Хахахаа и јас така цело време викав и да знаеш само како го напнав дечкото (сопругот сега), па мораше да се докажува... ме побара на одмор, на море, на Canal d'Amour
Епа женски мојот предлог за брак беше пред 2дена и вака изгледаше! Отидов да се бајнам и како по обичај до дека не ја истрошам целата вода не излегувам и се задржав околу 1 саат во купатило. Бевме сами дома неговите беа излезени и јас нормално си се прошетав во крпа и отидов до собата и што од вратата на купатилото до собата наредени свеќи и листови од рози. Влегов во собата на креветот Букет рози. Но тој го нема и еве го со веренечки прстен .Секако на колена клекна и праша Сакаш ли да ми бидеш жена? Јас заплаков од среќа и реков дааааа!!!!
Честитам наташа. ПА овој твој вереник многу романтичен бил. Да си имате многу среќа во заедничкиот живот и се разбира секогаш да си останете вљубени
Тој и романтиката се 2 различни поима Секако го прашал татко му како да ми предложи брак. Јас велам дека е ненормален ама ај
Идеjа: (Прво купете огномет,пријавете во полиција,земете 2-3 другари со вас за да го пуштат огнометот) Однесете ја девојката на кале,седнете на некоја клупа од каде што се гледа Скопје,и кога вашите другари ќе го пуштат огнометот,оставете ја девојката 4-5 секунди да гледа да се израдувана на огнометот,а потоа кога ќе ве погледне вас,вие веќе бидете клекнати со прстенот во рака
не сум размислувала како би ме запросил кога би ме запросил дотичниот или кој и да е за романтина сум и тоа многу, а и плачка сум голема па ке видиме што ке биде-кога ке биде
Идеја: доколку живеете заедно, или пак кога ќе бидете кај неа на гости... Купете супа со букви што е, на шпоретот наредете ја фидата(буквите) ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ, потао отидете и седнете си во собата, најдете изговор, т.е. пратете ја саканата до кујна, да ви свари кафе или нешто слично...а потоа тргнете по неа. Понатаму се знае што следи.
Идеjа: израаботете маица ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ, отидете кај вашата сакана, но врз маицата носете и друг дуксер. Потоа пуштете некое филмче,направете романтична вечер,заведете ја саканата...кога таа ќе посака с**с, ќе почне да ве соблекува, соблекувајќи го дуксерот ќе ја види маицата ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ сигурно ќе се изненади и ќе остане без зборови, во тој момент извадете го прстенот и повторете и го прашањето.
http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/ve ... onishtata/ секоја чест на момчето ... иначе гледајќи го видеото ми дојде желба и јас да си се омажам
Можам да замислам кое ќе биде финалето,ако увертирата е бџ. У секој случај не завршуеш онаму каде што си тргнал. Ќе се радувате романтично на вашате среќа.
Јас нема ни да ја забележам маицата Него јас не сакам некои вакви запросувања, сакам да си бидеме сами и уз муабет да ме побара или да се договориме
Обично не сум некој фан на романтични моменти, но кога е во прашање ова апсолутно сакам да биде добро смислено изненадување,кое ќе ме расплаче од среќа и кое ќе го паметам цел живот. Под услов да сме сами,не пред други луѓе,бидејќи тој момент е најважен за нас двајца,нема потреба од публика. И да, ако проба да иде на сигурно со претходно договарање,наговестување т.е. ако го уништи моментот - изненадување,не знам баш дали ќе добие потврден одговор. Ценам креативност и спонтаност.
И јас како марама не сакам некои претерани изненадувања кога ќе ме побара за жена, сакам да бидеме дефинитивно сами, (дури и сигурна сум дека нема да биде пред луѓе,зошто е по малку срамежлив). Од друга страна па си викам дека нема да има некој голем предлог, сметам дека ќе биде нешто како договор. Па по веќе 7 години врска не барам и којзнае какво запросување.
Идеjа: отидете со саканата личност на палачинка, оставете ја саканата да нарача кој вкус на палачинка сака, а потоа вие најдете изговор да отидете до шанкот, дајте и го прстенот на келнерката и на тањирот со течно чоколадо нега испише ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ (на цел тањир испишано), и на него ставен прстенот (паличинка не-ќе нема простор), потоа вратете се на масата и почекајте ја нарачката и реакцијата на саканата кога ќе ја послужат со тањирот.
http://www.youtube.com/watch?v=XbCtUlb9mEk Девојкава лично ја познавам и го стави ова на фејс. еве како ја побарал дечкото за жена.. Супер идеа!!!
снежна кралице ти си навистина полна со идеи, Момци читајте , би сакал еден ден да ни кажеш како тебе те запросиле ( се надевам на некој изненадувачки начин )
Благодарам искрено се надевам дека на некој добро ќе му послужат идеите, со огнометот,фидата,палачинката,маицата....секако штом пофторно ми дојде нова идеа ќе ви пишам И јас се надевам дека еден ден дечко ми ќе ме запроси се разбира дека ќе ви се пофалам.
Идеја: Кога ќе бидете сами кај девојката, или доколку живеете заедно, но може и кога ќе сте на одмор,....моментот е купатилот? Можеби изгледа смешно, не ќе биде романтично Речете и на саканата дека ќе и подготвите убава купка,убедете ја таа да гледа тв и трпеливо да почека.Вие отидете: наполнете ја кадата, опкружете ја со мирисни свеќи, нафрлете латици. А прстенот убаво врзете го околу гумена патка,или уште поубаво гумен лебед,која ќе ја оставите да плива во кадата.Потоа отидете кај неа и речете и дека купката е спремна....понатаму се спонтано си се одвива, кога ќе го примети прстенот со патката/лебедот,гушнете ја и тивко шепнете и на уво...ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ Спојлер на ваква патка или лебед мислев,зависно што ќе најдете