Од задната страна на Буњаковец (трговскиот, не пазарот) има шивачка. Се наоѓа отприлика зад Боди лајн, во пролазот позади. Веки е името на салонот, нема шанси да утнеш кај е, со големи букви пишува на излогот.
Добар ден. Прв пат би ми било да шијам фустан. За матура ми е. Потребна ми е добра шнакдерка во Драчево ( да не е Вики). Ве молам препорачајте ми некој/а.
Јас имам секогаш лошо искуство со неа, башка е крајно нељубезна и безобразна, ми се одмили што влегував кај неа. Се декларира како шивачка, а не шие и се лути ако ја прашаш воопшто за шиење, башка летно време е секогаш нервозна и во паника со матури и свадби и буквално со викање ги брка муштериите бидејќи не можела да постигне во гужвите. Крајно дрзок однос
Сакам да прашам, дали некоја имала искуство со следниве шнајдери и како сте задоволни: - Мода С во Влае - Верче кај црквата во Ѓорче
Шнајдер/ка, кројач, шивачка во Центар и околина за корекции, теснење, кратење? Имаше еден во ГТЦ горе ама одамна одев не се сеќавам точно каде и дали се уште постои? И ако не се лажам кај Зелен пазар? Или тоа беше продавница за завеси
Сакам да прашам дали постои некоја шијачка што би се нафатила да шие блузи? Се обидов една прашав и ме одби. Рече само фустани. Али ако има некоја би било супер. И онака сум проблематична во одбирање блузи за себе и тоа би ми помогнало многу.
Здраво.. Ако сте и вие некој кој се двоуми помеѓу шиење или купување фустан.. Или каде да шиете.. Според моето искуство најдобро ви е да си купите нов фустан од продавница. Дури и да е скап.. Ова го кажувам поради тоа што јас ќе бев среќна некој ова да ми го кажеше на мене пред некои месец два и сигурна сум дека има и други девојчиња кој што како мене се во дилема дали да шијат фустан. Понекогаш дури и на ателјер да одите и си мислите дека "ателје е, познато, секако дека добро ке го направат и ќе го добијам баш она што го сакам за поефтино", не значи ништо. На некој може супер фустанот да му излезе додека вашиот да не личи на ништо. Затоа друи и ако некој ви препорача некоја шијачка не значи дека баш таа ќе може да ви го изработи фустанот добро. Знам дека ова звучи доста песимистично но моето искуство со една ателјерка целосно ме разочара. Не дека секоја е таква. Но голем е ризикот да се налета баш на таква. Тоа што го барав ми во најмала мера не го добив, со недели одев на проби, само за на крајот да ми го уништи фустанот при тоа обвинувајќи ме мене. Потоа морав уште толку пари да давам за да ми се сошие друг бидејќи овој не можеше ни да се поправи( кај друга шнајдерка). Има и дорби шнајдерки, секоја им чест, но се многу малце. Да додам и дека некој ( како оваа кај која залутав јас) крадат и лажат. Не им е гајле за вашето време, само на нив како им одговара, ве криват вас за нивните грешки. Дури и парите не се толку голем проблем, со среќа нека си ги троши иако се украдени, ама времето потрошено не се враќа. Затоа, моја препорака е да си купите готов фустан, а ако баш сакате да шиете, одете кај некоја веќе испробана.. Но не од некој друг, дури и близок, туку од самите вас.
За предлог немам ама знам каде да не одите. Силвана, ателје Моналекс. Жената е многу слаткоречлива ама е чист крадец и лажго. На збор се ама на дело ништо. Исто така многу дрска и неодговорна.
Здраво. Итно ми треба кројач за шоправки околу бит пазар некаде да е. Треба да ми скрати сако. Please help!!!!
Во Мавровка ќе појдеш во шивачниците за фустани, ама не тие што продаваат готови, туку тие што шијат и да ги замолиш за побрзо.
Дализнаете некоја шнајдерка за фустани во Влае-Ѓорче, со пристапни цени и да шие со мој материјал? Имам шиено кај БидиТим мислам се викаше, но се пресели мислам жената не е веќе во Скопје.
Здраво девојки. Свадбата ми е на 6ти август а јас имам проблем со венчаницата. На проба не сум ја приметила дека е многу долга. Сега на последната проба кога ја земав ја видов. И сега ми треба решение некое за да ја скратам а да одам до салонот кај што ја шиев не можам... Дали може да ми кажете кројач што ќе ја скрати во еден ден а да закажам претходно пошо имам само 1 ден на располагање другите денови сум зафатена.