И би било убаво ако некако се означуваат мислењата со најмногу ѕвездички во темите, со цел да не се пропушти квалитетно мислење низ страниците.. може да има нешто како топ 10 опција
Да не се прават многу отстапки при бришење мислења, т.е. да не се отстрануваат мислења по нечија желба. Има случаи кога пријавуваат и молат да се тргне некое мислење кое не е офтопик затоа што не им се допаѓало што биле цитирани. Кога веќе одвојуваме време за да образложиме нешто, не е во ред само така да го снема зашто некому егото му е пречувствително и не може да се соочи со аргументите кои му посочуваат дека не е во право. Ако има таков проблем воопшто нека не пишува тука. Ова како порака, не само до модераторите, повеќе до останатите кои ќе се препознаат.
Спојлер Хехе остави ја, дете ете гледаш веднаш ќе поверува.. Инаку, да стварно ставајте ги сликиве во спојлер, недај боже некое мислење со 3-4 слики 2-3 пати да го цитира некој, 2 страни ќе отидат, дај малку осет....
Би сакала да има опција на форумов да ви прикажи известување доколку некој ви вратил на коментарот, прашањето.
Предлагам да се направи нов конкурс за модератори Не дека и сегашниве лошо си ја вршат својата работа, но нели, секогаш може подобро Мислам дека нема потреба од ова. Квалитетното мислење ќе го препознаеш по тоа што ќе има многу допаѓања, а ова нема шанси да ти избега од очи
Мислам дека редно е веќе да се направи едно ограничување за отворање на нова тема. Да можат да отворат нова тема само оние кои имаат над 50 мислења (пример). Зашто ова на ништо не личи. Секој еден се зачленува и за што и да му треба отвара нова тема, која секако веќе постои. Ако има ограничување, кога ќе се зачлени некој, а му треба нешто да праша, ќе биде приморан да побара соодветна тема и нема да имаме заклучување и дупли прашања. А вака, ги мрзи да бараат, полесно им е отвори нова и крај. Прво и основно некои не ни знаат како функционира форумов. Како ќе знае кога е зачленет само 5 минути. Кога ќе има 50тина мислења, ќе знае барем малку од малку што и како функционира и за што има правила.
Или со секое зачленување на има user manual кое ќе мора да се прочита... пребарувачот функционира одлично, со само еден збор лесно се доаѓа со бараната тема а колку што приментувам многу членови не го користат
Да не се бројат мислењата од Храна и пијалоци! Се злоупотребува...се пишуваат мислења само ради реда,колку да имаат повеќе мислења.
Мислам дека нема да функционира ова. Од кај ќе знаеме дали го прочитале или само го проскролале истото? Ќе му дојде нешто како што најчесто сите правиме кога се регистрираме некаде и никогаш не ги читаме оние Terms and conditions зашто се многу и не‘ мрзи, па само ќе го штиклираме квадратчето.
1. А ДА СЕ ЗАЧУВУВА АВТОМАТСКИ МИСЛЕЊЕТО КОГА СЕ ЗАПОЧНАЛО ДА СЕ ПИШУВА КАКО КОМЕНТАР барем на одредено време? Значи не се знае колку пати ми се случило да напишам реферат и несакајќи да стиснам друго и отиде пишанката по ѓаволите. Сигурна сум дека ова барем еднаш било проблем и на другите. 2. -во врска со мојот предлог, не дека некој го зема предвид ама го дадов зашто некогаш не се чешлаат темите од почеток до крај па затоа да бидат издвоени. А точно е дека ѕвездичките би ни украле внимание, само муабетот ми беше да се истакнат и бидат видени и во случаи кога читателот не ја чита цела тема - и кога веќе те цитирав, ова со модераторите е одличен предлог. Треба малку освежување
^ Треба, многу работи треебаат, ама никој не не рецка ни 2% Колку да не сум офтопик, би било убаво да направите повеќе подкатегории... се знае каде требаат.
Воведете опција не ми се допаѓа или дислајк копче, и тоа како е потребно... мене барем ми треба не се зафркавам, сериозно предлагам, размислете
па ако некој пост(мислење) не ти се допаѓа,нема вајда да стиснеш ми се допаѓа??? Bака го прерипуваш милслењето што не се согласуваш и никому ништо
Повеќето мислења се измеѓу, рамнодушна сум, на нив нема што да кликам, ама кога нешто ми се допаѓа имам опција да искажам, кога не ми се допаѓа немам...
Ајде еден предлог до модераторите, коментарите на Пирана ( во кои раскажува за посетените земји ) да ги сместиме во една посебна тема. За секое посетено место нема соодветна тема и ќе треба да се отвараат безброј теми за да ни раскаже Пирана се што има видено низ светов. Така освен таа и други феминки кои имаат прошетано и сакаат да раскажуваат може да пишуваат таму, па така и ние нема да се бркаме низ темите кој каде има напишано туку ќе си биде се на едно место Нека гласи темата "Моите дестинации" или "Дестинации кои ги посетив" кои се предлог од една феминка или пак нешто по ваш избор. Се надевам ќе ни ја одобрите идејата
Ти па ако сакаш отвори Ако сметаат дека е несоодветна ќе ја избришат и никому ништо. Инаку јас сум за.
^ RainBow, нема врска таа тема со патеписи и со тоа што Пирана го пишува. Повеќе ми личи како еден вид прашалник. Девојкава погоре предлага нешто сосема друго. Одвој малку време и прочитај за што станува збор. Мој предлог е да се отвори тема која ќе се вика Патеписи, каде што детално ќе се раскажува за сите посетени дестинации и по можност да бидат збогатени со некоја слика.