Девојки а има ли некој искуство од ателје Ива???? На фејсбук гледам има убави фустани шие со високо квалитетни материјали ама доколку некој има плус искуство нека ми пише.......
Јас имам купувано од нејзиното ателје моделите се апсолутно прекрасни, засега само пофалби затоа што е според моја проценка и те како професионална во својата област. поздрав се надевам ти помогнав
Јас зедов розев долг фустан од ателјето на Ива Спасовска ланеска за свадба и женската е полн погодок! Што да ви зборам, паметна, убава и ова што го прави, го прави најдобро!! Се додека не ја запознав 3 во 1 не бев видела, фустаните ги прави од нејзини материјали, било каков модел можете да си изберете ќе го направи исто како од бутик дури и подобро! Оригинална е мајке ми
Девојкии ке ве молам да ми пишете бројче од некоја добра шивачка ми треба под хитноо , читав погоре дека знаеете некоја од автокоманда па пишете ми бројчее... фала однапред
Добро, скоро 5000 денари само за шиење? а материјалот екстра сам го носиш или во цената влегува и материјалот?
И со материјал да е, премногу е. Без навреда ама јас од By Iva немам видено некој квалитетно изработен фустан , освен што девојчето се рекламира на велико, па и од овде од форумот прави скрин шот за нејзините позитивни коментари. Како и да е, мене не ми се нешто посебно изработени нејзините фустани, премногу кич за мојот стил.
Со нејзини материјали, извини ме, ама сама неможеш да ги најдеш сите чипки и другите материјали кои ги има, освен ако не сакаш нешто конкретно. Ако си носите материјали,нормално цената е пониска. И секој со својот стил, неможе на секој да му се свиѓаат исти работи Има многу фантастични фустани направено и неможеш да ми ги споредуваш обичните шивачки со неа така да.. А и ти да си на нејзино место би си ставала слики од позитивните критики кои ти се упатени на тебе, бидејки со сигурност тоа што го прави ја исполнува и затоа е среќна кога ќе види некој што мисли за неа. Неколку пати имам одено и кај други шивачки и она е далеку по професионална во тоа што го прави. А ти ако имаш нешто лично против неа тоа е друго..
Chimera полека девојче, немам ништо против девојката, не ја знам ни познавам, како прво и прво не сум воопшто од Скопје. Јас коментирам од тоа што гледам, и за мој вкус пак ќе кажам е кич. Точно дека има по некоја иинтересна чипка, ама воглавно работи со некои светкави материјали кој јас не ги сакам. Само коментирам по сликите кои ги става и корсети кои воопшто не лежат, ама секој со вкусот пак ке кажам. Ова е мое мислење и мене не ми се допаѓаат. Не мора одма да се нафрлате. Не јадеме сите исто нели
И Ива не е од Скопје де, од Куманово е На почетокот ја следев, ми се допаѓаше накитот кој го изработуваше, ама постепено ми одмили нејзиниот вкус, стил, чинам дека се од странство увезува и нарачува, и тродупло наплаќа, а и кич и плиш преовладува. Како и да е, нека си брка секој своја работа, Ива нејзина, јас моја. Да пофалите и препорачате некоја искусна шијачка, со многу трпение зошто сакам да шијам фустан кој бара рачно шиење на кристали/парченца и сл? Временски сум ептен ограничена, капак на се.
Да ве прашам дали некоја има шиено нешто во Модно Студио Ели во Лептокарија, дали работи добро и како и се цените ?
Да ја пофалам Снежана од Сакам мода(работат само електронски и вака им се вика фб страната), само и пишав во инбох пропорции и и пратив сликичка од модел имиго соши скоро исто како оргиналот, ми го направи фустанот за околу 4000 -долг сиренамодел фустан
предлог за фустан за дебела млада жена по можност под колена иили долг.ако некој си е шијал нека стави слика
Презадоволна сум од Фросина Младеновска, немам зборови за жената. Таа наоѓа и материјал и се, како ѝ кажеш така ќе направи нема утка, само една проба и ако си задоволна уште на пробата си го земаш. Воопшто не е ни скапа и секако шие и за стари и за млади, и за слаби и за полнички. Ако има некоја заинтересирана слободно нека ми пише ЛП.
Може ли некој да ми помогне каков материјал треба за ваков фустан и колку би ме чинел само материјалот?
Иначе женски си земав фустан од Ателје бај Ива и сум си пресреќна , конечно бар матурата си ја тргнав од глава. Преубав е фустанот, има уште може да си проверите. Си вреди и цена и се, алал да и е бе. Средено, скоцкано, бомбона. Сестра ми беше до мене и она се затреска во ателјето, а јас едвај чекам пак да идам! Иначе за Фросина ми кажаа дека мора да си резервирате до фебруари максимум, после тоа не примала.. дека другарка сакаше таму да шие за матура.
Познавате ли кројачка, што ќе ми додаде парче на еден многу деликатен фустан Ми треба испробан шнајдер/ка за 2 дена да ми стори добрина ...фала ви