штрумфи не да се испукаат самите себеси,мислев како оние кои се пдскарале нешто со некој од форумот да отворат во таа тема и да решат што имаат,за да не се полнат другите теми со офтопици....
Мислиш да се повикаат на виртуелен двобој Незнам, мислам дека таквите работи си ги решаваат преку ЛП (скришно)
хахах не ми се верува баш,многу од нив пред сите се искажуваат се па може тоа да го направат во таква тема,баш како што рече виртуелен двобој-еве и наслов и најдовме...
Анасатсија мене таа идеја не ми изгледа убава, па целта не е тука да се “подскаруваме“ и да правиме “двобои“, “тробои“ , нема да биде пријатно за читање верувам, има форумџики кои можат многу лесно да се изнервираат, некои да се навредат и се може да се напише (а од тоа воопшто нема потреба, не ми е јасно како може да се замеруваш и да му судиш на некој што не го познаваш лично само му ги читаш мислењата.) и ќе се створи само негативна енергија. И се може да се реши преку ЛП и постои и Чет и место тие “подскараните“ да се повикуваат на двобој слободно можат да се викнат на Чет - дискусија или Чет-разговор како сакаш. И другите нека кажат што мислат, па нека се одлучи.
лукс јас дадов само идеја а не отворив тема,бев инспирирана од караниците на другите и да не се замарам да ги читам само предложив.не им е целта за карање а тоа го прават,па затоа предложив вакво нешто,нема проблем ако не се отвори.....
Нема проблем да има и ако се отвори, ама дискусијата ќе биде без везе и тогаш може да настане проблем Па темава е и за предлози, затоа треба да се испочитува и разгледа секој предлог и идеја за сајтот од повеќе гледни точки . А ако некои почнат да се караат би им препорачала помеѓу себе да се стават како непријатели и да не се читаат измеѓу, ем нема караници, ем нема читање измеѓу себе за да дојде до караница.
Сега видов дека имало и тема предлози за сајтот Сакам да предложам,ако може секако,да се отвори тема Фејсбук фрикови(не мора баш овој наслов) каде што ќе може да се постираат фејсбук слики,бидејќи има стварно мноооогу интересни слики за гледање.
Се извинувам ако претходно е поставено прашањево,ме интересира дали може да се направи четот да биде поинаков,нешто слично како на фб,да си бираме ние со кого да правиме муабет зошто вака е хаос само навреди паѓаат од некои корисници регистрирани само за тоа, а и да можеме да си одбереме повеќе луѓе да четуваме во исто време,ама ние да одбереме со кои(како на мсн што има,си одбираш повеќе луѓе и ги ставаш во конверзација)???
Ама привремено, не мора трајно да е, бидејќи ќе си прават нови профили или пак да читаат а да не можат да пишуваат.Или пак ако има опција како на покерот што е на ФБ да направиш mute на оние што не сакаш да ги читаш (така не ти се појавуваат нивните мислења).
Четот треба да биде ограничен со број на мислења, прво низ темиве да се покаже, ако е добар и не добие бан, изволте на чет. Вака се регистрираат само за четот, тропаат глупости, единствена тема е секс, навредуваат... четот е калакурница.
Темата ,,На два три реда муабет‘‘ беше далеку подобра од четот сега. Таму барем можат мислења да се бришат а на чет имаат цела слобода да пишуваат што сакат.
Може да се брише и на четот, ако има активен модератор во моментот. Ама треба да правиш refresh за да видиш дека е избришано
Ако некоја тема не треба да биде на форумов бришете ја. Глупаво ми е таа да стои тука иако на неа никој не пишува.
Размислував за тоа да се отвори тема во Љубов и секс пр.наречена „Искуства„ или нешто во тој стил па да си постира секој нешто што смета дека е корисно да биде тука,да нема дуплирање,триплирање на исти теми,а и некогаш и со одговорите се случува истото,само исти одговори даваме на исти проблеми,некој вака ќе си читне и ќе си најде одговор па нема да отвара нова тема.Што мислите?