<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/eEmVB4UiQp0?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/eEmVB4UiQp0?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object> и ми вика мислам дека нема поубаво место и поубава песна на која би те прашал дали би сакала да ми бидеш жена. го вади прстенот а јас занемев незнаев што да правам кажав да. почнав од среќа да плачам а друштвото на сето тоа пукаше шампајнско. нешто незаборавно нешто на што мислам ке се сеќавам цел живот [/quote] Прекрасно.....ми се наежи кожата што го прочитав.Едно големо за твојот сопруг и изборот на песна.
Јас си замислувам како седам дома, со мајка ми татко ми и сестра ми на маса и стигнува дечко ми со неговите. Седнуваат се јаде, пие, мези и од тука јас стигнувам со слаткото и им понудувам на будучите свекор и свекрва слатко и им велам "Повели мамо, повели тато" (во истиот момент добивам нагон на повраќање ) Кафе не се служи на такви моменти, затоа што се верува дека животот ќе ти биде црн како кафето. Значи, исклучиво алкохол, за тато и татко му да се начукаат. Од тука со такси, чеизот в скут и кај него.
Каков што ми е животот, замислувам дека јас ќе морам да речам прва - Абре ќе ме зимаш или да кршиме глава? Инаку, отсекогаш сум сакала интересна понуда за брак, со убав прстен на прометно, бучно, јавно место. Сум кажала дека на само, ние двајцата да се гледаме и да трепкаме, не сакам. Сакам бре целиот свет да ме види како врескам од среќа! Мој другар и понуди брак на девојката, сега веќе вереница на Ла Рамбла во Барселона. Застанал демек она да го слика, ама далеку и клекнал со прстенот. Она мислела дека само позира и му викала цело време, ама приближи се поблиску, не ми е добар зумот на апаратот. Кога конечно се доближил, девојката сфатила за што се работи и експлодирала од среќа. Претходно другаров договорил еден турист од страна да ги снима, за да имаат за спомен. Многу е интересно клипчето, милион луѓе од страна аплаудираат, носат цвеќиња, едноставно магично.
Леле леле, солзи ќе течат на таа песна... “мома се од мајка делеше“ не ми е за мајка ми, за милиот мој дом ќе ми биде жал!
сакам да е премногууууу романтично, да се надевам дека на дечко ми еден ден ќе му текне да направи нешто интересно
Значи само шо ке помислам на тој момент, ми се раѓа огромна насмевка на лицето. Мене ме побара пред скоро два месеци и тоа во ресторан сосем неочекувано, ама по шо немаше прстен ми направи од хартија и така си стоев цела ноќ. Утредента добив преубав прстен, ми го даде онака клекнат на колена ...после тоа се гушкавме еден сат. Најубавото гушкање во мојот живот.
Лелел баш креативни приказни! Мојон труп, ни Р нема од романтика, само ме прашува......хеј кога ќе се вериме?? Ајде да се договориме да одиме во златара, да ти купам прстен......И јас хелоууууууууу......пукам...... ! Тотално одсуство од романтика и осет, цццц...........и само ако не ми направи запросување како изненадување, има да го откачам, клоцата и бај бај! ! Само заради тоа ќе му речам не , па нека си ја чади главата!
хахахах Scarlet88 ме изнасмеа! Мојот предлог за брак беше на колена, али во 3 часот сабајле Се слушнавме на телефон,и ми вели идам буди ги твоите, а јас оваква останав O.o Мислев sе зеза, но не било така, и ајде во 3 сабајле музика
Никогаш не сум го замислувала или пак да посакувам вака или онака да ме побара за жена зошто само тој може да смисли свој оригинален начин Само се надевам дека ќе плачам од среќа!
Порано често размислував како ке изгледа тој момент, ама сега бидејки предолго трае, тогаш само би му рекла , АРНО ТИ ТЕКНА !!!
Мојон труп, ни Р нема од романтика ако и јас чекам романтика стара мома ке останам. не ми требат романтики доволно е само да му текне веке еднаш
Mene deckoto me pobara na mnogu romanticen nacin,bas kako na filmovine,da mi raskazuvase nekoj nemase da poveruvamSlavevme 5 god. i me odnese na vecera.Pred toa dojde kaj mene i mi donese edna golema kutija a vo nea imase fustan i karticka na koja pisuvase da go oblecam i nisto da ne prasuvamSednavme vo kola i bevme na vecera vo Balkanika.Veceravme se i si trgnavme nakaj doma,t.e. nakaj nego.Stignavme i jas ko po navika otidov vo wc,a on za toa vreme se kaciv gore i zapalil sveki,a predhodno denta stavil 24 baloni na prozorot vo vid na srce(na 24 ni e godisnina)i vo eden od niv go stavil prstenot.Jas izlegov od wc i me naceka brat mu i zapocnavme muabet.Decko mi se simna i samo vikase po mene ajde dojdi gore,aj da ideme gore a mene ni na kraj pamet ne mi tekna zasto.Bas ni trgna muabetotI vide ne vide,gleda deka mene ne mi teknuva me fati za raka i me odnese gore ama me pusti jas da idam prva.Otvaram vrata i sto ke vidam)))Na masata imase zapaleno sveki vo vid na srce,vino i 2 casi i na prozorod pod balonite stoe edno livce.Na nego pisave kako me saka i se toa i na kraj pisuvase...Go zema upalacot i go dupna balonot kaj sto bese prstenot.Go zema prstenot mi klekna na kolena i me prasa.Jas odma odgovoriv da,da,da.Zaboraviv da pisam deka celo vreme placev od sreka. Nikogas nema da go zaboravam toj den
хммм прекрасни предлози прочитав не е важно како ќе изгледа важно е како ке го доживееме моментот Мене ме побара за жена кога најмалку очекував беше во USA 6 месеци и ми спомна еднаш од таму дека ке ме земел за жена хммм тешко да му поверував затоашо знам дека е исчукана глава Си дојде,остана тука месец и пол....требаше да одам со него јас ама малерка си е малерка ме одбија за виза во таа глупа амбасада и паднав во депресија,не можев да си замислам дека пак ќе бидам сама!!Дека пак ке плачам за него како мало дете и,дека пак ке се нервирам како првиот пат а во врска бевме само 3 месеци од кога си замина го чекав 6 месеци ехее......(зборот ми беше) од кога ме одбија паднав таа ден скрос у депресија ме убеди некако да испаднеме демек последен викенд ни бил уффф како го прифатив јас си знам тоа излегување...Кога гледам без кола испаѓаме ииииииииии му викам мило што ти е?Он,брз одговор вечерва ке пијам алкохол и ме однесе на вечера а репертоаров на музикава у пм да пропаднеш од тага рукују се рукују они који путују и такви некој си депресивни...Почнав да се лигавам пред негоо оти си оди!!!!Не ми извади прстен како кај некои само ме праша:Сакаш ли да бидеш мајка на моите деца?Сакаш ли да бидеш со мене засекогаш?ОУ МАЈ ГАТ се запрепастив а тоа го чекав долго време ехеее Кога срипав од стол сите во мене зјапнаа и само на глас ДАааааааааа ..... и до ден денес не ми се верува дека сум си со личноста шо највеќе ја сакам!!!
како што кажа ариел веќе некако и нашево беше ствар на договор као ај ќе живееме заедно па на неколку пати го испитуваше теренот дали сакам да му бидам жена и мајка на децата дека сум му све на светот бла бла и многу нормално му кажав да немаше ни прстен ни нешто посебно романтично нашиве знаат дека кај и да е ќе биде и венчавка сите чекаат. е сега за официјално побарување и прстен незнам можда и ќе се деси јас не сум романтичар ама би сакала прстенче. кога веќе би се десило би сакала со песна или само да каже прекрасни зборови за тоа колку ме сака како што само тој знае да ги каже и покрај се да плачам од среќа мислам дека убавите дела и зборови секогаш се изненадување... ќе ви кажам сигурно ако се случи
Не е битно на каков начин ке биде... битно знам дека ке се исцедам од плачење... Некогаш си плачам само кога ми кажува дека ме сака, а камо ли кога ќе ме праша тоа
како не ја најде темава дечко ми и да добие некоја идеја. немора за брак (не дека не ми одговара) барем за една романтична вечера....свеќи, вино...се јас мора да изненадувам. Е што да не сака јас и брак да му предложам на него не му текнува. Јас фино лепо сум му кажала дека ако не ме побара на некој романтичен, интересен начин, ич не ни прифаќам да се мажам
Мојот дечко на следен начин ме запроси Решивме со нашите пријатели да одиме заедно на одмор Албанија.Меѓутоа воопшто не ни се бендиса таму и плативме само за 5 дена и се вративме дома Вечерта пак куферите со нас се качивме во автобус правец Будва.Сосема друга приказна поразлична од Албанија Многу ни се бендиса се плажиравме се шетавме насекаде и дојде време да одиме Св Стефан Многу убаво место кога стигнавме таму мојот дечко ми рече ќе оди да види дали е отворено да прошетавме ама беше затворено и мојот дечко беше разочаран Јас му велам ајде де не е крај на светов (а тој си имал план таму да ме запроси).Следниот ден 06 часот се качивме во автобус дестинација Хрватска - Дубровник. Прекрасно место се шетавме цел ден беше преубаво и мојот дечко ме остави да седам на една клупа а тој отиде да купи сок Се врати со еден преубав букет и со едно црвено кутивче во рака Ми го даде букетот ме бакна го отвори кутивчето каде што беше прсенот и ме праша дали сакам да му бидам сопруга остатокот од животот да го поминам со него?Јас не со плачење него со РИКАЊЕ МУ КАЖАВ ДА се изгушкавме се избацвивме и беше прекрасно Многу бев изненадена зошто тој уште од Охрид го купил прстенот и го носел цело време со него и тоа ми е најубаво зошто беше на Голема Богородица на 28 Август Една година подоцна направивме свадба и го имаме најубавиот ангел на цел свет малото наше маже Андрејче. [mod-tekst:z0rm3b21][/mod-tekst:z0rm3b21]