Мојот предлог не е баш конкретно за сајтот, ама еве предлагам - да се направи апликација за мобилен телефон (во која ќе биде вклучен и форумот ). Така ќе ни биде олеснет пристапот до Фемина
А јас предлагам, да предложуваме нешто што е во надлежност на модераторите. Оти администраторите не не` фермаат два проценти. No hard feelings. Али шта јест-јест.
Дајте бе средете тоа со лајковите, стигаат лајкови, а јас никако не можам да видам од кој и на кое мислење. Што не е во ред - не е во ред. И да, не преминувајте на нова платформа, супер ни е вака. Туку на кој зборам којзнае.
Не покажува. Бидејќи јас пример добивам ѕвездичка на едно мислење, и одам на зелената стрелка, го отварам и гледам од кого е. Но потоа добивам ѕвезда за друго мислење, и тоа го гледам, а ако ми стигне уште една на тоа првото, нема да знам, зашто како последно стои второто. Се надевам ме разбра.
^ Да, те разбирам. Не ти ги покажува новите ѕвездички на тие мислења за кои веќе ти се дадени претходно. Ама тоа не е ни толку битно бе луѓе
А да се спојат темите Ми треба совет и мислење и Љубовни проблеми и совети. Не гледам некоја разлика, а и многу од коментарите се поклопуваат. Или барем нека не биде оваа првата во Љубовни проблеми зашто вака се преклопуваат, нека важи за тема во која се даваат нељубовни совети и мислења..
^На некој му треба совет и мислење на некоја друга тема.Која не е поврзана за љубовта! Па затоа се од дeлени
Можно ли е да се направи да стигаат известувања за тоа кој ти лајкнал мислење или пак те цитирал? Слично како на фб што е. Може и да има слика од аватарот и никот да го пишува. Баш би било убаво.
навистина треба да направат. да направиме петиција ние? или нова тема со прашалник? ако има повеќе кои сакаат апликација како нас нека се направи. ако се согласувате вие две пишете ми лп.