Мислам дека би било добра идеја барем лицата кои што не се регистрирани на форумот да неможат да разлистуваат мислења на нас кои што сме регистрирани се со цел повеќе да се заштити приватноста.
Како мислиш? Отсекогаш нерегистрираните корисници не можеле да ни листаат мислења, од нашите профили. Туку само ако влезат во одредени теми и ќе ни прочитаат по некое мислење...
А да се отвори нова тема за малецкиве да пишуваат како си поминале во школо? Да не го трупаат СДК со коментари од кои ми ги засенуваат Еленнаа, sadgirl21, Ketrin.Moon, lana.del-rey...и останатите кои се стварно пријатни за читање и имаат што да кажат и напишат.
Страшно е тоа каква дискриминација се прави на форумот. Ајде поз, толку од мене. Мислев форумот е место кај што човек може да се искажи, а не зборувам само за мене, зборувам и за другите. А штом вака сметаат, лошо е. На никој не би сакала да сметам, иако не мислам дека конкретно за мене кажуваш, ама од вакви постови боли, искрено боли! Се читаме. Поздрав.
Најпрво им сметавме во темата за модни критики, па не оделија, сега сакаат и од СДК, а на крај и ќе не банираат, ништо чудно. 1.Препорака за сајтот тие рекламите со стопанска банка да ги тргнете или барем Х да има да ги тргнеме, а не вака 1 минута чекам да се исклучат. Знам дека земате пари од тоа али нека има Х и нема да пречат. 2.Името на оваа тема да се смени да биде Предлози и идеи за сајтот И ФОРУМОТ. 3.Новата СДК да оди во важни теми. И тоа би било тоа од моите предлози за сега. П.С Не ви чини да збориме за школо, ни за дечковци, па за што да збориме. И Џени немој да си идеш, седи кај што си.
Не се прави дискриминација. Не запамтив кои се пишувале во сдк... ама со оглед на тоа што не е ништо лично, нормално дека коментарот горе не е за тебе, не е за никој конкретно туку во глобала пишувам јас. На никој не смета ако пишувате во темите каде што се дискутира и се држите до насловот на истата. Ете твојот коментар во СДК после мене е сосем во ред, ама замисли сите студенти ако земат да пишуваат во сдк како поминале на факс - па на ништо нема да личи тоа.... Затоа мислам дека не е на одмет тема како што предложив погоре, немаат врска годините, едноставно содржината на тексот на некој не му е интересна, па вака таман ќе бидат одвоени таквите текстови од останатите каде што членовите ги преточуваат своите моментални емоции и се литературно поиздржани, за разлика од другиве кои се разговорни. Не сметате во СДК, освен кога пишувате за школо. Па и ние имаме неработни денови на факултет и колоквиуми и настава па никому ништо... Ова и јас го предлагав пред некое време, ама нешто ме изигнорираа. Зборите си за школо, но во друга тема-соодветна за тоа. Па така и вас ќе ви биде попрегледно.
Мадам-а јас изгледа грешка сум ја сфатила функцијава на форумот. Мислев има посебни теми за скоро се', а СДК ти е да пишуваш нешто општо, некој убав текст, кога имаш инспирација и слично. Па дури и за школо ако се пишува, ќе се пишува. Тоа го мачи некој и сака да си олесни. Мислам школото/факултетот на повеќето ни е проблем и си пишува да си олесни. Не дека сите 5 ќе бидат ако напише нешто овде, ама сепак друго е.. А доколку сакаш некоја сериозна тема, ти ја препорачувам „на срце ми лежи...“. Јас таму читам кога сакам да видам квалитетно мислење, а и мислам дека е дека дека подобра од СДК. Извинете за скандалов де, нервозна сум денес. Не за друго..
Јас се согласувам со тебе,посебно се болдот.Во ред е да се напише некое мислење за школото во кое ќе се пожалиме или пофалиме ние помалите,ама има некои постојано пишуваат само за школото и ги опишуваат часовите . Или пак пишуваат ова ќе правам тест,она ќе правам тест...секој ден. Тоа е претерано,навистина. Инаку,јас сакав да кажам дека џабе се пишуваат страници во темава.Никој не не' рецка.
Џени у реду е. Секој си има свое мислење, јас на пример мислам дека по сите можни правила не е во ред да се пишува во СДК: Денес напишав домашна за во школо. Денес одговарав и добив 5ка, и утре ќе одговарам и утре ќе добијам 5ка., особено не ако сето тоа е неелаборирано и стои онака ради-реда, а најнесфатливи ми се цитирањата на таквите коментари со: И јас. Леле и јас. Исто и јас.... Баш убаво си ја сфатила. Нешто општо, некој убав текст, кога имаш инспирација и слично... Немам ништо против текстовите да бидат за школо и факулет ама реално ако веќе се пишува нека биде содржајно, а не кој кога прави тест!
Добро за жал чести се тие. А и мислам сите мислиме на една иста личност, нема да напоменам која е, но на сите им е преку глава а и одамна таа личност требаше да биде блокирана. Имам забележано скоро сите нови членови напнуваат по темите, нели цветчето е битно па мора да стигнат до бело, плаво, зелено итн. После некое време сфаќаат дека не е се до бројот на мислење, само некои касно сфаќаат за жал. И јас бев таква, затоа од искуство ви кажувам, ама се опаметив малку од малку, или барем јас сметам од кога се зачленив на форумот до сега сум променета 100%.
Јас предлагам да се отвори тема од 12 до 15-16 години и таквите работи да се кажуваат таму ... Малку Офф топик Еве пример јас во СДК пишувам само кога имам некоја инспирација и вонглавно раскажувам случки што ми се слувале и за тоа што го чуствувам во моментот ... а имам забележано дека има повеќе такви феминки што така пишуваат и тоа го поштувам.Одредени феминки не ни ги погледнувам што имаат напишано во врска со школо со лектири оцени итн навистина не ме занима тоа па затоа темата што ја предлагам да се отвори нека биде за тоа за нивните училишни моменти ,ама знаете ли бе шо е финтата Па ѕвездичкитее бее И кој им дава ѕвездичка само они меѓу нив Смешно но вистинито
Иако никој од “главните“ не не` чита ќе си го кажам своето... Темата СДК да биде во скриено катче!!! Вака секој што ќе го отвори форумов чита све и свашта,а баш таму би требало се` да си кажеме...
Па нема потреба зошто веќе има една таква слична тема во Скриено катче-На срце ми лежи... Во нејзе ќе си напишеме она што не би сакале гостите да ни го читаат
Се разочарав кога видов дека и на ФЕМИНА има политика (овде пишувам бидејќи темата за критики е затворена). Значи толку мразам политика и презирам секој што е заблуден во политиката, а кога ги видов рекламите или како уште се викаат овие... ептенски не можам да ви опишам колку се разочарав од самиот сајт :/
Се е пари. Сопствениците на форумот се хранат со јадење кое се купува со пари, не со љубов. Чуваат деца од пари. Нашите кликови се основ за некој да сака да се рекламира тука, па и политичка партија. Колку повеќе кликови на сајт и форум, толку повеќе се качуваат цените за рекламите. А бидејќи за пари се се прави, нормално е да ги има и тие банери. Моја идеја за сајтот...да има тест за писменост при регистрација. Ако не го помине, нема регистрација.