1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог мени и рецепти за оние што бројат калории

Дискусија во 'Диети' започната од Gea, 16 декември 2013.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    После многу експериментирања, сфатив дека единствена диета која мене најмногу ми функционира, е диетата со броењето на калории. Воедно таа е и најздрава, бидејќи организмот не го лишувате од протеини, јаглехидарти, масти и белковини, само ги внесувате во помали количини, доволни за да слабеете здраво. Оваа тема има за цел, да им помогне на сите оние кои сакаат да се стават на оваа диета, но немаат идеја како да зготват нискокалоричен оброк. Во оваа тема може да се става предлог мени за цел ден или пак рецепт со нискокалорична вредност.
    Задолжително е до секој оброк да се стави неговата калорична вредност.
    За да не ја преполнуваме темата со офтопици, нутритивните вредности на производите можете да ги најдете на овој линк:http://www.dijeta.net/tablice/tablice.htm
    Значи, за да има ефективно слабеење, дневниот внес на калории треба да е 1200.

    Еве, јас прва ќе почнам со предлог мени за еден нискокалоричен ден:

    Доручек: Два портокали средна големина (250 грама) 88 kcal

    Ужина: Пилешка бистра супа или крем супа од печурки (250 мл) 55 kcal

    Ручек: Варено пилешко бело месо (стек) (200 грама) 232 kcal
    Варен компир (250 грама) 213 kcal
    Маринирани шампињони (200 грама) 40 kcal
    Карфиол од туршија (200 грама) 50 kcal
    Месото и компирот можат да бидат зачинети по вкус со сол или вегета и бибер

    Ужина: Пилешка бистра супа или крем супа од печурки (250 мл) 55 kcal
    Вечера: Туна од конзерва (100 грама) 285 kcal
    Домати (300 грама) 60 kcal

    Вкупниот износ на калории на ова мени е: 1078 kcal
     
    На Limpan, Antoninaaa, Madalina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. poffy.pie

    poffy.pie Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Појадок: млеко со житарици и лажица мед = 180 калории
    Ручек: 2 печени пилешки стека(200-250 грама) со сенф и бибер, зелена салата со кромид или домат= до 500 калории максимум
    Вечера: салата од едно мало парче сирење(кравјо), една средна краставица и една рака ореви и бибер= 200 калории

    Ужина 1: 2 портокали 122 калории
    Ужина 2: 20 бадеми(непечни, нелупени) 140 калории

    Вкупно= 1142 калории

    Млекото е 100 грама ама е полномасно, јас не верувам во обезмастено млеко, ама затоа и е само 100 грама, или помалку од пола шоља, житарките се 3 големи супени лажици и една лажица домашен мед.
    За стекот не знаев по која табела да се водам, зашто секоја страна различно кажува, отприлика стекот е едно 420-430 калории, салатата со многу малку маслиново масло и без сол, само со бибер и јас ја јадам со кромид е остатокот до 500, споре некои мои груби проценки.

    Калориите се тука некаде, може да се +/- 10, 20, според оваа страна http://www.fatsecret.com/

    Додуша ова не ме заситува во денови кога треба да вежбам, зашто тогаш се губат и по 500 калории од тренинг, ама кога не вежбам ми е сосема доволно.
    Вечерата за во лето ми е сон, ништо повеќе не ме освежува а го јадам со мерак како салата, со оглед на тоа дека во 200 грама нема повеќе од 32 калории е суперишка за слабеење.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Рецепт за нискокалоричен ручек - (100 грама) -153 kcal

    КИНЕСКИ МИКС
    Едно канче од јогурт е мерката за количина на оризот што треба да го сварите. Оризот не треба многу да е разварен. За тоа време, на маслиново масло издинстајте 1 главичка кромид со средна големина. Кромидот динстајте го колку малку да омекне. Врз кромидот додајте го сварениот ориз, додадете малку вегета и ситно исецкан свеж или сув магданос, промешајте и подинстајте уште малку за да состојките се соединат.
    Во тефлонска тава пропржете 300 грама пилешко месо со 2 лажици маслиново масло, потоа додадете кинески микс (од кесичка на Фриком има) или мешан зеленчук, морска сол, бибер и малку вода и на силен оган со постојано мешање динстајте 5 минути. Кога ќе биде готово, прелијте го со кисела павлака со 12% масленост.

    Оваа јадење има вкупно 153 калории на 100 грама.
    BON APETIT
     
    На Antoninaaa и Hipster им се допаѓа ова.
  5. Madalina

    Madalina Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Hipster, колку што имам читано на темава мислам дека ти е многу паметно да користиш полномасно млеко затоа што така најмногу ќе те засити оброкот, поготово затоа што житарици не те оставаат сита на поише од два саати, барем така е во мојот случај :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    А нели е правилно секој ден да се внесуваат помалку од 1000 калории?
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    За намалување на телесната тежина е потребно најмногу по 1200 калории во текот на денот. Толку му треба на организмот да функционира правилно, а сепак да се има резултати. Некои внесуваат и по 1500, до 1800 калории, за одржување на телесната тежина. А се што е под 1000 калории, веќе се претвора во прегладнување.
     
  8. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Се што е купено, пакувано, конзервирано дури и месото, млекото, јајцата и лебот ни 1% не се здрави, СЕ Е ШТЕТНО. Освен овошјето и зеленчукот кои се 60% тука некаде поздрави. Исто сите знаеме дека ШЕЌЕРОТ е најголем штетник на нашиот организам па затоа еве ви вкусни благи рецепти, со вкус на чоколадо, кои се подготвуваат од најприродни сурови состојки и не содржат ни грам шеќер млеко јајца и други маснотии.

    http://www.therawtarian.com/raw-brownie-recipe

    https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... 854&type=1

    Јадете овошје и зеленчук, што повеќе, и мноогу намалете ги.. или речиси целосно избегнувајте ги шеќерот, млекото, јајца, па дури лебот и месото (кои денес се штетни и полни со хемикалии, хормони, човечки влакна) и верувајте дека нема поголем лек од тоа, сето ова е доволно за да изгледате убаво и младо, отколку да ги фрлате парите на скапи креми, козметика.. :) :*

    PS: http://hitkujna.com.mk/5-grozni-raboti- ... me-svesni/
     
  9. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Рецепт:Макарони со туна 320kcal
    Потребно:80гр. макарони,40гр. туна од конзерва(без масло),1лажица маслиново масло,1 лукче
    Макароните сварете ги во солена вода (1 лажица сол).Маслото со лукчето попржете го додека лукчето не зарумени,додајте ја и туната и сварените макарони промешајте и готово е.
    Рецептов во комбинација со зелена салата е одличен предлог за ручек или вечера.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Кај секого е инвидуално и зависи какви се целите,калориите не треба да се намалат повеќе од 20% од дневните потреби.
    Претежно таа бројка е од 1400 па нагоре,нема мерило затоа се зема калкулатор онлајн и се мери според твоите потреби.
    www.iifym.com
     
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    И овошјето е полно со шеќер па не знам зашто не го избегнуваш?
    Генерално е составен од 40-50% фруктоза и 40-60% глукоза.
    Основен енергенс на човековото тело е шеќер(глукоза).
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Протеинска палачинка:
    6 белки
    1/2 дозерка протеин
    Стевија 2 лажички или било кој засладувач
    Цимет
    Масло колку за да не се лепи на тавчето.
    Here you go.
    http://www.youtube.com/watch?v=LPzqbXfJXik
     
    На Dee, Antoninaaa и Gea им се допаѓа ова.
  13. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Рецепт:Ориз со домати 421kcal
    Потребно:80гр. ориз,150гр. домати, 25гр. кромид,10гр.маслиново масло(мерете го во грамови на вагата),300мл. бистра супа,сол и црн пирер.
    Подготовка:Кромидот пржете го во маслото додека не омекне,потоа додајте го оризот попржете уште малку па додајте ги доматите и топлата бистра супа и оставете да крчка додека не се свари.Зачинете со сол и црн пипер.
    Јас ова си го комбинирам со зелена салата.(секако тоа се плус калории)

    Рецепт:Тортиља со пилешки стек и модар патлиџан 468 kcal
    Потребно:1тортиља(70 гр.),150гр. пилешки стек,100гр. модар патлиџан,рузмарин,лук,магданос,сол.
    Подготовка:Пилешкиот стек испечете го на скара или грил тава зачинет со сол и рузмарин.Исто и модриот патлиџан исечете го на парчиња и испечете го на скара или грил тава.Тортиљата стоплете ја во не намастена тава.Пилешкото и модриот патлиџан ставете го во тортиљата зачинете со лукче,магданос,маслиновото масло,и сол и ролувајте.
    И ова е одлично исто така со зелена салата.
    Толку :D добар апетит!
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  14. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.987
    @StefChef, сметам дека нема потреба од зајадливи коментари. Повеќе од јасно е дека девојката зборува за сахарозата (од групата на дисахариди), додека ти зборувaш за глукоза и фруктоза (моносахариди), кои (убаво си напишал) и те како се "гориво" за телото. Значи, има разлика од шеќер до "шеќер".

    И да не сум скроз off, иако броењето калории одамна не функционира за мене, сајтот што го постирала Hipster е многу handy за тие што сакаат да водат сметка за калориите.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и Hipster им се допаѓа ова.
  15. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    STEF Има ГООООЛЕМА разлика од обичниот преработен шеќер до овој во овшјето. Тој шеќер во овошјето ни е доволен, не ни треба друг! АЛО! :)
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Па шеќерот (сахароза е составен од глукоза и фруктоза) и фруктозата за да се претвори во енергија не може диреткно да се искористи има лимит од 50-80 грама дневно.
    После тоа ако не се потрошува таа фруктоза предизвикува проблем со мрсен џигер и зголемување на лошиот холестерол ХДЛ.
    Мојата поента беше дека треба да се конзумира месо,јајца,млечни производи и исто треба да се конзумира зеленчук и овошје.
    Не можеш да ја базираш исхраната само на зеленчук и овошје и да речеш дека си ок исто и како се друго месото од риба и пилешко има разлика од саламите,шунките,колбасите и сите други видови на преработени храни.
    Значи сум против тоа некој што ќе изнесе работи не јади тоа,оваа храна е штетна или оваа храна е полезна.
    Се е добро ако е умерено и ако се потрошува,нормално дека луѓето што седат дома и да јадат здраво нема да очекуваат некој здрав живот.
    Таа енергија треба да се троши,плус ако јадеш нешто што општеството го прифаќа како “надвор од границите“ ќе се одвојуваш од толпата и пробај да јадеш само вегетаријанско или само сирова храна.
    Поентата на животот е да уживаш и да споделуваш работи што те прават среќен,не да се правиш посебен ако правиш некој посебен режим.
     
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.606
    Допаѓања:
    151.852
    Не вежбам и не се движам премногу работа по дома обврски колку калории ми се потребни мене
    имам170см и 72 килогрми сега?
     
  18. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    jas se imam pridrzuvano na rezimov i oslabev 6, 7 kila za 2 meseci, sega pak ke si pocnam...samo zaboraviv kolku kl imaa eden gevrek lisnat i casa vino?
     
  19. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Колку калории има едно парче стек печено без зејтин?
     
  20. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.263
    во 150гр стек има 160калори.
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.