Ќе може ли да ми препорачате добра шнајдерка која прави покомплицирани корекции ?Фустанот кој ми се допаѓа ми е доста широк, а горниот дел е корсет на шнирање, па доколку некоја од вас има позитивно искуство, ја замолувам да сподели.
Девојки ми треба телефонски број од шнајдерката Лиле од Ѓорче Петров. Дали го има некоја да ми го даде?
Дали може и мене линк да ми пратите од Билјана? Каде се наоѓаат? и број или линк за контакт? Може ли број од Вики или фв страна ,бројче?
Повеќе инфо ќе може ли за таа женичка. Дали добро работи, и како е со цени отприлика. Доколку има фб пиши ми да ја најдам за да и ги видам изработките.
Здраво девојки! Ми треба шивачка во Скопје што знае, ама навистина знае да шие фустани без да изгледаат како сама да сум го шиела, без криви рабови што набираат и конци што штрчат на сите страни. Имам специфична градба и важно ми е шивачката да знае да изработи корсет за поголеми гради и да ми предложи крој според моето тело. Не сакам комплициран фустан, но важно е убаво да е скроен. Ве молам пишете ми број од Билјана( автокоманда) , гледам дека е фалена на форум или некоја друга ако имате да ми препорачате. Супер би било и некоја слика да ми пуштите ако сте задоволни од некоја шивачка. Поздравче
Ич не се лажи да одиш кај Билјана, јас шиев таму отидов со една слика, а се вратив со сосема друг фустан.. Воопшто не бев задоволна од неа..
Предлог за шивачка во Центар или Аеродром, имам материјал од мојата свадба, сега ќе бидам гостин на блиска свадба. Бремена сум и ми треба некоја што нема премногу да ме малтретира со проби или со докупување нешто освен материјал.
Дали ке можи да ми предложите шијачка од Скопје што прави убави фустани и не зема мн скапо? Не знам и дали прашањево е за тука но што мислите за овој модел колку би ме чинело?