Јас бев кај Фросина и Јасмина пред 2 - 3 дена, ама бев за венчаница. За долг фустан без чипка е таа цена 3 500, ама во зависност од чипка што ќе одбереш цената доаѓа и до 6 000 или 7 000. Чипки стварно има многу убави и коа ќе споредиш сфаќаш зашто е поскапо. А иначе во врска со варирањето на килограмите, не е никаков проблем, јас прашав за тоа. 10тина дена пред терминот те премерува и на тебе го докројува. Иди напрај си муабет, барем за тоа се пријатни.
Дали би можеле да ми препорачате шнајдерка која би можела да изработи костими за сценски настапи на дечиња од најразлична возраст ,членови на балетско студио(наш модел и секако по мерки).Контактирајте ме за повеке информации.Благодарам
Девојки, ве молам, ми треба шијачка да не е мн. скапа а да работи убаво, имено 8 деверуши сме и треба исти фустани да шиеме...
Не гледам дека некој добива одговор тука, само сите бараме предлози, ама ајде и јас ќе си прашам Сакам неколку обични, ленени секојдневни фустанчиња да си сошијам, што не можам да ги најдам кај нас а онлајн се прескапи. Значи барам некој што знае да искрои и сошие квалитетно, фустани како овие доле. Ако знаете некој што може ова да го направи, и колку би ме чинело тоа?
Ќе може ли да ми дадете контакт? Фала однапред. Ќе може бројче да ми дадете и колку ве кошташе венчаницата? Фала ви однапред.
Женски вие што сте шиеле кај иваа викторија арсовска колку ве кошташте фустанот? И дали ми е касно веке да шијам фустан за крајот на јуни?
Дали ќе може во инбокс да добијам бројче? Фала однапред Ќе може ли да ми дадете бројче од Фатка во лп? Дали ќе може некој да ми го испрати бројот од шивачката во Автокоманда во лп? Фала ви однапред.
Данчо од Нерези прави фустани исти од слика? Која му е цената? Ве молам за конкретен одговор, зошто „не е скап“за некого и 100 еур не е скапо за фустан, за некого 50 еур. Исто и бројче кој има нека сподели. Фала многу
Зависи од фустанот, ама околу 2500 ден мислам дека зима. Најубаво јави се и оди со моделчето на слика ќе ти каже цена одма. 070 430 019
Предлог за добра шијачка за ваков долг фустан? На свадба сум на 29 па ми треба некоја која ќе го сошие за две недели ☺
Незнам дали е прашањето за тука но ненајдов соодветна тема па затоа тука ќе прашам кој материјал е фустанот??
Оди кај Фросина и Јасмина брзо ќе ти го сошијат , а можеш и кај жената што ја спомнуваше @ohoho И јас го гледав фустанов, мислам дека е само сатен , дека ја имам видено сликава барем 10 пати ..