Готово помина најтешкото, си имам женичка сега најспонтано искочи сами бевме дома она не ни очекуваше, најубаво е кога не планираш што како само по себе
Беше на 26.08. ми се јави уште дента дека ќе одиме со еден пар така на вечера, кај 7 да бидам спремна пушка - така вика он и дојде да ме земе кај седум и запира со колата пред железничка доле , вика требало да му даде на некој човек по возот пари да прател кај што работи татко му да ги однесел, а јас кај што живеам до самата железничка се оди по скали а пред железничката има одморалиште со клупи, пред 8 години таму се видовме со дечкоми за прв пат,,, на тоа место ја започнавме врската, и сега случкава тоест запросувањето сакал да биде кај што започна нашата љубов ама мене ни на крај не ми текна дека планирал да ме запроси. ми кажа требало пари да прати по возот па се разшетува глуми нервозен демек го чека човеков и као касниме за на вечера со другариве. тој нервозен бил собирал храброст како да клекне и дојде до мене и почна да прави муабет за запросување и ми вика уште два месеци ама озбилен многу. и му се налутев ,му викам само ме лажеш. уште малку и никако да биде и се сврте за секунда ( тогаш се спремал) и ми вика така свртен а ме сакаш ли? му викам да најмногу! и се сврте накај мене и клекна и ми рече - епа ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ со прстенот во раце и неможев да поверувам во тој момент пресреќна бев незнаев што да направам од радост,, Секако дека кажав ДА!
Ајде и јас да ја споделам мојата приказна Една колешка од факултет, воедно и многу добра другарка со која сум секојдневно заедно си дојде од Германија од печалба. Ми дојде на гости и шетавме, се дружевме. Таа е од друг град. Спиеше една ноќ и се договоривме да излеземе вториот ден. И дечко и и се јави вика и јас ќе дојдам на излегување таму. И таа глуми пред мене со дечко и, демек никаде не ме пушташ, зошто мораш да идиш и ти... И се спремавме се договоривме во едно ресторантче на отворено да излеземе јас, другарката и дечковците. Мојот ми спомнуваше нешто прстен ово оно, ама јас мислев дека се шали и не очекував толку брзо, мислев после нова година. Излеговме, си седевме и после некое време ми вика другарката ќе дојдеш со мене во ВЦ? Викам ајде ќе одиме. Отидовме и таа многу се задржа внатре. И викам: „Абе ајде шо направи? Овие ќе се загрижат за нас“. Таа продолжува да си се влечка, си се шминка пред огледало, и демек стомак ја болело затоа се задржала у вц. И си излегуваме од ВЦ, си одам јас така лабавко накај маса. Кога се доближив има што да видаммм, дури од шок на глас викам „Не заебавајј!“ хахаха На масата свеќи наредени во форма на срце, на масата вино со наша слика, облекол и маица Will you marry me? и клекнат со прстенот у рака . Се шокирав, почнав да се тресам. Кажав ДА и се гушнавме со очи полни солзи. Сите ни ракоплескаа Една девојка/жена од другата маса ептен се расплака..емоции! Сите му помагале околу свеќите. И така растресени седнавме, ни честитаа и персоналот отвори шампањско за нас. 16.09.2017 23:15
Дечко ми мене ме запроси на многу не романтичен начин хааха. Нон стоп ми викаше ајде да правиме бебе, јас викав прво прстен па тогаш бебе. И знаев дека ќе ме запроси за брзо време, некако осеќав, незнаев кој ден ќе биде ама знаев. Се се случи дома. Доаѓа он од работа и шушка кеси во ходник ама бидејќи беше затворена вратата неможев ништо да видам, си седев на креветот. И влегува он вика јас ќе се туширам, викам оди. И кога отиде се можно превртев да видам што има донесено, ама не најдов ништо. И ми текна да проверам на влезната врата, таму оставил се ама не проверив за да видам, викам нема шанси да има оставено се надвор и се вратив во кревет викам не е денес тој ден хахаха. И се враќа он од туширање, жива вода, на него една бањарка, со цвеќе, чоколадо и прстен во раката, и јас штом го видов ми текна што е работата. Прво што му реков кога влезе беше ти неси тачан, и станав, а он окезен од едно уше до друго. И будалава ми вика да клекнам или може вака, викам ако не клекнеш ќе кажам не. Клекна и ме запроси. Никој не ни веруваше дека не ме запросил. И кога се уверија мислеа дека сум бремена. За жал сеуште немаме принова. Се надевам дека ќе се израдуваме за брзо време. Свадба здравје во Март планираме.Ме запроси на 26.12.2017. (Да ја најдам сликата и ќе ја пуштам да го видите моментот.)
03.08.2017 Не бевме долго заедно, 11 месеци. Бевме на одмор во Сутоморе. Немавме разговарано за брак, но се решил таму и купил прстен. Таа вечер настапуваше Слаџа Алегро(инаку нему омилена) во дискотеката Хабана. Бевме 10 луѓе, неговите најблиски другари и брат му(сите знаеа што планира) Го резервирале главното сепаре и се договорил со келнерот Слаџа да најави запросување. Како се приближуваше моментот тој ме викна да станам да поиграме бидејќи седев на сепарето. Прекинува музиката и слушам како Слаџа најавува запросување, јас се вртам наоколу, аплаудирам и гледам кого ќе запросат, во ниеден момент не помислив дека тоа сум јас. Кога се завртев накај него тој веќе беше на колено и чекаше со пртенот во рака, се изненадив, бев пресреќна и нормално кажав ДА. Цела дискотека беше свртена со блицевите накај нас. До крајот на одморот јас бев во бунило, не ми се веруваше што се случи
Мене ми предложи брак на местото кај што излеговме прв пат и ја почнавме нашата врска. Го гледам збунет целиот се препотува ама не ми текна ич дека планирал такво нешто. Се врти лаже нешто, и на крај клекна и рече омажи се за мене, јас бев пресреќна и нормално реков да , после кај него дома он спремал се храна пијалок ги викнавме најблиските и прославивме,не беше некој романтичен предлог ама беше на местото наше , преубаво беше за мене, преубави спомени сега сме веќе 5 месеци во брак.
Мене уствари не ме праша Дали, туку самоуверено ми кажа дека Сака да се омажам за него Јас едно добри 30 секунди мислев дека ме заебава, не му верував, апсолутно неочекувано ми беше. И уште не ми е јасно кога успеа да го стави прстенот во џеб и како јас уопште не приметив дека го носи по цел пат, а цело време бевме заедно.
Кај нас е со договор. Либето знаеше дека не сакам такво изненадување. Бидејќи одамна зборувавме за брак отприлика имавме одлучено кога ќе биде. Така еден ден зборувавме за пријатели кои ќе прават свадба на лето. Па беше муабетот дека е многу топло, ние да сме правеле септември истата година. И така бидна. Решивме. Не им кажавме веднаш на нашите. Понатаму размисливме каква свадба сакаме, што и како ќе правиме. Им соопштивме откако одлучивме. Секој посебно. Одредивме датум кога ќе одиме на ручек сите заедно,за да се запознаат нашите. И веќе ќе почнеме со подготовки Кога се решивме, бев пресреќна. Мислам дека како и да испаднеше пак ќе бев среќна. Помислата на брак со него ме усреќува
Бевме девери на свадба . Имав чувство јас дека тоа ќе се случи оваа година ама есента а не летово. Пред да одиме во ресторанот заедно бевме и на фотосесијата цело време паѓаа зафрканвии со сликарите дека ако ме побара вечерва ќе имаме гратис фотосесија а ако не 100 евра за фотографите.Помина се скоро цела вечер и дојде моментот да се фрла бидермаерот. Јас со него се убедувам дека нема да одам тој ме турка напред јас се враќам назад му викам ако стојам назад ќе стојам нема напред да го фрли тој ми вели јас ќе те кренам ќе го фатиш и некако се убедивме застанав напред си почна marry me од Бруно Марс, невестата во еден момент се сврти накај мене и ми го даде букетот јас така останав запрепастена бидејќи веќе ми текна шо се случува се свртив го видов него клекнат пред мене и нормално пред 300 луѓе не можеш да кажеш не се шалам бев многу среќна еден момент појма немав каде сум ама се смирив имаше многу плачење од среќа бидејки беше изненадување за сите ❤
Едно прашање.. Може не ми е тука местото ама најдобар совет од вас ќе добијам.Имам идеа се спремно за запросување ме интресира само дали би било океј што прстенот не е класичен со камен туку во него на 100 јазици пишува Те Сакам и е интересно спакуван. Дали тоа прави некоја разлика ??
Ајде и јас да кажам како да ја запросив мојата сега веќе вереничка.Договорив све со нејзината Мајка (ептен се сакаме,и почитуваме),бидејќи никогаш не сум ја видел да носи прстени,незнаев број на прстен,па догг со нејзината Мајка и најде дома некој прстени и трк во златара,да одбереме модел и големина,купивме све и сеа го правиме планот како да го направам јас чинот,имавме гости од Полска и се догг да одиме во Охрид 2 пара,и братот на Пољакот,земавме преубав стан морам да признаам,и отидовме,иначе сите беа информирани за запросувањето,освен нормално девојката моја.Иначе прстенот 3 дена го носев со мене,среќа не ми го најде,имаме зборено за запросување,и последниот период (намерно),и зборев дека незнам дали би го направил тоа некогаш,сеа за сеа не,али понатаму можеби,една вечер се вративме од прошетка сите,и ке играме вистина или предизвик,и сите намерно ме местат мене јас да ја прашувам девојка ми,и доаѓа моментот да ја запросам,и викам вистина или предизвик?вика вистина,викам дали би се омажила за мене,и она окезена вика да секако,и јас и викам сигурна си,и она да сигурна сум,и јас станувам во тој момент го вадам прстенот,и она почнува ама чек,чек,ме заебаваш?не не ме заебаваш?ја клекнувам и викам не е заебанција,дали ке се омажиш за мене,и беше во тотален шок,2 саата викаше,не не ме заебавате,почнаа роднини,пријатели,родители,сите да вртат да ни честитаат,2 дена беше во шок буквално.Иначе сакавме да биде интимно,и не во јавност запросувањето,така и имавме порано зборено,на оваа тема.И ете сега си живееме заедно,делиме живот,па здравје ке дојде време и за свадба,не се брзаме ич за тој чин.
Да го раскажам и јас моето запросување, уште тука остана да раскажам, од толку што бев среќна и возбудена на сите посебно раскажував За Нова година бевме во Истанбул и вечерта на 31 паднаа многу запросување можда 2-3 пред нас и јас како и секогаш не можам а да не прокоментирам им викам на тие што беа со нас блазе си им на женскиве кога ќе имаат деца ќе раскажуваат како татко им ја запросил на 31 во Истанбул, нешо се зезав. Иии после две минути и дечко ми клекна на колена. Бев збунета и премногу возбудена бидејќи не очекував, ништо немавме зборено за брак.
Гледам никој не ти одговорил па ај јас...иако можеби веќе си и предложил. Мислам дека баш е супер ,и мојот не е класичен по изглед ама баш поради тоа повеќе си го сакам. А твојов е баш романтичен
За запросувањето ...две три недели предходно ме праша дали сум сакала да знам или да било изненадување,викам ако знам нема да е интересно и толку беше. Следуваше продолжен викенд преку еден викенд во кој што требаше да идеме на местото каде што се запознавме и се си претпоставував дека таму ќе биде. Во понеделникот чистејќи по дома кај него му го најдов прстенот ама како да се исплашив го вратив брзо назад. Нареден викенд како и секој викенд предходно(само на различно место) ајде ќе одиме на излет во манастирскиот двор на св.Никита . И ок како за на излет облечена читај хеланки и маичка си тргнав јас поим немам што се дешава другите мислам дека знаеле. Едно време вика ај да се сликаме и тука ми падна чудно (ич не сака да се слика) па уште и бира не овде онде си викам што му бидна. Направивме неколку слики и мене ми се смачи викам ај доста и си тргнав да седнам ми вика чекај се вртам накај него он клечи. Кога го видов прво викам ај не ме заебавај он се исклештил викам ДА и седиме и двајцата така не ми текнува прстенот ни да го земам ни да ми го стави. Ракоплескања од страна. Арно сестра му викна а прстенот и како да се разбудивме двата. Па одма организација музики кафеанче за прослава а јас тука сама(од различен град сме ) тоа само ми беше тешко ама не мислев многу за да не се растажам
Само што се запознавме одлучивме да направиме едно заедничко патување во Санкт Петерсбург. Мајка ми кога слушна хаос, кај ќе одиш ти не го познаваш ни 2 недели, јас за него ќе се мажам и рековн ти уживај, иначе сме 7 години разлика. И така ние кога правевме месец дена од врска му обеќав дека со нашите штрумфови еден ден ќе се вратиме таму. Врската ни беше на далечина, јас странство тој тука Мк. Обожаваме да шеткаме низ државиве така да се ми беше најнормално. Сите знаеа дека ќе бидне нешто ама барем по негови муабети требеше во септември да одиме пак на некое патовање со 2 дестинации и тој да одлучи каде да ме запроси. После 9 месеци од нашата врска јас дипломирав и мм дојде Виена да ми честита и како за подарок ми рече резервирав јас во Халштат да отидеме на викенд, да не сме само тука. Мене не ми вели два пати за да отидам негде, куферчето е одма спаковано. Ни на крај памет не ми текна дека таму ќе клекне пред мене, си чекав јас септември. Патот до таму ме умори ептен и прво сакав да одмориме па да шетнеме ама он се запна ајде та ајде. Си имал оранизирано фотограв, топло време,туристи еден куп,сите сликаат, јас занесена исто со сликање не ни приметив дека некој не прати. Се кацивме на високо кај што се гледа се убаво и тој чекал да нема никој хаха па клекна.. срцето ко не ни излезе на двајцата и наместо веридба во септември испадна свадба, еве не сега го успиваме нашиот прв штрумф, уште две/три и одиме на местото каде што му обеќав дека ќе се вратиме како голема фамилија
Девојки кажете ваша идеја каде би сакале вашиот дечко да ве запроси, или каде веќе ве запросил. Споделете информација од вас или од ваша пријателка. Што да направам за да биди многу добро, да биди многу добро изненадување