Колку што гледав низ форумот нема ваква тема, ако има се знае канта Ова е место каде можеме да споделуваме идеи за излози на продавници, би сакала да ги проследам вашите идеи. Се спремам за сопствен бизнис...натаму наваму во гужва сум постојано, па сега почнав да мислам и на излогот, само да кажам дека за почеток не ми се во план кукли, а дуќанот е така напред како подигнат покрај прозорот, околу 70-80см па мислам да ставам нешто како реси и ланци и на нив да ставам некои интересни закачалки, тоа одигнатото да го постеламсо сатен и да расфрлам од оние пластичните како камеа шо се, е сега ми треба и ваша помош, дајте ми некоја вша идеја поооозззззз, и фала ви многу. И да не заборавам тоа ќе биде бутик во глобала за деца.
Браво за темава. Ако е бутик за деца треба да го привлече најпрво вниманието на детето. Мислам дека твојата замисла е естетски ок, но кое дете би имало интерес да гледа во реси,ланци и камења.
Се е тоа ок, ама бутикот ќе биде за ептен детско за бебиња и за 2-3 годишни деца, така да тука е само естетиката во прашање, а ресите нема да бидат обични реси туку нешто поинтересно така сеуште немам побарано, а „камењата“ не објаснив убаво регеска ке бидат од оние пластичните проѕирни како дијамнти шо се деее али во секој случај очекувам некоја идеја!
Проста математика за да го привлечеш вниманието на детето или на некоја мајка стави ги јунаците од цртаните филмови, ама не сите, туку потенцирај некој јунак кој сите деца го сакаат. Kako некои детали стави некои светкави камења, сипки и сл. ама тоа нека бидат само детали. Многу важен и битен фактор е осветлувањето. Игра со светла и сенка може да даде дополнителен шарм на излогот. Мораш да ставиш и некоја облека, тоа е првиот впечаток кој го добива секој поминувач и го привлекува да влезе внатре, да види што има друго
Зависи и од големината на излогот, но сепак, ако земеш бела боја за основа, никогаш нема да згрешиш. Првенствено што асоцира на чистотата на детето, а и од естетски причини бидејќи може да се комбинира со секоја друга, а и визуелно го зголемува просторот. Сатенски подлоги и ланци не би препорачала за детска облека, нека си остане чисто. Можеш од стиропор или гипс-картон да нарачаш да ти направат интересни зајчиња, цветчиња итн форми, кои ќе ги расфрлаш по излогот, а меѓу нив да ставиш неколку поголеми играчки што ќе отскокнуваат за да привлечат внимание, но да не се прешарени, и тук-таму по некое балонче, но сето тоа да не изгледа пренатрупано и да е во склад со големината на излогот. Е понатака ако планираш да ставаш кукли, можеш да ги закачиш некако одозгора да висат и да им додаваш крилца на облеката за да изгледаат ко ангелчиња. Не знам, може мутаво звучи, ама мене ми е слатко. Уште еден плус што ќе привлече внимание во таа белина би било ако ставиш неколку светла во појаки бои кои ќе паѓаат врз белите предмети истакнувајќи ги. A и сето ова нема да те фати многу скапо. И бидејќи не знам колку добро сум ја изразила замислата, еве посликовити примери: (Занемарете тоа што е новогодишен, замислата со белата подлога/позадина, животните и светлата е таа) И се внесов јас, цела продавница ја смислив во главата. Сепак ти најубаво си го знаеш дуќанот. И со среќа бизнисот.
Гледам одамна се нема пишано на темава . Ако види некој дали знаете каде може да се купат кукли за излог?
Гледам уште лани, ова време, сте прашале за кукли за излог. Дали можеби имате информација каде може да се купат, а да не се од физичко лице? Односно, ми треба информација за фирма која ги продава за да може да ми издаде профактура. Ви благодарам однапред.