го гледам тој од моја десна страна клечи на колена дотеран со костум и дрзи прстен и се треси цел.. Го гушнав и кажав ДА !!! И сите што беа во пицеријата почнаа да даваат аплауз и кога гледам кај вратата доаѓаат неговите... Добро прославивме се поднапивме малце.. Е срам да му е долго време криел а јас ништо несумив....:P
     
    На Вини-пу, Umbrella22, Golden Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Petrance11

    Petrance11 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Ај по три години пиши ни дали останал волку романтичен...
     
  14. Golden Rose

    Golden Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Бевме на мал одмор ова лето. Знае дека обожавам да одам на Канео, преубаво е местото, тивко и прекрасно. Појдовме уште првиот ден, веќе се стемни и ајде да се сликаме, стојам и го барам не е до мене а тој клекнал и го извадил прстенот, се шокирав, плачев и се смеев, се изнагушкавме. Немаше публика само брат ми и неговата девојка сосема доволно затоа што не ги сакам запросувањеата пред сите. Потоа се почестивме жестоко и наздравивме и дури утрото се прибравме, цело време плачев од среќа, а сабајлето одма се јавивме на домашните. Пресреќна сум се уште кога ќе се присетам си се смешкам и тогаш ми доаѓа да го гушнам со сета сила мм. Премногу го сакам :D
     
    На Вини-пу му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Една другарка ја „запросија" на 16 години.:D:DСлавеа со дечкото тогашен нова година овој на микрофон прашал, и прстен и дал дури, ама пијана работа, раскинаа и онака 2 месеци после тоа.
    Ми имаат кажувано и за некој тип, ама овој накај 25-6 години, се начукал и тој за нова година прстен купил и ја запросил женска му, оваа и дома кажала и све, му се јавила оваа за веридба да планираат овој и рекол не знам што правев вчера, врати ми го прстенот:o:oМене вака очи нема да ми види ни во овој живот ни во следниот.
     
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас би сакал некое јако изненадување да направам за понуда на брак. Си сакам такви атрактивни работи да правам. И да направам изненадување што би паднала во несвест. :rofl::emo:
    Ако видите некад на јутјуб или по сајтовите за најатрактивно запросување, тоа би бил јас. :party:
     
    На blackwave, MilaP, Wahnsinn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. dnikoloska

    dnikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Мене дечкото ме запроси годинава на Нова година искочивме од гужвата каде што славевме и ме однесе на една ширинка на повисоко каде имаше убав поглед на огнометот од плоштад и околу. Кажав да, но не ми беше нисшто посебно, односно имав многу поголеми очекувања со оглед на тоа што е многу романтичен. Ми кажа дека се избрзал бидејќи е престапна година па слушнал демек дека не се запросувало во престапна...хаха...како и да е вети дека ќе ми надокнади ☺☺☺
     
    На Macedonian girl, MilaP и VladeMila им се допаѓа ова.
  18. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    7.661
    Пол:
    Женски
    Веќе сум официјално верена, па да го споделам со вас среќниот момент :). Бевме долги години во врска и нормално следен чекор ни беше брак, само прашање на времето беше кога :D. Требаше да испадеме за да се почастеме за роденденот и нормално неколку дена претходно за да не приметам ништо ме потпитува што сакам, да ми се јавува демек во бутик е па за величина ме прашува... И така јас си очекував еден роденденски поклон,а си добив веренички прстен. Вечерта кога требаше да испаднеме дојде кај мене дома да ме зема и јас му викам ајде да се сликаме, дотерани, стокмени ај за спомен, и се доближувам да го гушнам кога го гледам оп клекнува :D од толкава возбуда, емоции дури и не го слушнав како ме праша за жена да му бидам :D битно прифатив. Потоа следеше јавување на сите блиски, честитки и славење до сабајле со друштвото.
     
    На Outlook, Скопјетесакам, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Со среќа нека ви е во заедничкиот живот :* <3
     
  20. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    2 месеци бевме вo "врскa" oд кoи сaмo 3 пaти се видoвме и ме пoбaрa зa женa :rofl: и не се кaaм бaрем ми се пoгoди мaжевo :inlove:
    Ме пoбaрa зa женa вo мaнaстирoт СВ.Јoaким Oсoгoвски вo Кривa Пaлaнкa , нa терaсaтa кaј кaлуѓерките :rofl: душичкa д'ткaше , незнaеше штo дa кaже стрaв му беше дa не му кaжaм НЕ :rofl: и гo штрекнaв кoгa рекoв нa шaлa НЕ :rofl:сaкaше дa зaплaче , и пoсле рекoв ДА и се изнaвриште oд среќa :rofl:
     
    На Dust, Bebulleee, Umbrella22 и 8 други им се допаѓа ова.