^^ Не мислиш дека малку повеќе се драматизира со ова? Ти имаш мислење со кое не можеш да тврдиш дека сите ќе се сложат, направи анкета па излезе дека сите сакаат така како што сакаш ти? Еве јас мислам дека мислењата на Пирана совршено се вклопуваат во темата Азија. Таа тема така си стоеше со неколку оскудни мислења и ако јас утре решам да посетам делови од Азија имам таму информации, не да читам мислења во тема каде се пишува за дестинации од цел свет па да листам и барам. Се сложувам дека е добро и детално напишано, но ако ти сакаш да го доживуваш и уживаш само од литературен аспект, мене ми се битни плус информациите внатре. И Пирана самата има кажано во текстовите дека наредно сака да пишува за Африка и бара таква тема или планира да отвори, што ми е логично. Никој не ти забранува да уживаш во нејзините мислења на начин на кој ти сакаш, но толкава врева само затоа што некој под нејзините мислења ќе прашал колку кутии цигари може да пренесе па ќе ја ˝извалка˝ темата, ми е многу детски.
^^ Ти тотално си ја утнала поентата на муабетот, или можеби само сакаш така да изгледа. Не би се повторувала повторно и повторно во интерес на просторот и темата, тоа што сакав да го кажам го напишав претходно во темава, а твојот коментар во врска со тоа, само прави турлитава од мојот и ставот на други останати.
Темава да се преименува во: Предлози и идеи за сајтот и форумот -секако гледам дека повеќе од мислењата одат оф топик со тоа што се предлага за форумот.
Остај бе Мадам, не се замарај со тоа. И онака ништо нема да те послушаат. До името им е дојдено, тие форумот го заборавија, за името на една тема ќе се замараат. Свиркај си.
ПРЕДЛОГ:Да се затвори темата „Одговори на прашањата за екстрено“. Новодојдените членови искрено претераа! По 15 пати прашуваат дали имате ова-она.А никој не сака да стави одговори.Пр.последните 3 страни се офф-топици!Темата наместо да е полна со одговори,полна е со прашања!И да се избришат сите такви мислења во неа. А да имаше 2-3 девојчиња кои кажуваат дека нивни се одговорите,а истите може да ги најдите некоја страна понапред! Или пак да се отвори тема во која ќе биде забрането,такви прашања.Т.е сите оние кои имаат одговори да ги ставаат одговорите,а да нема мислења од типот:се трампам за,има некој одговори од,...и така-натака Фала,Чао!
Предлагам да се отвори темата за Банирани корисници и Интернет тролови затоа што многу членки се жалат од манијаци коишто имаат некои од нив дури и по 53 профили и им пишуваат безобразни пораки и со тоа многу ги вознемируваат на форумот!Овие теми од тие причини треба да бидат отворени за да таквите болни членови бидат пријавени и елиминирани еднаш засекогаш!
Случајно отворив статија на Фемина за Маја Ангелоу, и искрено се запрепастив од преводот. Очигледно долго време немам прочитано нешто од тој тип на статија, па ме мавна дамла. Откако разлистав сега, шта речи, па немам коментар. Најдете си стручен преведувач, или ако веќе имате, сменете си го, затоа што преводите не личат на ништо. Ако ништо друго, барем едно препрочитување пред објава и ќе увидите каде има грешки, македонскиот јазик дефинитивно не користи такви конструкции какви што се употребени во статиите.
Новите членови на Фемина, особено оние кои се зачленуваат само поради екстерното, да почнат да пишуваат на кирилица!!!!!
И јас дефинитивно се согласувам да се отвори темата "Банирани корисници", се со цел еднаш и засекогаш да се среди ситуацијата, не само со троловите, туку и ониe што по 500 профили имаат.
Се мисли на никовите со коишто се зачленуваат на форумот,некои понормални да бидат,а не Gragjansko,Angliski и други такви имиња на училишни предмети!
Остави друго, па и професорките се зачлениле. Уште ова ни фалеше. П.С- Предлог. Оние што не се зачленени на форумов да не може да ги гледат spoler-ите. Т.е да не им ги отвара, па не е фер!
Мој предлог-новозачленетите членови да не можаат да отвараат теми ако барем немаат 50 мислења т.е бело цветче ..Оти вака за се шо му треба прават профили и одма отвараат нови теми кои веќе постојат и пишуваат на латиница
Не треба да се преместува, не би било фер сите одговори што ги има во темата само ние членовите да може да ги гледаме.Најдобро е тие што ги имаат одговорите да ги напишат да можат сите да ги видат. А мислењата на тие што нон-стоп прашуваат да им бидат избришани, значи само одговори да има во темата кои ќе им послужат на сите што бараат.