ако воопшто некој ме побара за жена, скам тоа да бид на врвот на Ајфеловата кула во Парис. колку скромно, нели?
http://www.youtube.com/watch?v=QviGzgUq ... r_embedded Погледнете ја најсреќната жена на светот )) Ќе ве молам изгледајте го цело видеото и нормално покрај вас да има марамчееееее ))))))
mnogupati sam razmisluvala na ovaa tema, jas sakam da mu predlozam na mojot decko da se ozeni za mene ama za 1 2 god ako ne mi predlozi on na mene go imam zamislene prekrasno ke go odvedam vo nekoj restoran vo koj ke razerviram soba a vo sobata ke bide se so crveni rozi sveki nasekade sanpansko a prvstenot ke mu go stavam vo casata vo koja ke pie mislam deka ke bide prekrasno :0
Па и не е нескромно вреди за добра жена. Баш така ја запроси дечкото една моја пријателка. Оваа цел живот сакала да оди во Париз. Живееја заедно и требало да уплатат во агенција за одмор некаде. Ама дечкото без да и каже ништо уплатил патување во Париз. И кога се качиле на Ајфеловата кула ја побарал. Освен тој турист што дечкото му рекол да снима со камера имало уште десетина што почнале да снимаат. Јас инаку не сум романтична ама кога прочитав некои постови тука се наежив...дури и желба за мажење ми дојде
Јас само едно знам. Ако сака стварно да ме земе ќе мора се да биде резервирано во ист ден! И запросување и барем регистрирање! Во спротивно 10 пати ќе се премислувам додека да се деси свадбата. Свадба Не, не. Не сум јас за овие работи, ме плашат! Мој одговор на темава на кратко е дека не сакам да ме запросат!
Ако некогаш се најде некој со коњски живци кој ќе ја има храброста цел живот да го мине покрај мене, тогаш тоа сакам да биде...хмм. Не, не сакам да замислувам што сакам, како сакам и сл. тој нека мисли. Сакам само тоа да биде необично и навистина да ме изненади. Не сакам претеризми и ангажирање на цели екипи луѓе за да изведе едно запросување, сакам да биде на негов начин, убаво, фино и само пред нашите 4 очи и ничии други. Тоа ми е желбата, а местото и текот на настанот ги препуштам на неговата имагинација!
леле немате појма што ми се деси...Кога ја гледав снимката не знаев што да правам...Сегашниот ми (не ми е дечко, ама нешто такво xD) со другарками на кафе и он и збори за мене и таа лудачата го имаше снимано каде што вика: Ќе ја женам, што сака нека е!!!! Ќе ја женам ! Ја сакам ! а јас абер за мажење немам
Уште не паднал предлог ,ама ќе ви кажам како би сакала да ми предложи. Мора да биде оригинално и во јавност ,сите да го слушнат неговиот предлог и моето ДА. Би било идеално кога би ми слетал со параглајдерот среде чаршија со огромен натпис "Маршелинке ,единствена моја ,омажи се за мене!" (баш така ,да не звучи како молба туку како наредба ) ,јас ,нормално ,да си прифатам и да си го изнацеливам додека се дешава феноменот "all eyes on me" и сите ни аплаудираат на лудоста и среќата !
здраво и од мене...ми се бендиса темава па реков ај и јас да се приклучам...јас еве су мажена веќе 2 години.со маж ми одевме 6месеци...но нема врска колку време ќе одиш,може некој и по 1 недела одат па после се земаат и имаат посреќен брак отколку оние кои одат по 3-4 год...мене маж ми ми понуди брак кога ме носеше дома една вечер...и ми вика мора нешто да ти кажам јас се стаписав реков ќе ми се кара и ми вели имам едно прашање.и велам акде а мене срцево в петици.и вели за мене животот нема смисла ако ти не си во него дали сакаш да ми бидеш сопатничка за цел живот да бидеш моја додека не не раздели господ,и јас само молчев и кога ми дојдоја солзи радосници на цел глас рикнав да плачам и се знаеше одговорот да.немаже некои церемонии прстени но доволно беше зборот.пошто тој имаше 20 год,а на 20год да заборавиш на се на шетање на другари на зенски стварно треба да сакаш некој и јас сфатиф дека ме сака штом толку мал се жени иако му велеја дека е мал за женење од дома,ние си се зедовме и еве веќе 2 год си сме заедно во брак си пораснавме заедно....и то е тооо.најубаво нешто е кога имаш со кој да поделиш се..со кој да се насмееш...да се нашалиш...да го почуствуваш твоето тело до неговото...да правите глупости едноставно да уживате во бракот...кој умее да ужива кој не....ке пати.позз до сите мажени...
Мислам дека го имав пишано некаде мојот предлог за брак,ама еве и по вторпат во соодветната тема Мојов беше на фудбал со колегите и ми рече ќе одиме после во кафана.Јас си седев на фемина,стандард,и накај 12 и нешто вечерта ми се јави и ми рече немој да заспиваш да ме чекаш купив нешто благо да јадеме и ќе си легнеме.Ок чекав јас,дојде тој накај 12 ипол ,и носеше кутиче во форма на срце,големко беше и рече на враќање од една слаткара купив нешто да се заблажиме...кога го зедов се изненадив од што беше лесно,и кога почнав да го отварам и кога он клекна-ми светна шо е Внатре сваровски-си знаеше он однапред ,и така цела вечер среќни утредента не отидовме на работа, тркнавме дома неможев јас да издржам да ја видам мамичка...аххх и ден денес ми паѓа тешко што наскоро ќе се одделам од дома, ме чека тежок пат,нема да биде како до сега...се надевам дека со неговата подршка и љубов ќе успееме се да поминеме........
Здраво феминки, читам и ненајдов сеуште ниедна што ке каже дека она го запросила дечкото. Епа кај мене е вака- Бевме во врска 5 месеца и еден ден се договоривме да гледаме филм и да играме карти кај него дома, јас тој ден отидов да кажам на онака контрола на гинеколог не ми каснеше многу само 4 дена и кога видов бременост, бев пресрекна. И така отидов вечерта кај него дома со едни другарчиња наши седнавме и така сите занесени јас станав извадив бело ливче а тоа ливче беше потврдата дека сум бремена, и само реков морам да ти кажам дека те сакам знам дека е рано за брак малку време сме заедно но јас сум бремена и он кога слушна гласно извика ЈУПИИИИИИИИИИИИИИИ па тоа е убаво нели, нели. Одма излеговме надвор да се почастиме некаде.
Толку беше предвидлив што знаев точно каде, кога и како ќе ме побара...и не згрешив... Глумев цела вечер наивност и смиреност и едвај чекав да видам како ќе се препотува и пелтечи И бидна по пропишаното...клекнување, прстен и говор...Не заплакав, не крикнав, туку фино лепо ми стави прстен на рака и заминавме на јадење, пиење, и 'бизнис разговори' околу живеачка, реновирање, финансии... Знаеме да бидеме многу романтични но таа вечер (дали од трема) беше бледа копија на некоја романтична сцена на филм од ш-категорија
Мене спонтано ми предложи брак-како во муабет абер немаме за брак и одеднаш само ми рече е тоа ке го направиме кога ке се венчаме-САКАШ ЛИ??? Јас велам сериозен си? И веднаш прифатив така што после 6 месеци забавување си се венчавме,а после уште 6 месеци си ја добивме нашата керкичка
ме расплачивте колку убави приказни,се надевам дека и јас ќе дочекам ваков среќен момент т.е сите феминки кои сеуште не се мажени ни верени
Мојот сопруг брак ми предложи среде водење љубов , и само кратко да послужи,онака да се знае местото беше Nicaragua(каде што бевме на меден месец) и онака цел ден ни беше романтики ова она...и еве што било.
Предлогот за брак на вереникот мој е повеќе за во смешни случки него ли за тука ама ај Не е ни класичен предлог туку повеќе соопштение Си правиме неврзан муабет на скајп и ми вика денес подадов документи за дозвола за регистрирање(marriage licence)и пред да почнеш да се буниш дека не сум те ни прашал ни ништо,животот ми е мил и затоа така направив.Татко ти во последно време мрко ме гледа као сум му ја напумпал малата принцеза а прстен не сум ти ставил на прстот а бидејќи знам дека има пиштол дома(татко ми има пушка стара којзнае колку години и чисто сумњам да е функционална,драматизира мојов )најдобро решение е да си се земиме.Сега останува уште да кажеш да ако сакаш јас да си бидам жив и здрав и татко ти да не заврши во затвор за моето убиство Мојот одговор, е ај како сега да ти кажам не, не сакам тате да заврши во затвор И двајцата сме луди, сме се нашле за какво тенџерче, такво капаче
Хмм и јас сакам да се мажамм а предлогот па сакам да ми предложи брак на местото кај што се запознавме во сендвичарата во гимназијата кај што учевме онака немора да држи говор само нека ми даде прстен и јас одма ќе речам ДАААААААА
Сакам да ми предложи брак,не мора нешто специјално,ама не сакам да дојдеме до она,ај доста се влечкаме,дај да го официјализираме ова,сакам да ме запроси сепак
Кога ке се реши на тој чекор, подобро да биде нешто специјално инаку ке кажам НЕ И да бидам искрена, едвај чекам.