Теа или Теута салонот и е карши ПИОМ или позади Ред кафе. Убаво шие многу е фина. Мене за крштевката на син ми ми го шиеше фустанот, јас бев презадоволна и сите на им се допадна фустанот.
Баш го побарав бројот не знам кај сум го ставила, ФБ мислам нема. Недела поминувам натаму ќе го запишам бројот.
Фустанот за матура ми го шиеше Павлина која работи за Кокев меѓутоа си шие и приватно. Бев презадоволна од жената, фустанот ми го направи потполно ист како на сликата што и ја покажав.
За матура шиев во венчаници Дива, јес да малку посолено платив (8000 за еден фустан) ама ко што беше комплициран (со преклопи, набори, жици внатре) одлично го изработи, подобар од оригиналот (што беше од Нана 14-15000 негде) и сестра ми таму шиеше за полуматура корсет и шорцеви 4000 и зема. Исто и Јо-Ан работи добро, а е нешто поефтино само што ептен гужва има цело време...
Јас пред 2 недели шиев фустан во Папиллон и сум презадоволна. Пратете им слика на фб од модел и враќаат за цена со нивни материјали, мојот беше 5900ден.
Предлог шивачка во околината на Карпош, Тафталиџе, Влае? За долг фустан за деверуша ми треба и да не е многу скапа
Јас шиев фустан кај шнајдерка Вики од Скопје е, поточно Драчево, презадоволна сум, работи на принцип одиш кај неа во закажаниот термин и зависи од моделот во рок од неколку часа ти го шие директно пробуваш што не е добро веднаш се поправа и си го зимаш фустанот или што и да е, не е скапа и на сите со задоволство ви ја препорачувам