Барам шнајдерка која работи со корекции во Влае, Ѓорче некаде. Само да ми помине нешто на енглерица. Итно ми е за оваа недела.
Предлог за добра шивачка во Скопје? Не ми е потребно за свечени тоалети, за обични поедноставни летни фустани од лен или комбинезон.
Девојки, ме гази времето, никогаш не сум шиела фустан за посебна пригода (свадба), но сега ми е потребен затоа што си имам замислено каков фустан сакам да носам на настанот. Ве молам предложете шнајдерка од која сте задоволни и која нема да ми земе 100+ евра на многу едноставен фустан. Скопје било која населба, се` ми е блиску!
Вчера бев во ТЦ Бисер, доле под Cool cafe или кај што е една кафана доле, пишува Кројач на рекламна табла, одма се наоѓа. И мене ми ја препорачаа претходниве денови, бев и ми зема мерки, ми даде некои идеи за кратење, ми делува супер. Жената е во години, но веројатно годините ја прават искусна бидејќи е нејзин дуќанот.
Ух, стварно не знам. Мене ми треба фустанот за почеток на септември. Она очекуваше за многу порано, мислеше се брзам, ваљда ако сака ќе те стави приоритетно, плус ако имаш малку за кратење (кај мене е малце комплицирано затоа на уште една проба ќе одам). Пробај отиди, па со среќа .
Како сте задоволни со корекциите . Важно ми е да работи убаво со прави рабови и дали имате Име на салонот зашто ми рекоа дека имало два кројачки салони доле во Бисер . Ако имате тел број добро би било . Ви благодарам