Дали знаете како се движат цените кај Тања Кокев? Јас сакам да одам кај неа да ми шие фустан ама сакам и да го смисли Немам идеја,па да видиме дали она ќе биде покреативна од мене
Kiwibird, добри гласини = но прескапа. Тоа се комнтари што ги имам чуено.Точна ценанезнам.Најверојатно се е зависно од моделот и материјалот.
Дали некој знае каде работи шијачката Бети? Порано имала дуќан во трговски, па зад кинг бургер и сега не знам..
феминки се надевам дека прашањево ми е за тука,ако не пренасочете ме затоа што јас посоодветна тема не можев да најдам.Имам една јакна долга модел нешто слично на ова.Внатре е полнета со нешто мн е дебела од внатрешната страна е како со ќебенце и многу е топла што е најбитно.Но имам еден проблем мајка ми ми ја има порачано од турција и по грешка стигна модел два броја поголем, и никако не можам да ја носам.Па се мислев дали може да се напраи некоја корекција на шнајдер,дали некоја од вас има преправано јакна и да ми препорачате шнајдерка??? Студени денови се пред нас...
Ќе сака ли некој да ми препорача солидна шивачка/шивач некаде Центар, Буњаковец ако знае? Имам нешто за стеснување. Може и ЛП.
Фросина и Јасмина се лудница... Сестри се, едната шие фустани а другата венчаници. И едната и другата се многу добри.
А Фросина каде е сместена? И други ми ја фалеа. Јас планирам да шијам едно фустанче, ама некако се двоумам за шијачка. Таа на мајка ми, ми е сумљива жими се . Се ми се чини дека ќе ми го утне.
Во Струмица знае некој?Се мислам да си шијам фустан за Н.Г.Нешто поедноставно но сепак убаво И како им се движат цените?Материјал од нив или? Ако некој знае нека каже или нека ми пиши л.п.
Ве молам аконекој го има на шивачката од Автокоманда и од Тавталиџе кај Нова да ми го пратат во лична порака...ве молам....
Некоја шиела кај Елена Лука? Планирам да одам овие денови, ама некако се плашам да не паднам не во несвест, ами во кома. Конкретно сум заинтересирана за ова фустанче, на свадба сум за месец и пол а наборите некако ми изгледа дека тешко дека некоја друга би можела да ги изведе. Anyone?
Дали знаете Бети од Автокоманда колку зема за краток фустан,едноставен модел. И кога да и закажам ми треба за 2 недели отприлика .