Уф, па не кажуваш ни за каде прашуваш, наведи барем земја вака изборот е ОГРООООМЕН. Јас можам да ти помогнам само за Грција. Под Олимп скоро сите места се мирни и со песочни плажи, најраздвижена би рекла дека е Паралиа и дека таму е да кажеме најмалце мирно. На прв крак Полихроно, Дионисос. На втор крак скоро сите места ко што знам се мање-више мирни, најраздвижено мислам дека е Сарти. На трет крак исто повеќето се мирни... Во регионот околу Солун, Врасна или Неа Врасна. Од островите Тасос... Напиши нешто подетално прво во која земја, второ што точно подразбираш под мирен одмор, да нема ништо околу или да не е румба-тумба цела вечер од дискотеки.
јас лани бев неа пори- прекрасно мирно место , за одмор во вистинска смисла на зборот , плус нема многу македонци
Ако сакаш во Грција, тогаш мој предлог е вториот крак, т.е Елиа Бич, му доаѓа некаде меѓу Никити и Мармарас - таму се наоѓа Anthemus Sea Beach Hotel & Spa - малку поскапичко, ама вреди за сите пари. Мирно е, нема гужви, не е во населено место, плажата е од самиот хотел, супер е и за мали деца, песочна, плитка, со чиста вода (освен морските треви кои постојано се исфрлаат на брегот, ама не пречат). Ние таму бевме во 2010 - и супер се одморивме. Секој ден има целодневни занимации за гостите (претежно странци, ама има и доста Грци, Македонци ни за лек), од спортови до курсеви по музика и танцување, вечерта обично има жива свирка во кафулето на плажата, претстава од детската секција (има детска занимална и децата на туристите обично спремаат претстави со аниматорите), па кино проекција во малиот амфитеатар. Може да уживаш и во благодетите на спа центарот (скапо беше, не велам не, една масажа од половина час околу 60 евра, ама вредеше). Блиску се Мармарас и Порто Карас за шетање, а освен тоа, има во близина и едно селце, Партенонас и таму може да се шета и да се седне во малото ресторанче за ручек. Имај предвид дека бевме во втората половина на септември, па беше помирно и без гужви - а хотелот беше полн. Еве и некоја слика од таму... Ова ни беше погледот од собата (дневна слика) а ова приквечер ова е плажата Јас пак би се вратила таму... убав одмор беше тоа...
За мирен пристоен одмор, бит и ја препорачала Кефалонија, посебно ако одиш со партнер, имате плажа само за вас, сонце само за вас, луге околу вас нема......... гулапчичи работа... ама за со друштво или семејно, не е. за вечер има неколку мирни ресторани...една помала дискотека...ама се тоа е мало минијатурно. плус има мнг ефтини тури за до закинтос, лефкада, итака и да го шеташ цел остров.... Плажата во местото Скала е долга кммммммм и нема толку мнг луге за да ја наполнат, така да интимност загарантирана... )) мирно тивко, бранчиња слушаш и одмараш
Мирен одмор во некој ресорт во Турција, има се’, а сепак одморот е многу помирен, отколку надвор од комплексот. Хотелите се сон. Секогаш сум се одморила максимално.
Остров Евиа, од сите места кај шо сум била тука било ептен мирно. А и местенцата на планината Пилион, преубави плажи, планински и морски воздух, а ноќен живот нема нешто многу.