Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог за брак

Дискусија во 'Свадба' започната од Dijana, 11 ноември 2009.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Барем денес е лесно да се изнајми лимузина.Договорете се со саканата да излезете на вечера и речете и дека ќе дојдете по неа со кола.Вие всушност ќе дојдете со лимузина,јавете и се да слезе,ии! да влезе во колата што е доле....вие не излегувајте од колата бидете внатре со шампањско музика и прстен, а на возачот кажете му да ја пречека и да и ја отвори вратата.
     
  2. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Не сум верена сѐ уште и не ни планирам да го сторам тоа во скоро време... Ама некако, дечко ми во последно време сѐ почесто спомнува дека кога ќе ме запроси, тоа ќе биде посебен момент, за паметење... Во саботата вечерта бевме собрани со друштво, го „чекавме“ :lol: мојот роденден и баш го спомна тоа и сите некако изненадено ме погледнаа... Верувам дека ќе биде претходно договор дека ќе се земеме, ама штом така зборува сигурно нешто ќе ме изненади.. Не е некоја романтична душа, па баш ме интересира како би се покажал во таква ситуација... :rofl:
     
  3. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    ај па да ни се пофалиш за брзо :) јас збирам храброст да го побарам мојон ама се си велам да почекам :P тој некако плашлив е за таа работа :)
     
  4. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Фала, ама рано ми е мене сѐ уште :) Ти ако си решена, направи му муабет од околу, може и ќе го охрабриш... Ако не, ако приметиш дека и он го сака тоа, слободно, go ahead girl! :D Па кажи, може ние ќе ти дадеме некој предлог! :)
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    aquarius34 дај боже брзо да не израдуваш :clap:

    Mer4e хехе па пиши како ќе биде ти ако го запросиш него, оти знаејќи го мојов ја ќе треба него да го просам :lol:
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Роденден, годишнина....носите огромен букет цвеќе, а во него скриена кутијата, не ја прашувате ништо...оставате таа самата да ја примети.
     
  7. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Снежна кралице дај ми број од дечко ти да му се јавам :) и да му кажам одма да смисли најромантична понуда за брак и право кај тебе. Полна си со идеи па греота е да не те побара романтично ;) .
    Јас некако имав чувство уште пред 5 месеци дека ќе добијам понуда за брак ама мојата инуиција ме излажала :lol: . И јас сакам нешто интересно да биде за да си го паметам, но дечко ми не е романтичен така да не очекувам нешто посебно.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Снежна кралице од која интернет страница ги читаш идеиве ако не е тајна? :D

    Инаку секој со свој вкус, али повеќето од овие ми се многу смешни, ретко која идеја ми се допадна, а и ретко кое машко навистина го изведува тој чин за себе повеќе само за да падне на газ девојката и за да се фали како ја побарале, дури не е ни толку романтиката реални да сме.
    Романтика е и свеќи и ружи, а овие се фалбаџиски предлози за брак :)

    Сакам интимно, не сакам да го изедам прстенот, несакам авиони, нуркачи, не сакам да учествуваат танчери и да бидат вклучени 500 луѓе во тоа барање. Мене ме бара, доволна сум му јас.
    Може ние сами на некое романтично место било каде во светот.
    Ај на плажа на Малдиви ако веќе мора да си кажам :wasntme: :lol:
     
    На sj *O*, Cherry03, BoaVista и 6 други им се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.088
    Пол:
    Женски
    Ах се надевам дека мојов ќе читне нешто од тука и ќе ме побара на некој оригинален начин :D не сакам само да ми извади прстен и да каже " Ќе се омажиш за мене " |(
    Иначе тоа ќе се случи годинава :clap: знам знам , чувствувам :wasntme: :lol:
     
  10. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    сношти зборнавме околу тоа, со поусул, ама ќе заминува германија до крајот на месецов така да ми кажа дека сака да ме земи по некој месец кога ќе се врати и после одиме таму заедно... држете ми среќа да испадни така :D а сме заедно 5 и пол години и сто пати имаме раскинато ама се држиме некако :D
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Ако ми приредеше ИЗНЕНАДУВАЊЕ-ќе добиеше корпа :D , посебно пред непознати луѓе :!:
    Ние и онака си живеевме заедно...Па една вечер имаше нешто као`а бе свадба ќе праиме, а? А јас па`Штознам-у мај или септември?!?
    И така БИ! И си живееја среќно првата година. За по :D натаму-не гарантирам
     
    На Hipica и Mer4e им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Купете албум и внатре хронолошки наредете ваши слики од почетокот на врската до денот кога ќе и го подарите албумот.Под секоја слика пишете коментар, а последната слика во албумот нека биде вие со прстенот како сте клекнати, и доле да пишува ДЕНЕС: Дали ќе се омажиш за мене?


    -јас имам ваков хронолошки албум за овие години со дечкоми,со коментари, и прекрасно изгледа :)
     
    На sj *O*, piksooki, I.love.your.lips и 3 други им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Како сака нека ме побара, само нека не биде јавно.
    Не сум баш голем обожавател на оние јавни понуди на брак пред цел стадион или Дизниленд.
    Единствено што сакам е понудата да биде во вистинско време и со искрени зборови.
     
    На Nevermore и marama им се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    E дека помина Нова Година, но можеби на некој ќе му послужи за до година.Доколку славите во домашна атмосфера кај вас дома,пред да пристигне вашата сакана во вашиот дом, симнете го врвот на елката и на место него прикачете ја кутијата со прстенот (отворена).Со сигурност ќе ја примети, во случај да не ја забележи, по дочекот на НГ 00:00 однесете ја пред елката и запросете ја.
     
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.416
    Допаѓања:
    34.008
    Пол:
    Женски
    На Miss666 и rakce69 им се допаѓа ова.
  16. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.353
    Допаѓања:
    3.627
    Пол:
    Женски
    ^ Ах, LadyDoll баш сакав и јас да го постирам видеово... Срцки ми се, заплакав кога го гледав... :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.416
    Допаѓања:
    34.008
    Пол:
    Женски
    И јас исто тешко кој може да не пушти солза на ова,убаво е бре...А јас кога го гледав до мене беше внук ми и кога виде како ми течат солзи мислеше дека се повредив нешто па и тој почна да плаче :D :D иначе браво за идејата
     
  18. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Браво за дечкото,еве сега го гледав па сакав да го постирам,веќе го имало :)
    Се сеќавам дека исто реагирав и јас,како девојката :lol:
    Нека им е со среќа :d:
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    [СДК] Сакам да кажам...

    Изгледа само мене не ме трогнува видеото за запросувањето (добро и Роси :P ), баш го постирав во темата за фото Коки, како пародија, а овде гледам дневна тема на муабет било...

    Секоја чест за дечкото, ама видеото е изнасилено, не е спонтано и не ја сфаќам целта ако така ја запросил зошто тоа мора да го знаат и видат сите и да се направи клип од фото студио? :wasntme:

    Очигледно имам други параметри за романтика, тоа ќе да е :tmi:
     
    На wolf4e, Masnickaaa, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.