^Да се биде фин е манир,не треба да бидеш фин оти мораш.А и како ќе знаат тие за Форумов ако не можат да го гледаат читаат,ако не го читаат ,а се зачленат и ако не му биде померак,можеби не сакаат да коментираат туку само да читаат
Срце, добив одговор од некој многу покомпетентен од тебе и нема потреба да се повторуваме (особено не со вака едвај разбирлива речиница, на која интерпункциските знаци и се слаба стана), а уште помалку има потреба да ми дефинираш што значи да се биде фин.
Ако до толку несакате да ви пишуваат на латиница, ставете да неможе да се испрати порака на латиница. Ако се работи за англиски збор, да се дозволи процнувајќи дека е англиски.
Ова јас го прашував пред некое време и ми одговорија дека овие нотификации ќе стигаат кога фемина ќе премине на нова платформа, до тогаш изгледа нема да има нотификации за ова.
Темите Се гордеам со..., Знам дека..., Како минува времето сфаќам... итн., можат да се спојат со СДК. Премногу ги има.
Нека се отвори тема сакам да прашам, како што имаше. Има некои општи прашања кои незнам каде да ги поставам, а да отворам тема за просто прашање е глупо.
Јас сепак предлагам да се отклучи темата за цитати од турски серии. Ќе се избегнат многу офтопици од типот на "досетливи" коментари, психоанализи на членови и ставање на сите турски серии во ист кош (не се двоиме ние, другите не` двојат искрено) . Покомотно ќе се чувствуваме во тема на истомисленици (во поглед на мислење за тие серии). Ниту има посебно тема за турските глумци, актуелности, пикантерии, ни ништо слично. Па сеа и цитатите таму да ги лупаме ако не. Во темата за дадената серија се` се трупа. Па барем за ова една тема нема да направи којзнае колкава гужва. Па колку само теми за неверство има во соодветните категории на пример, па никому ништо. Фала.
Да не се бројат мислењата во темите за поздрави и песни и смешни слики и сите тие од тој калибар. Мислење треба да подразбира текст. И ѕвездичките кај поздравите немаат смисла. Ај секој ден нека пишат некои и нивните мислења/ѕвездички да се рамнат со девојки што имале и добиле ѕвездички за убави вистински текстуални мислења и квалитетни ставови.
Да не се има опција за цитирање во СДК. Нека биде забрането возвраќањето, може да разговараме за тоа во ЛП, па така нема да има несакани случки како во минатата СДК. Едит: Се сложувам, со тоа некои само натрупуваат лајкови. Некои од срце си поздравуваат и знам кои се тие, но одредени личности, ќе изнапишат никови и постираат за лајкче..
Тоа што го предлагаш ти се вика монолог и не е цел на ниеден форум на светот. Башка што постојат милион начини да посочиш некој без да го цитираш. Кога некои луѓе ќе се научат правилно да дебатираат и да не сфаќаат секој пишан збор здраво за готово кога е критика издржано формулирана ќе имаме право место за дебатирање и разменување на мислења. Од влакно јаже правите, слон без потреба. Наместо да се потикнува дискусија и да се даваат идеи да се задлабочи и квалитетно оформи, вие и таа малку што остана сакате и се обидувате да ја загушите. Што сфаќате вие под форум кажете ми? Вие што за секоја дискусија се буните, за секоја реплика се навредувате и сакате никој никаде да не ви се спротивстави или котрира. Зашто сте тука ако не ви се дебатира?
Па дебатирајте, ама не правете цела кавга... можеш да го кажеш тоа во ЛП и нема ни оф топици ни замразувања.
Мислам дека најмногу треба опција за да можеш да го избришеш своето мислење . Сигурна сум дека скоро сите на форумов некогаш сакаат да избришат некое мислење/одговор што тие го пратиле.. забележав дека оваа опција ја има само кога ке го постираш мислњето ама се губи за 5-6 минути .На пример јас некогаш сакам нешто да кажам ама може другите нема да ме сватат како сакам да се изразам и од кога ке го постирам мислењето можам да го реадикцирам( да го преправам) ама после 5 минути таа опција ја нема .. Ви предложувам да направите опција избриши го одговорот зошто многу ми е потребна и мене и на некои други членови.. Јас некогаш се чуствувам како stand up comedian и ке напишам некое мислење што никој не го сваќа или мисли дека е глупо и после другата ден си викам Ех бре зошто сум го напишала ова . . Или некогаш ако некој има прашање и ја ке одговрам грешно неможам да го избришам после некое време откако мислењето е постирано . Ок сега да не навлагам во примери зошто ова копче е потребно ама навистина мислам дека би било убаво да го има и после еднен , два три дена откако ќе го постираш, не одма да се губи .
КОј кого мрази? Јас никого, верувам и повеќето. Ти викам не разликуваш кавга од дебата. Тоа не беше кавга. Отвори ја првата СДК и види милион дискусии, цитирање и дебатирање. И никој не се бунеше како сега, никој не се лутеше ни модераторите бришеа со брзината на светлината како сега. Што ви е не знам, ама само лошо праите вака, или па поинтересно е само сликички да се постираат без многу замараме на мозочни виуги.
Тоа што се обидувам да ти кажам е дека може да се среди тоа во ЛП, а не во СДК зошто така само се врти цела тема на муабетот и темата веќе не е СДК...