Зависи се до жената. Пример мене многу би ми било глупо да е на некое туристичко место или сред мол, публика да има. Повеќе би сакала у кревет сабајле да ме запроси него така срам да ми биде. Место каде се запознавте, место каде прв пат бевте на дејт, место каде нешто монументално се десило во вашата врска. Можеш да направиш како албум со ваши слики низ годините и на последната да го залепиш прстенот. Мислам дека е убава идеа, ќе ве врати на моментите кога сте биле најсреќни. Ама сепак секоја жена е различна, некоја сонува да биде запросена пред публика, некоја не. Мислам дека најубаво е да се советуваш со некоја нејзина добра другарка и таман ќе ја натераш другаркава да ја однесе девојка ти на некој маникир. Убави да и се ноктињата коа ќе го слика прстенот хаххаха
Знам шо не сакам: Охрид - Канео, за Нова година пред 350 луѓе, за Валентајн со свеќички наредени во форма на срце и ружи на кревет, туристички места, за роденденот поклон прстен, пред цела фамилија и друштво итн. Еве некоја идеја: планина, на некое мирно и тивко местенце, на некој балкон со убав поглед. Само вие двајца, природа, винце. Индивидуално е, ти ја познаваш каков тип на човек е, секој си сака различни работи. Среќно
Сите ве прочитав сабајлево. Браво за креативните дечковци, многу убави запросувања прочитав. Летото на одмор ме запроси, но во хотелската соба, само ние си бевме, не беше јавно. Претпоставував дека ќе ме запроси да сум искрена зошто многу сакаше баш на Миконос да одиме и никако на друго место. Кога бевме на прв одмор како студенти, во ресторан пред нас имаше јавно запросување. Искоментирав дека ми се допаѓа вака запросување покрај море, само малку поприватно да е, но во замисла дека сакам да е на Миконос или Санторини, некако романтични ми се. Или некаде во Италија. Не очекував дека толку години го памтел тоа, но ми ја исполни желбата. Се договорил со вработените во хотелот додека сме на ручек, да организираат се во собата, ружи, шампањ, десерт. Прекрасно беше. Ние веќе и си купивме заеднички стан некој месец пред одморот, ова беше само официјализирање. Кажав да, после падна celebration sex. Пишавме пораки на нашите дека кажав да, објавив слика со прстенот и цела вечер исклучив социјални мрежи за да уживаме во моментот. Мило ми е што не го направи тоа во јавност. Преубаво си поминавме, само јас и тој.
Јас очекував да ми предложи брак не беше ништо посебно ниту со некои фешти. Кога дојде само ми рече јас овој пат не се враќам во Русија без тебе и извади прекрасен прстен и секако јас веднаш прифатив прекрасно беше.
Дечко ми не е романтична душа и се плашам како ќе го изведе ова еден ден. Се надевам ќе има нечија помош кога ќе дојде тој ден. Би сакала огномет, ружи, свеќи... Немам точна замисла, но било што што ќе биде романтично и посебно. Може, но и не мора да сме сами, само да не е пред голем број непознати луѓе. Всушност, кога ќе размислам, може да биде дента на одбраната на дипломска. Би било интересно и баш временски прикладно (во однос на годините). Дупла среќа во еден ден.
Би сакала да се потруди околу запросувањето да биде романтично, баш сега ми прати другарка видео како ја запросува дечкото предобро смислено им посакувам се најубаво!
Останав бремена, па очекував дека кај и да е ќе ме запроси после тоа. Пред тоа веќе зошто бевме заедно 7 години, сме разговарале, сакавме да почекаме уште 2-3 години, но може и поубаво ни излезе вака. Прстенот многу беше погоден по мој вкус. Ме викна да одиме на вечера, наводно да прославиме за бременоста, да било како дејт. Не бев сигурна дека тогаш ќе ме запроси, но очекував. Во ресторанот немаше многу гости, се зачудив, но не загледав кој се има, седнавме во надворешниот дел, а таму немаше никој, внатре само неколку маси видов со луѓе. Биле нашите пријатели викнати и родителите. Ме запроси тогаш, другарка ми снимаше се и ни остана како спомен видеото, убаво беше испланирано. Да не било ова со бременоста, ми кажуваше дека планирал на некој летен одмор да биде на една дестинација што секогаш сме сакале да ја посетиме. Но, добро, сепак се потрудил, се беше убаво, прстенот многу ми го погодил по вкус, сепак по седум години врска, ме научил што сакам.
Pred 8 godini vo Ohrid na kaneo pa se pogodija edna grupa kinezi vo toj moment pa ne iznaslikaa i ni cestitaa- se nadevam deka bese cestitka ne razbiram kineski, a moze i me predupreduvale da ne prifakam ama koj mi e kriv sto ne razbiram sto zborat
На одмор во Грција, и тоа на датум што имаше посебно значење за мене. Во ресторан на сама плажа на зајдисонце. Го замоли келнерот да не слика додека застанам што да видам он клекнат со прстен во рака.
Zdravo na site, periodov planiram da ja zaprosam zenska mi ali mi treba vasa pomos.. za 20 dena slavime godisnina ali jas ke bidam na patuvanje pa sakam da proslavime i da ja zaprosam pobrzo.. Taa saka nesto specijalno neobicno, znam samo deka ne bi sakala da sme sami vo soba ili nekade tuku da bide bash iznenaduvanje.. Nekoj predlog? Nekoj restoran hotel ili mesto?
Хотел да ,некое место со добра музика и храна ,или покани ја на вечера негде во добар ресторан и побарај ја за жена.
Првото место каде што се видовте првиот каде Ви е? Ако одговара да е јавно и слично направи таму нешто, макар и да е на улица, смисли донеси музиче нешто, направи интересно и запроси ја, нема поубаво нешто. Првиот чекор кај што сте го направиле, првиот дејт..