Можеби доцна ти кажувам, за шијач, јас би ти го препорачала Данчо од Нерези. Распрашај се ќе ти објаснат кој е он и каде се наоѓа. Он и го шиеше „Армани“ фустанчето на Каролина за Евросонг. Пријател е на моите родители и затоа знам дека супер шиe А колку чини од прилика шиењето кај него?? =))))
Данчо oд Нерези и останатите шијачите кои ги следи добар глас се закажани до средината на јуни најмалку. Полуматури, матури, апсолвентски, свадби... дива лига е, има тепачки за шиење фустан. Поради преголемиот избор на фустани во градов (иронично нели) и поради тоа што во одредени продавници кај што има избор мислат дека ние сме западни европејци и џебовите ни се преполни па фустаните се над 10 илјади обичните, епа затоа слободна шијачка одвај се наоѓа. Така да ако некој е на свадба во септември треба да побрза
Годинава сум матуранта и искрено несакам да шијам фустан ама изгледа ќе морам затоа што неможам да најдам по продавниците нема избор а тие што ги има се ужасни според мене, а за цената и не е толку проблем ако е квалитетен ама сите добро знаеме колку се всушност квалитетни фустаните кај нас......
Ке можеш ли да ми дадеш број ако имаш од нив, сакам да шијам фустанче и ми треба некој што си ја знае работата Гледам дека си мн. задоволна од нив и баш ке се израдувам ако сошијам фустанче како што си замислувам ......
И јас си имав мака со шиењето фустани..или ќе ми го утнат, или нешто нивно ќе си додадат абе што да ви кажувам..катастрофи..кој од кој! Да не коментирам дека за матура отидов кај позната дизајнерка као демек за посигурно ми искочи едно чудо од фустан, од што беше таа во брзање внатре нит порабено нит собрано некако тоа со виси па шиј го прслукот за фустанот да не паѓа па мисли какви кондури пошто од замислата за фустан бел ми испадна благо црн..а да не зборам дека платив 250евра!! Е после тоа за една свадба слушнав за една шивачка малтене маалска, не зима повеќе од 800 денари за фустан, и нацртав, и однесов, 2 пати на проба бев и имав готов фустан! И искрено сум презадоволна. Женичкава кај Нова школото работи и си ја знае работата! наравоучение не се летајте по имиња познати пошто кај маалска шивачка е поверојатно и побрзо да завршите работа и за многу помалце пари! Еве и две слики од фустанот што го сошив кај нејзе
eeeeeee pa ke moze li brojot da ni go pises??????plsss [mod-kirilica:1m2vcobw][/mod-kirilica:1m2vcobw]
Јас последен пат од чаршија земав, супер избор имаше и многу помодерни и поубави бои него од пазар. А Матекс кај е? И во гтц мислите на она најгоре така? Негде пред Елит.
Па да , тој Маткес во ГТЦ , го знам и јас, ама нема баш избор. Има доста класични материјали, ако ти треба да шиеш некое деловно одело на пример, али така нешто младешки, шаренко, не се наоѓа баш.
прекрасни матерјали имате кај BC-то у БитПазар..а за шиење,јас за матура си шиев кај една маалска тука во чаир,оти ми ај пофалија многу..и стварно си ја знае работата..ми се допадна многу начинот како шие..презадоволна сум..она се вика Фатка,и ако некој сака би и го пратил бројот нејзин по лп..
Девојки знам дека многу ме прашувавте за бројот на таа шивачката што ми го шиеше мене фустанот 2-3 страни поназад али отишо је у неповрат. Ај што сме го изгубиле туку и неможеме да го најдеме пак со мајка ми. Единствено што може да ви помогнам е дека живее и работи одма до гимназијата Нова 2-3 куќи подоле распрашајте се комшиите нејзини сигурно ќе знаат да ви посочат која е точно куќата.
јас сум шиела фустан за свадба и сум презадоволна баш ми го направи како што сакам една шијачка во Карпош 4 во Трговскиот Центар Антико, но незнам точно како се викаше ниту жената ниту дуќанот каде што шиешее. Ако сакаш си бираш од таму матријали , ако не можеш ти да и однесеш, ти зема мерка и кажуваш каков сакаш модел и на крај излегува Супер барем јас сум многу задоволна досега како ми ѓи има направено фустаните ...
Таа што мене ми шие фустани, ми зема не повеќе од 1000 денари од фустан. Никогаш не ми згрешила со ништо, како ќе и покажам на слика - така.
Материјалите си ги купувам од чаршија има поквалитетни него на женски пазар ама и малце поскапи се и после ги носам кај шивачката Розе во Мавровка. Нема шанси да ти згреши ако и објасниш убаво што сакаш