Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Да, што убаво си кажа, ако сметаат дека е несоодветна нека ја избришат, баш си во право.

    А јас што се трудам да ви напишам нешто повеќе бидејќи фино и културно ме замоливте, што губам саати од моето слободно време - секојдневно, и се обидувам да ви го претставам и пренесам она јас што го видов и проживеав, тие цели реферати нека се избришат ако некој смета дека не е соодветно, па што, никому ништо, нели?
    Е добро, така нека биде.
    ;)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    ^Нема да се избрише таман работа, ако има веќе тема за дестинацијата само ќе биде префрлено мислењето. :)
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Извини, милев за темата, да ја заклучат ако сметаат дека е несоодветна, а мислењето секако дека нема да се изгуби. Погрешно се изразив.
    Сепак мислам дека ќе биде од голема корист ваква тема :) :up:
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Кога може да постојат некои теми што се без врска и се во вид на прашање (кое може да се смести во милион други теми), како на пример оваа тема
    http://forum.femina.mk/telo/ima-li-nekoi-vaginaletki-za-prijaten-miris-t21329/#p2077285
    зошто тогаш, убаво напишаните текстови од патувањата на Пирана не заслужуваат посебна тема? Дали може сме премногу љубоморни на нејзините авантури, па од инает не и го удоволуваме тоа?

    Јас немам ништо против членот UnknownGirl, но имам против одредено субјективно модерирање и администрирање на форумов. Во претходната "тема", насловот е во вид на прашање за кое, според правилата на форумот, постојат други теми каде може да се праша. Но ти, Реин, како админ, искоментира нешто во темата, без притоа ниту да опоменеш дека темата не е соодветна и нема потреба од истата. :^)

    Форумот е на сите членови и сите треба да одлучуваат дали нешто вреди или не, а не тоа да биде своеволно од страна на еден модератор или админ.

    Јас и во темата Азија се изјаснив
    Доживувањата на Пирана се нешто многу поразлично од тема за некоја дестинација, за која можат да се прашуваат разновидни информации без никаква прегледност. Еве, нека пишуваат доживувања и другите членови, но нека бидат на сличен начин како текстовите на Пирана, да го доловат моментот и со збор да те однесат на дестинацијата, што вреди многу повеќе од една обична "колумна".

    Исто така, изненадена сум од игнорантскиот однос на админите. Пред неколку месеци имам пратено лп до админите, кои сеуште ги немаат отворено пораките. И нема потреба од бламажа како тоа има многу пораки и не можат истите да се прочитаат, поштедете ме од такви глупости.

    Внесете новини на сајтот, преведете некои стручни содржини а не само да лупате некои текстови копирани од "Свет" и слични трач сајтови и списанија.

    Сајтот фемина се повеќе станува безличен, му фали нешто за да остане препознатлив и специфичен а не да падне во сенката на газот на Ким Кардашијан.
     
    На Golden, sagittarius57, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    ^ Потполно се согласувам. Моментално не ми текнува, ама има многу теми кои се споени со некоја друга слична, а има сепак разлика.

    Еве да речеме, конкретно овој пример. Темата Омилени дестинации е едноставно, место каде што пишуваме кои места ни се убави и сакаме да ги посетиме или кои сме ги посетиле.
    А идејата на членката беше тема којашто ќе биде место каде што ќе ги раскажуваме доживувањата од посетување на некои дестинации.

    Зарем не може да се воочи разликата? Темата си е сосема на место.
    Зарем ќе наштети една тема повеќе?
    Темите како Најубаво име и Најлошо име (така некако беа) се одвоени, иако нема некоја разлика (не дека нема разлика, туку може да бидат во една тема), а во овој случај, и дожувивања и само имиња да се трупаат на едно место. Дали има смисла?

    Сакате да кажете дека мислења како Лондон и Париз и рефеарат со доживувања од посета на тие градови треба да бидат на едно исто место?

    sagittarius57, според мене, ти можеш слободно да ја отвориш оваа тема. Мислам дека за брзо време ќе живне и се надевам дека нема модераторите да ја спојат со горенаведената, иако има голема разлика. :)

    Како што кажа Абеја, понекогаш треба да се слушаат и членовите, а не модераторите да постапуваат како тие сакаат.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ама нели е веќе отворена тема Патеписи? Што е сега работава? :?:
     
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    ^ Се извинувам, не видов дека ја отворила веќе темата. :)
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Темата-патеписи беше отворена после коментарот на Реин, а повеќе беше за коментар нејзиното цитирано мислење. После муабетот можат да се отворат уште 10 такви теми, но треба да се искоментира и начинот на кој тие се издејствувани. А со оглед на тоа што Пирана беше прва што започна да ги пренесува своите доживувања со зборови, можеше темата да и биде отстапена нејзе, ама тоа е најмалку битно, нема никаков проблем што сагитариус ја отворила, иако целата приказна почна од Пирана.
    Проблемот е што постојат толку непотребни теми на форумов, кои го сочинуваат квантитетот на истиот, а една квалитетна тема ќе била вишок.
    p.s. а и со оглед на тоа дека темата уште вчера е отворена, гледам сите мислења се префрлени, скоцкани, абе да ти е мерак да ја разлисташ темата :^)
     
    На AnaKarenina и Lella им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Дека читам Lella пишала да се отвори темата, а знам синоќа ја видов на форумов, па викам сигурно не ја видела. Затоа оставив линк овде.
    А за проблеми на форумов - не е еден. Во темава се дадени многу убави и практични предлози со кои ќе се среди форумов и одлично ќе функционира. Ама не дошол денот... Освен тоа, модераторскиот тим е многу мал, не знам ни они како се снаоѓаат.
    Баш пред некое време го разгледував конкурсот за модератори што го направија лани, и си мислам дека пак ќе треба да направат конкурс пред да го оформат тимот. Затоа што во рок од една година се менуваат работите. Некој што лани имал време и се пријавил доброволно, годинава може не ни пишува веќе тука. Сноу меѓу првите се пријави, ама сега има бебенце за чување, сигурно не и е до средување теми и мислења. И така :)
     
    На Daydream и Lella им се допаѓа ова.
  10. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Темата ја отворив најмногу за мислењата на Пирана, а и за некои кои сакаат да пишуваат и раскажуваат за нивните патувања, не беше темата наменета за мене, но ете се потрудив и јас да напишам нешто, не со намера дека ете јас сум го почнала пишувањето туку напротив. Дека никој не отвори тема за тоа, се одлучив јас да ја отворам. Не сакам да бидам сватена погрешно, јас и немам многу што да кажувам за моите патувања кои се бројат на прсти. Доколку не ви се допаѓа може слободно да се избрише и да ја отвори Пирана, мене воопшто не ми смета.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Да, премногу сме љубоморни ние тука и не смее никој да пишува за тоа каде бил и што видел. :!: :rofl:
    Патем, ѝ пишав јас на Пирана дека може да си отвори тема за секое место посебно, или да ги групира како сака, па секој ако има нешто конкретно да праша за местото да го направи во темата.
    Ах, ама ние љубоморните...
    Ајт, одете читајте ја Пирана и уживајте си преку нејзините текстови во егзотични места. :)
     
  12. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    RainBow, не е во прашање дали да се отворат нови и посебни теми за секоја дестинација туку да се направи една тема во која ќе бидат сите текстови. Потреба за таква тема има (ако воопшто си ја отворила темата Азија - ќе видиш), а како што гледам има и заинтересирани за да се отвори такво нешто.

    Јас би сакала да слушнам твое образложение зошто “нема потреба“ од таква тема? Која е причината за да не се измешаат повеќе дестинации во една тема?
    Гледам дека добар дел од членовите би сакале да се отвори таква тема и ти наведоа неколку причини ЗА, но можеби само твоето отсечно “нема потреба“ што ми го напиша во ЛП е доволно и поголемо од желбите на членовите на овој форум?
    Дали може да ми објасниш што треба да се направи за да се отвори нова тема?

    Абеја горе доле ти ги постави истите прашања, и ако се вратиш една страна наназад ќе видиш и други слични мислења на кои ти не даде никаков одговор, освен за тоа колку си љубоморна.
     
    На mims-89 и Lella им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Значи има тема патеписи, се отвори и не е заклучена, значи може таму. Замерувате дека некоја друга девојка пишала таму па не е доволно добро напишаното и не треба да стои? Не е тоа малку повеќе грубо? Ако не ви се читаат други доживувања едноставно скокнете ги.
    Имаш слобода Пирана да пишуваш за секој град посебно и да ги ставаш во посебна тема да се знае за која држава зборуваш.
    За ако сака некој член да дознае нешто за одреден град или држава полесно ја најде.
    Што се бара конкретно не ми е јасно, тема насловена Пирана?
     
  14. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Не се бара тема насловена “Златната Пирана“, туку сите мислења да се стават во една тема со рандом име и да се продолжи со пишување за различни дестинации, со што би било полесно за членовите да ја пратат и читаат, а и би било по прегледно. Ова не го сонував јас вчера, туку е идеја на членовите, а не моја и морам да признаам дека се согласувам со истата.
    Добив одговор по ЛП со образложение од два збора, “нема потреба“ и би сакала да знам зошто?

    Малку подоцна се отвори таа нова тема, можеби треба да се продискутира начинот на кој е отворена и колку треба да се издејствува за такво нешто, и кога веќе не е заклучена, зошто не се среди од модераторите?
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    За тоа дека треба да се префрлат мислењата се сложувам, не се сложувам да само ти имаш ексклузивно право на неа како што некои предлагаат. Можеби некогаш ќе станеш колумнист па ќе имаш свое катче. И јас сакам да те читам и мислам дека нема ништо лошо да стојат мислењата во темата Азија, освен оние каде се опишуваат градови од други континенти, требало во соодветни теми да пишеш.
     
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ми беше зборот. Зошто да „нема потреба“? |(
    Божем една тема ќе направи голема збрка на форумов. Темата за разлика од некои други е многу интересна, јас просто не гледам причина зошто би пречела и би била вишок. :?:
    Ама сега кога има таква тема, можеме мирно да спиеме и да се надеваме дека ќе бидат прфрлени мислењата и сите да уживаме. :D
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Видете вака, не е потребна темата од аспект што можеш да си отвориш тема за местото, да си напишеш што имаш да напишеш. Некој го интересира нешто конкретно за тоа место, ќе се надоврзе, или некој друг може има нешто да каже за тоа место и си тече темата. Затоа и е отворен посебен подфорум, да има место за дискусија за локации поединечно. Можеби некој го интересира нешто конкретно за одредена локација и не може да чита цела измешана тема, туку си ја бара конкретната тема. И затоа ти предложив, Pirana, така да се отвораат темите.
    Зашто е поубаво и попрегледно.
    Е сега, темата Патеписи стои отворена, ако ви одговара повеќе и до толку ви смета тоа се да си биде во посебна тема пишувајте во таа тема.
    Мислењата од претходните теми не можат да се префрлат во новава бидејќи се постари, ама може да продолжите во новата.
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Bridget баш ме интересира кој рекол дека Пирана треба да има екслузивно право на новоотворената тема? Немојте да вадите зборови од ракав, нешто кое никој не го рекол туку вие си мислите дека е така.
    Работата прво беше да се отвори посебна тема, ете Пирана си прашала и се одговорило со-нема потреба. Зошто да нема потреба а веднаш потоа е отворена тема, која стои и во која не се префрлени мислењата и не е средена :^) Чудно, нели? Сагитариус ете почнала, но останало само на нејзините две мислења, нели ќе се префрлат и другите?
    Темата нема да биде од информативен аспект туку повеќе од уметнички, литературен. Ако сака некој да праша за одреден град, држава, село, река и сл. има посебни теми за тоа. Ова може да биде само за патеписи.
    Кога читам некои доживувања за некои "егзотични" места, како што ги нарече Реин (не знам зошто толкава иронија), сигурно дека нема да биде убаво веднаш после некој текст некој да праша треба ли виза за таму, друг да праша цигари дали може да пренесе, друг која валута се користи, па после 5 страни некој пак да напише доживување. Тоа е целата разлика и она кое беше побарано, а иронијата навистина не е потребна, овде треба да одлучува мнозинството а не тоа како и се свиѓа на Реин или на друг админ или модератор. Значи правилата се едно а желбите и формирањето на форумот се друго. Немам ништо против Реин и останатите, но себичноста и субјективниот став не треба да бидат вмешани во функионирањето и содржинскиот дел на форумот, па ако не се членовите нема да постои ниту форумот.
    Кога сме веќе кај колумните, мислам дека Пирана заслужува да биде колумнист на фемина, барем ќе уживаме во нејзините патеписи а не од некои драми од личниот живот на некоја икс личност. Мислам дека многумина ќе се сложат.
    Се надевам дека во иднина ќе стави барем по една слика од дестинациите, за да исчезне сомнежот кај некои кои не веруваат дека ги посетила тие места и зборува од лично искуство.

    p.s. и јас сум љубоморна на Пирана што си шеткара и што е авантурист, си признавам :$ (ко призна пола му се прашта :D ), ама и се може и задоволство ми е кога ја читам, ми доловува уживања од места на кои можеби никогаш нема да отидам (пример со Иран, Камбоџа, Токио, Јужна Африка...)
     
    На Lella, Glasna и sagittarius57 им се допаѓа ова.
  19. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Абеја за Пирана да биде и колумнист и да може повеќето читатели на Фемина да уживаат во текстовите. Друго како што кажа Реин погоре дека текстовите неможеле да бидат преместени дека биле постари, тогаш ако Пирана сеуште сака да ни пишува и разкажува, може да ги ископира таа своите мислења од другите теми, да ги стави во Патеписи и да си продолжи со пишување во таа тема.
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    35.717
    Пол:
    Женски
    Сигурна си за ова или колку да не откачиш сите, па ај да кажеш нешто. Или те мрзи :^)
    Не сме сите неписмени, мислам... |(
     
    На Abeja и Glasna им се допаѓа ова.