^Не е во врска со тоа ти што прашуваш,ама ме зачуди што на 1 слика никот ти почнува со мала e буква,а на форумов си Elenna.
Мене овие цветчињата воопшто не ми се допаѓаат.Наместо цветчиња зошто нема поени со трофеи.Така е на повеќето форуми и е подобро,затоа што се гледа дека многу феминки билдаат мислења само за едно цвеќенце кое што и воопшто не е битно.Мој предлог е дека цветчињата треба да ги тргнете.(Предлог за форумот) Мислам дека наместо тие статии за Ким Кардашијан,дали го покажала задникот,или Анџелина Џоли направила тоа и тоа,треба да имате поквалитетни статии.(Предлог за сајтот)
Изгледа не си уклучена на ФБ Нели кога ќе јакнеме нешто, го лајкнуваме преку ФБ, и се објавува на нашите профили Може не си уклучена, и затоа не можеш да лајкнеш А јас предлагам да се вратат и старите смајлиња, а нека ги и овие Нека има повеќе де, а и онака старите се поубави. И да биде дозволено колку сакаме смајлиња да има во постот, зашто понекогаш искрено премногу се нервирам кога ќе ми се појави „Имате премногу смајлиња бла бла максималниот дозволен број е 10“ Едит- Да се смени името на темата „Спомени од моето детството“ На што личи насловов
Многу ми се допадна една идеја од една феминка. Мислам дека тоа беше gangstergirl, можда сум помешала, но воглавно, идејата за да не зависат цветчињата од мислењата туку од ѕвездичките дадени е генијална! :up:
Како идеја е супер, ама реално ѕвездичката не секогаш е дадена поради тежината и квалитетот на мислењето- види ја темата Специјален поздрав А ако некој пати од тоа да има цветче во незнам каква боја (сериозно, не ги знам боите ), ќе најде начин да си ги набилда и ѕвездичките...
значи вака, би сакала нешто да замолам.. Имам свој блог, со лично свои напишани текстови Пишувам од својата 5та година, сепак мојот блог не е доволно посетуван затоа што дури сега се осмелив на тој чекор и направив свој блог. Би ве замолила, ако е во можност, мојот блог да биде објавен на овој сајт, доколку неможе здравје .. Тој што ќе посака да прочита барем дел од текстовите, нека пише, веднаш ќе го оставам линкот од страната. Ви благодарам многу
предлог 1. Да стигаат известувања за ѕвездичките. Има таква опција во контролниот панел ама не може да се постави да добиваш известувања (или пак кај мене тоа е дефект ?! ) предлог 2. Да можат да се означат членовите, барем во темите за поздрави и честитања родендени...да се знае кој ти искажал внимание, да не биде после дека тој некој бил игнориран
Кога некој ке одговори во било која тема,под мислењето кое што јас сум го оставила да стига еден вид на известување ,нотификација.Пример јас пипувам во општи прашања некое прашање,и кога некој ке напише нешто под моето прашање мене ми стига нотификација.Или па кога некој ке ми цитира мислење.
Можеш на „пребарај го форумот“ да си го напишеш никот и ќе видеш кој те цитирал. Инаку и јас сум за тоа да ни стигнуваат нотификации, многу повеќе ќе се олесни работата. :up: Јас по не знам кој пат предложувам мислењата во Кафе пауза да се бројат а во тие теми што се како „што денес за ручек“ и слично да не се бројат.
Јас мислам дека штом темава Спојлер (линк до темата на која мислам: bremenost/bremena-zena-ne-smee-da-krade-t20489/) е за одреден вид на суеверие, не и` е баш местото во Бременост, туку повеќе во “Другата“ наука, а ако има и одредена тема за суеверие, може мислењата едноставно да се префрлат таму. Спојлер Исто и мислењата од оваа тема psihologija/sto-koga-bliska-licnost-ke-se-obide-da-se-samoubie-t12363/ може да се префрлат во општата тема за самоубиство. Мој предлог.
Пробуричкав низ темата да видам што предлози има и се што видов ми се допадна Али ме интересира нешто што неможам да најдам одговор никаде Забележав дека не ми се рачуна секое мислење што го пишувам , па ако може да ми кажете во кои теми и категории се рачуна а во кои не ?
Мислењата во "Слики" да не се бројат! Не сакам да спомнувам име, ама име е феминка која силува категоријата само поради бојата на цветчето. Можете и самите да видите. Разгледајте низ темите и ќе видите од кој ник најчесто има мислења.
И зашо бе форумов да го читаат падобранци што не се зачлениле?! Ок, може да се зачленат и да си читаат и да бидат неактивни (што и тоа ми е безврска..може треба една рација да се направи на долгонеактивните членови) ама вака многу ми е глупаво што отварам категорија и гледам таму х-гости дека ја гледале...се осеќам како да живеам на приземје и луѓе од улица да поминуваат и да ми ѕиркаат преку прозор по дома