Ај тие што веќе ги побарале си кажаа како било,ама тие што не ги побарале ниедна не кажа како го замислуваат запросувањето,ај ве молам баш ме интересира. Однапред благодарам
Јас не сакам запросување,јас сакам договор! Не сум човек кој сака изненадувања и непланирани работи...
Sakam da sme sami, ne pred luge. Nesto neobicno, a sepak obicno i interesno. A ne znam sto ). Moze samo da odglumi nesto, ili da smisli da bide nekako skrieno, sto znam . E bas se setiv, samo sto takvi nesta retko se slucuvaat. Vi teknuva vo Sex and the City, koga ne Mr Big, ovoj drugiot, kako se vikase.... ke i go dade kutivceto, koga go setaat kuceto, i koga ovaa demek ne gleda, ovoj vrzuva kondura i i podava demek nesto, ili kako bese i ke bide tokmu toa ).
па здравје ако останам со дечко ми, знам дека ќе ми приреди нешто убаво и роматично зашто тој е таков по душа и секогаш е оригинален и затоа не може моментално ништо да ми падне на памет
Јас уште го немам доживеано тоа ама по барање на Трапалче Ќе ви кажам како си го замислувам предлогот за брак 1 Опција: Ноќе на плажаа со оган запален а ние си се гушкаме и ме носи до морето и божем камче му влегло во ногата, извадува прстен огромен дијамантен што светка (а цело време сме сами) потоа ме носи во некој ресторан романтичен каде што ќе нема никој или куќа уредена, со црвено бело и ружи црвени насекаде шампањ и тако даље 2 Опција: На романтично бротче (јахта) исто така романтично уредено со полусветло, при нарачување на храна би сакала внатре во јадењето да најдам кутија со прстен се разбира Многу фантазирам нели?
Абе се е убаво ама ако излезе како што замислуваш нема да биде изненадување.... Подоборо е тој да смисли, нели?? Јас сакам да ме изненади,на негов начин, ама не пред мн народ, т.е. пред никого. Да бидеме сами
Нај многу би сакала да ме изненади на некој негов начин, зашто како и да е, тој момент останува и вечно се памти, па би било фино од негова страна да се потруди малку
Кога ќе дојде моментот, нема да мислите што и како било, за вас ќе биде најубаво на свет. И да е без посебни церемонии и припреми, пак ќе ви биде најубаво, верувајте. Ќе видите кога ќе ви се случи тоа
Абе уште ми е рано хахаха Али да си кажам мое мислење.........секое момче си е креативно и сака да ја изненади својата девојка така да се надевам и мојот иден дечко ќе го направи тоа ехехе а ако јас би била машко би предложила брак кога ќе бидеме сами можеби на некое романтично место, со тивка музика, ммм И би сакала да чујам од машките на форумов како би и предложиле брак на својата девојка
лоол...се изначитав прекрасни запросувања и фантазии е кај мене беше сосем обратно тоа запросувањето се случи на кладба си идевме од некаде и случајно ја отворивме темата за брак и сл.И се заинативме...ако им кажеме на пријателите дека демек планираме свадба никој нема да ни поверува бидејки до тогаш не сме давале повод за така да мислат.Тој викаше дека нема да ни поверуваат а јас обратно.и на крајот испадна по мое и не само тоа туку тие раскажале на сите,па почнаа да се спремаат(поклони,облека и сл),некои и кумови ни се понудија а тој беше збунет и не знаеше што да направи И така после се договоривме што и како и еве не сега задоволни од така бргу донесената одлука.Макар што мислам дека и потсвеста играше некоја улога кога се решивме да се кладиме за таква работа Се разбира во позитивна смисла Добро е што не сум некоја романтична душа, инаку тешко него
ne sakam nisto da zamisluvam ili planiram,zasto sigurno nema da ispadne taka kako sto ke si zamislam,a pak na krajot kako i da mi predlozi ke mi bide najubavo
И јас досега не сум ја доживеала понудата за брак, а не ни ја замислувам од причина што секогаш тоа што го замислуваме не испаѓа така на крај,затоа оставам се да си тече спонтано,за се во животот
Мене ми се случи да ми понуди брак (ама се беше шега). Значи пред цело негово друштво ми клекна на колена и ми извади прстенче. Убаво беше. После ме тргна настрана и ми рече дека вистинскиот прстен ќе биде многу поубав од тој. И дека ќе биде на многу поубаво место
Јас не сум романтичен тип и не сакам романтични понуди за брак. Тоа му го имам кажано на дечко ми, ама не знам како ќе го прифати бидејќи тој е романтичен тип.
хм се случи сеа брзо бар сте запознаени. а како ... иако сме долго време заедно не ни осетував дека ќе ме побара за жена така на викедн во ох. тој договорил со друштво се седиме во ресторанче си правиме шема се едно друго. и имаше жива музика и почнаа да ја свират једина од оливер драгоевич <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/eEmVB4UiQp0?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/eEmVB4UiQp0?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object> и ми вика мислам дека нема поубаво место и поубава песна на која би те прашал дали би сакала да ми бидеш жена. го вади прстенот а јас занемев незнаев што да правам кажав да. почнав од среќа да плачам а друштвото на сето тоа пукаше шампајнско. нешто незаборавно нешто на што мислам ке се сеќавам цел живот