Баш ми е мило ....ајде ќе даде господ и ти да ни пишеш како си била изненадена Ако некоја девојка имала вакво убаво искуство нека пише, и тоа е идеа. Идеа:
Сноу-Квин, многу си креативна, браво. Јас лично, не верувам дека од нашиве мажи можеш да добиеш нешто вакво... Секоја чест на исклучоци, но речиси и не знам некој пример од реалноста да кажам за жал...
Идеја: Сигурно ќе се погоди некој ден,вашата партнерка да побара една добра масажа, пиуштете и ја со задоволство.На крајот стигнете до стапалата, и на прстот од стапалото ставете и го прстенот-веднаш ќе примети(осети),од збунетост само фаца ќе направи, а вие тогаш со блага насмевка прашајте ја: Мила,дали ќе се омажиш за мене?
Е ова е предлог за брак. Ме наежи иако јас не сакам вакви јавни работи. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... WlavnM6b0#!
Идеја: играјте се топло-ладно со вашата сакана, оставете и порака пред врата, на која ќе го пишува патот до следната порака.....и се така, додека не ја доведете до прстенот.
Идеја: Секој од нас има посебно место каде што ја започнал врската, или место кое му значи/потсеќа на саканата личност.Однесете ја саканата, и почнете да и зборите во стилот: се сеќаваш на ова место, кога се сретнавме, се сеќаваш што зборевме, и прв пат тука се бакнавме....знаеш знаеш сега само едно нешто би сменил???На тоа девојката дефинитивно ќе се збуни и ќе рече ШТО??? а вие одговорете и: тоа што сега сето тоа би го повторил како и тој ден само што воедно и би те прашал ДАЛИ САКАШ ДА СЕ ОМАЖИШ ЗА МЕНЕ?
Идеја: Има и такви девојки, кои не сакаат злато, или прстен, сакаат нешто special, нешто поинакво... Тогаш купете,нараквица,саат,ланче што се отвара...или нешто слично на кое ќе има изгравирано дата и омажи се за мене, дефинитивно според подарокот нема да помисли дека ќе ја апросите, но потоа кога ќе го види натписот сигурно ќе биде збунета,возбудена и најсреќната девојка на светот.
Идеја: Со помош на некој ваш пријател кој има камера и програма за слики, или пак изнајмете фото студио за да снимите и да направите фото монтажа од сите ваши слики од стартот на врската па се до дента(како почетно свадбено видео),а во позадина да оди "вашата песна",по сликите направете дел каде што ќе изберете неколку збора кои ќе и ги кажете, клекнете отворете го кутивчето и прашајте ја дали ќе се омажи за вас? Откако ќе ја направите монтажата со слики и видеото од вас со прашањето, истото спојте го со филм на двд.И вечерта поканете ја саканата и најдобрите пријатели на домашно кино, пуштете го двдито одгледајте го филмот,сите се релакс,но штом ќе заврши филмот (бидејќи филмот и клипот ги ставивте на едно сега одма продолжува видеото), сите ќе останат откако ќе заврши видеото со вашите зборови, уште еднаш повторете и го истото што и го кажавте и преку видеото: дали ќе се омажиш за мене? ....понатамошната режија е веќе позната
Хехехе е ајде де... Идеја: Доаѓа 1 Мај, скоро секој од нас со своите сакани ќе одиме некаде на излет, се разбира ќе носите и фотоапарат, дента сликајте се,поминете си го денот максимално убаво,откако ќе помине пикникот,потоа земете си го апаратот со вас-не и го давајте на вашата сакана.Дома земете на посебни листови напишете (1лист )ОМАЖИ (втор лист)СЕ (трет лист)ЗА (четврти лист)МЕНЕ, и така по ред сликајте го секој лист (!напомена: нека биде убава подлога со маркер напишана за да се чита), потоа отиде кај вашата сакана и речете и дека сте ги префрлиле сликите во PC да дојде да ги види, бидете покрај неа, коментирајте ја секоја слика од 1 мај, а кога ќе дојдат сликите, едноставно самата ќе остане без здив......СРЕЌНО
Идеја: Барем во денешно време лесно е да се направи сајт, не којзнае каков(кој не чини многу,што се вели за џабе пари), или пак можеби имате некој пријател,роднина што се бави со такви работи па може и тој да ви испадне во пресрет. Идејата е следна, направете сајт уредете го со ваши слики, песни значајни за вашата врска и на крај вие сликани со прстенот во рака, а над/под сликата пишува ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ, откако страната ќе биде готова, линкот пратете и го на вашата сакана на маил и пишете и обавезно да го отвори има нешто многу важно. Или уште подобро објавете го на нејзиниот Facebook профил,а потоа очекувајте повик ....
Е ова со 1-ви мај ме потсети на една друга идеја. Договорете се да одите на излет за 1-ви мај, може сами може во друштво, тоа не е битно, и дечково нека купи не печени ќебапчињаааа, и во едното нека го стави прстенот, нека го жбрца добро за да не се гледа и нека го стави посебно во некоја кеса, и сеа на излет кога ќе ги пече ќебапчињата нека запази кое му е тоа со прстенот и нели романтично е кога дечкото и дава од раце да му јаде девојкава и обратно, дечкото ќебапчето нека и го даде на девојката да го гризне(апне, како сакате) и она кога ќе го примети прстенот ќе биде толку возбудена, што ќе мора во тој момент, ако веќе го одгризала, да и го извади ќебапот од уста за да не го голтне . И после тоа нека се фрлат на славење, па скара па пиво, па што ти не. Е тоа ми текна, а ако сака да биде по романтичен моментот може у кола да ја пушти ај вил олвејс лав ју-витни хјустон, лов ми тендр-елвис, ит маст хев бин лав-роксет, лепотан-цеца, пијем на екс-синан, нема више циле миле и сл.
а ако е гладна девојкава па го лапне кебапчето со се прстенот,не го види,шо праиме после според мене прстен у храна не,ризично е најубаво е на некое романтично место,во креирана романтична атмосфера,свеки,музика итн.. мада не би било лошо и нешто авантуристички као на све за лјубав дечкото шо скокаше од авион со падобран,или некоја слична луда идеја,шо девојката ни најмалку не би ја очекувала.. и битно ако е моментот планиран и креиран,обавезно да се снима со камера,апарат за да им остане кога сакаат да се потсетат..
^Ќе и тропне у шоља, поизненадена од тоа, здравје . Нема да биде баш романтично, ама ќе биде посебно, гледаш прстен помеѓу изметот и младичов влегува узбуџен "Злато абе од 1Мај се токмам да те прашам дали ќе се омажиш за мене, и прстен купив, ене го во шоља" . Снежна кралице ова е ризично мајке ми.
Намерата ми беше да биде по необично (ма да и тоа го зедов во предвид како причинско-последична врска) а веќе кога тргна работава можеме и нај бизарни предлози да пишуваме