Девојки рецензија за кај ИВА СПАСОВСКА, нека не ве лаже нејзиниот убав збор, како тим се фини за да нели привлечат муштерии но банална е нејзината арогантност, толку сум исфрустрирана, колку пати бев до ателјето притоа со термин и ќе чекав со саати по ова топло време за да на крај ми кажат не сум била ни планирана за тој ден, и после се ова јас бев коректна, ги занемарував црвените знаменца и ги толерирав кога не враќаа на пораки и што се не ама тоа што имаше ЛИЦЕ да ми сошие панталони со друг материјал (мрцетина невидена, на ништо не личев, подобро ќе беше крпа да облечев) и да ми земе поскапо од тоа што се договоривме, затоа што знам како е да ги дадеш последните пари и да ве зафркат, затоа бирајте кај одите и внимателно да не останете и без пари и да изгледате грдо за можеби некој ваш битен ивент, СРАМОТА за целиот тим, кај да одам ќе ги кажувам, се осеќав должна да ви го кажам ова зашто на форумов дознав за неа, топол совет: не верувајте на се што ќе прочитате и на слаткоречиви преваранти. Поздрав и убав ден форумџики.
Се согласувам, тешка катастрофа, да не им се јавев немаше ни да ме побараат за фустанот, ден пред настанот си го земав А и за толку многу пари, ќе си купев и поквалитетен фустан и поевтин ама тоа е памет за друг пат
Дечки ми треба добра шнајдерка по можност албанка, видејќи фустаните што ги сакам се многу наџиџани и мислам дека само они можат да ми ги направат оригинал, НО да не ми рече 1000е Ако имате предлози Ве молам пишете ми
Погоре прочитав за Ива Спасовска, што толку е ценета незнам, мене воопшто не ми се допаѓа ништо од она по фб што рекламира. Според она кој ја рекламира во градот најверојатно има солени цени.
Јас бев за матура на консултација кај неа и цената што ми ја кажа со ПОПУСТ беше 19 999 денари Албанка во скопје север истиот ми во направи за 1500 денари и материјал си купув околу 3500 се заедно, ама за жал повеќе не работела.
Здраво девојки, си дизајнирав сама краток коктел фустан ама имам проблем со машината и сега останав со материјалот, а без фудтснот Дали некоја има искуство со Данчо од Нерези? Малку сум перфекционист коа станува збор за рабови, кроеви и детаљи, а за него чув убави зборови па ако има некоја искуство (или друг предлог) нека сподели и дали знае која цена да ја очекувам за прилично едноставен краток фустан?
Здраво девојки, дали знаете добра шивачка во Битола за невестински фустан? (Извините ако е поставано прашањето и порано) фала
Здраво девојки Дали може да ми препорачате шивачка во Скопје со приступачни цени, ми треба долг фустан за свадба ама не сакам да ми биде повеќе од 5000 денари Или дајте ми предлози за долги фустани до околу 5000 кај може да најдам низ Скопје
За таа цена нема шанси нешто квалитетно да испадне. Подобро купи, иако за долг фустан повторно 5000 е малку, единствено ако најдеш нешто на попуст низ продавниците во гтц кај што има такви фустани.